fbpx

Само 20-ина минути ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ дневно се доволни за ПОДОЛГ ЖИВОТ!

tonus

Една од најчестите теми на нашиот блог е физичката активност, навика која можеби има најголем број корисни здравствени ефекти, покрај здравата исхрана. Редовно ја нагласуваме важноста од некаков тип на раздвижување, особено бидејќи денешницата подразбира огромни периоди на седење и недвижење – нешто што лесно се рефлектира и забележува преку сечие здравје. Веќе имаме зборувано дека за појава на здравствени придобивки од физичката активност не е потребно премногу издвоено слободно време. Напротив, науката редовно покажува и потврдува дека понекогаш и само 20-ина минути се доволни, а токму на оваа тема ќе зборуваме денес.

 

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/
  • Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  • Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  • Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  • Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  • Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. 

 

Колку слободно време ни е потребно за да го подобриме здравјето преку физичка активност?

Една нова студија вклучила околу 12.000 испитаници, на возраст од над 50 години. Одредени параметри биле земени предвид, како: телесна тежина, висината, полот, употреба на алкохол и цигари и општата здравствена состојба. Од вкупниот број на испитаници, околу половина седеле помалку од 10,5 часа на ден, додека останатата половина седеле повеќе од 10,5 часа. Целта на истражувањето било да се воочи поврзаноста меѓу времето на седење и степенот на физичка активност врз општото здравје и ризикот за смртност.  

Резултатите покажале дека оние кои се движеле или имале некаква физичка активност пократка од 22 минути во текот на денот, а притоа седеле над 12 часа – имале 38% повисок ризик за смртност, наспроти оние кои седеле само 8 часа. Студијата покажала дека само 22 минути дневно (или околу 2 и пол часа неделно) се доволни од некаков вид на физичка активност или раздвижување за да се намали ризикот од смртност кој доаѓа со седечкиот начин на живот. Секако, колку повеќе движење, толку подобро, па така периоди на движење над овие ќе бидат добредојдени и ќе влијаат уште подобро на целокупното здравје. 

Ефектите на движењето се бројни: подобра контрола на телесната тежина, подобра контрола на шеќерот, холестеролот, подобрено ментално здравје и расположение, подобра рамнотежа и стабилност и сл. Дополнително, студијата ја нагласува важноста од континуитет во раздвижувањето со цел одржување на подвижноста и кондицијата. Со секојдневно движење, телото и мускулите се одржуваат, а тоа го олеснува движењето кај повозрасните и го намалува ризикот од повреди и падови. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор