fbpx

Често имаме ТАХИКАРДИЈА, а сме редовно ФИЗИЧКИ АКТИВНИ – дали треба да внимаваме?

tonus

Тахикардија е состојба која речиси секој ја има почувствувано во даден дел од животот. Забрзаното срцебиење може да се должи на разни фактори, но истото може да се јави и во случаен момент, без некое логично објаснување. Без разлика на причините, тахикардијата е состојба која бара потреба од внимателност. Особено лицата кои често имаат тахикардија, а притоа се и редовно физички активни, треба да внимаваат. Денес ќе зборуваме токму за ова – како лицата со тахикардија треба да пристапат кон физичката активност. 

 

Што претставува тахикардијата?

Тахикардија е медицинска состојба која се карактеризира со абнормално забрзан пулс, кој обично го надминува нормалниот опсег од 100 отчукувања во минута. Овој зголемен пулс потекнува од електричните импулсите (сигналите) на срцето, кој го регулираат времето и координацијата на неговите контракции. 

Тахикардијата може да се појави во различни форми, вклучувајќи атријална тахикардија, вентрикуларна тахикардија или суправентрикуларна тахикардија, секоја со различни основни механизми и потенцијални предизвикувачи.

"“Online”/

Додека повремените епизоди на тахикардија може да бидат безопасни, хроничните или тешки случаи може да доведат до компликации како што се срцеви палпитации, вртоглавица, отежнато дишење, болка во градите, а во посериозните случаи дури и до губење на свеста или срцев удар.

 

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

  • Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  • Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  • Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  • Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  • Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

 

Како да ја изведеме физичка активност доколку често имаме тахикардија?

За поединци склони кон чести епизоди на тахикардија, тренинзи и општо, физичката активност, бара соодветен, приспособен пристап со цел чување на кардиоваскуларното здравје и минимизирање на ризикот од влошување на тахикардијата. Како прво, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар или специјалист со цел да ги разберете и утврдите индивидуалните ограничувања и да добиете насоки за идно спортување, вежбање и сл. Вклучување на постепен период на загревање и ладење по физичката активност, може да помогне во олеснување на работата на срцето, намалувајќи ја веројатноста за ненадејни скокови во неговите отчукувања. Исто така, практикување на вежби со низок до умерен интензитет, како што се пешачење, пливање или возење велосипед, може да биде корисно бидејќи постои помала веројатност истите да предизвикаат тахикардија, во споредба со тренинзите со висок интензитет кои се генерално напорни за целото тело, но и за срцето. 

Следење, односно мониторирање на отчукувањата на срцето за време на вежбањето може да биде корисно и да им помогне на луѓето кои често имаат тахикардија да останат во безбеден опсег на отчукувања. Дополнително, правилната хидрираност и избегнувањето екстремни температури може да помогне во регулирањето на пулсот за време на физичката активност. Од клучно значење е да си го слушате телото и да препознавате знаци на прекумерен напор, како што се вртоглавица, болка во градите или срцеви палпитации и соодветно да ја прилагодите физичката активност. Доколку почувствувате дека некој тип на тренинг или активност го влошува ритамот на срцебиење и предизвикува повеќе тахикардии од вообичаено, најдобро е да ја прескокнете и да одберете активност која ќе ви одговара повеќе и нема да биде толку заморна за вас и вашето срце.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор