fbpx

6 причини зошто почесто треба да јадеме домашна храна заедно со семејството или блиските!

tonus

Модерниот начин на живот наметнува темпо кое ни остава сè помалку време што можеме да го посветиме на себе. Така, луѓето сè поретко готват во домашни услови и сè поретко ручаат или вечераат заедно.

Како пример, само 2% од луѓето во САД јаделе надвор од дома во почетокот на минатиот век, а во 2010 година, тој процент е над 50!
Во однос на јадењето заедно со семејството, бројките се уште позачудувачки – под 30% од семејствата во САД ручаат заедно повеќе од 2 пати неделно. 50% од оброците, Американците ги јадат сами.

Многу е евидентно дека модерниот човек јаде сам и надвор од дома, по рестораните или ,,брзите” кујни. За жал, како по правило, јадењето надвор од дома подразбира внесување на висококалорична, ненутритивна храна.

"“Online”/

 

[Поврзано: Што се тоа ПРАЗНИ КАЛОРИИ и зошто се опасни?]

Човекот е ,,роб” на навиките, треба да избереме дали тие ќе бидат здрави или нездрави

 

Колку и да сме зафатени, нашето однесување зависи од навиките кои сме ги креирале самите. Секако, не е лесно лошите навиките да ги замениме со нови, подобри за нас, но со доволно волја сè е можно.

 

Со добра организација на времето и стекнување здрави навики, секој може да има здрава исхрана и повеќе да готви. На пример, ако сте презафатени и вашата работа подразбира поголеми отсуства од дома, можете да си готвите здрави оброци ,,за носење”, за неколку денови однапред.

 

Дополнително, веќе не толку новата состојба со панедмијата на коронавирусот, на мнозинството луѓе им овозможи многу подолго од вообичаено да бидат дома. Секако, во природата на човекот е постојано да се движи и да прави нови работи, што сега е значително отежнато, но постојат и некои позитивни страни од целата оваа ситуација, како на пример: повеќе време за готвење во кујната и учење за здравата храна.

 

Во продолжение, 6 главни причини зошто е добро да направите навика за почесто јадење дома и тоа почесто јадење заедно со блиските, секогаш кога е тоа можно.

 

 

  1. Како по правило, јадењето надвор од дома е многу понездраво од домашните оброци

Иако во последно време постојат сè повеќе места на кои може да се јаде и здрава храна, сепак сè уште важи генералното правило: јадењето надвор од дома е нездраво.

 

Готовите оброци најчесто се богати со заситени маснотии, додадени шеќери и имаат огромна калориска вредност, а притоа многу малку хранливи материи. Дополнително, најчесто користените ужини надовор од дома се составени од препроцесирани продукти со празни калории.

 

Во домашни услови, ние ги бираме намирниците, начините на подготовка, но и големината на порциите.

[Поврзано: КОНЕЧНО – Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите материи, а кој не?]

Постојат научни податоци што велат дека децата кои генерално се хранат дома, имаат помал ризик од гојазност.

Едно истражување од John Hopkins центарот за јавно здравје, вели дека готвењето дома е веројатно клучната ,,состојка” за практикување  на здрава исхрана.

  1. Јадењето заедно има важна поврзувачка улога

 

Веројатно исто толку значаен корисен ефект од почестото јадење дома претставува и социјалната димензија.

 

Заедничките ручеци го зближуваат семејството, но и општо, луѓето.

Всушност, првите групирања на луѓето најверојатно биле поради заштита од предатори и обезбедување доволно храна.

Социјалната поврзаност, поттикната од заедничките оброци, создава чувство на припадност, а новите истражувања покажуваат дека заедничките оброци и готвењето дома, можат да нè направат посреќни, па дури и да ги намалат симптомите на депресијата и да поттикнат долговечност.

Чувството на припадност е значајно за сите, а особено за најмалите. Истражувањата велат дека младите кои доаѓаат од семејства што често јадат заедно, имаат помала склоност кон опијати, како алкохол, цигари, дроги итн.

 

[Поврзано: ОСУМТЕ ТАЈНИ на луѓето што живеат НАД 100 години!]

 

  1. Заштедувате пари и време

Храната достапна во рестораните, пекарите и сендвичарите секогаш е поскапа отколку нејзиниот ,,пандан” подготвен во домашни услови. За подготвување на домашните рецепти самите набавуваме намирници кои се евтини и можат да се користат повеќе пати.

 

Дополнително, јадењето дома ни заштедува и време.

 

 

  1. Подобро ја контролирате порцијата

Веќе рековме дека генерално важи правилото – надвор од дома се јадат оброци со празни калории. Но, постои уште еден, не помалку голем проблем – обемот на порциите.

 

Вообичаено, порциите што се служат по рестораните и ланците за брза храна се поголеми од нашите потреби, а неретко постои потреба да се изеде и последниот залак, нели, за да не се фрли, но и за да немаме чувство дека сме ги фрлиле парите.

[Поврзано: 7 совети како да ги намалите порциите без да останете гладни!]

 

  1. Ги учите децата, но и себеси за тоа што значи здрава храна

Поминувањето време во кујната, неминовно ќе направи повеќе да се интересирате за храната, прво за рецептите, а потоа и за сите намирници поединечно. Од каде се, кога се најдобри за користење, кои се нивните корисни дејства врз нашиот организам итн.

 

Вкучувањето на децата во готвењето на здравата храна и заедничките оброци, кај нив ќе создаде здрава навика, здрав однос со храната, но и свесност за тоа што значи добра храна и правилна исхрана.

 

Сите сме свесни дека навиките најдобро се градат од најмала возраст.

 

[Поврзано: Болести типични за возрасни, сега се јавуваат и кај деца! Единствен причина: ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ.]

 

  1. Можете да бидете посигурни во безбедноста на храната која ја јадете

 

Покрај подобрата нутритивност, заштедувањето на време и пари, полесното контролирање на порциите и позитивната социјална димензија на јадењето дома, постои уште една многу важна предност – можете да бидете посигурни во санитарната исправност на храната.

Самите ја контролирате хигиената во кујната, рокот на продуктите и внимавате храната да е оптимално термички обработена – неопходни услови за безбедна храна.

Секако, најголемиот дел од продавачите на готова храна ги почитуваат сите стандарди за безбедност, но секој најевеќе си верува себеси, зарем не?

 

[Поврзано: Како да избегнеме труења со храна? Што треба секој од нас да знае за безбедноста на храната?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор