fbpx

Синдром на полицистични јајници и животниот стил

tonus

Промените во животниот стил се првиот и најважниот чекор во справувањето со Синдромот на полицистични јајници.   Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и физичката активност, помагаат во подобрување на отпорноста кон инсулинот и го намалуваат ризикот за долгорочните проблеми кои потекнуваат од овој синдром: нарушена толеранција на глукоза, дијабет тип 2 и срцева болест.   Дури и релативно мало намалување на телесната тежина (од 5 до 10% од телесната тежина) е докажано дека ги намалува нивоата на инсулин, ја подобрува менструалната функција, го намалува тестостеронот, ги подобрува симптомите на хирзутизам (влакнатост) и акни, а истовремено ја нормализира овулацијата и ја зголемува плодноста.   Покрај правилната исхрана, редовното вежбање и намалувањето на телесната тежина, други фактори од животниот стил исто така придонесуваат и се важни. Стрес, недоволно спиење и пушењето може да ја влошат отпорноста кон инсулинот и да го зголемат ризикот од развој на дијабет. Алкохолот и други хемиски супстанции од околината исто ја влошуваат состојбата.   Значителен дел од пристапот се природните суплементи кои ја подобруваат осетливоста кон инсулин и ги олеснуваат симптомите. На тој начин се влијае и врз една од главните последици на овој синдром – неплодноста.   Програмата за промени во животниот стил кај синдром на полицистични јајници на Д-р Митов е индивидуализиран план за менаџмент на животниот стил кој ги олеснува симптомите, ги намалува долгорочните ризици по здравјето и ја подобрува опшата состојба и здравјето.   За повеќе информации или за да закажете консултација, Ве молиме контактирајте не’ преку веб страницата или на 071588286 – Центар за интегративна и лајфстајл медицина.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор