fbpx

4 начини како водата ни помага да СЛАБЕЕМЕ!

tonus

Летните горештини секојдневно нè потсетуваат колку сме зависни од едноставната, безбојна и безмирисна  течност – водата

Не залудно честопати ја слушаме фразата ,,Водата значи живот!”.

Сите знаеме дека околу 60% од нашето тело е составено од вода и таа има своја улога речиси во секоја телесна функција. Колку подобро сте хидрирани, толку организмот поефикасно ги завршува своите ,,задачи” – од оние во однос на размислувањето, па сè до согорувањето на вишокот маснотии.

"“Online”/

 

[Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно вода?]

 

Во продолжение, многу повеќе токму околу пиењето вода и согорувањето на маснотии, односно процесот на слабеење.

 

Водата го поттикнува и помага процесот на слабеење!


Научните истражувања велат дека водата може да помогне при слабеењето на повеќе начини, како на пример: супресирање на апетитот, забрзување на метаболизмот, олеснување на вежбите, нивна поголема ефикасност итн. Секој од овие фактори си има своја значајна улога во процесот на слабеење.

 

Како и да е, многу е значајно да се каже дека намалувањето на килограмите е комплексен процес кој зависи од бројни фактори. Само еден важен дел е исхраната, односно храната и пијалоците. Не постојат магични намирници што ќе нè ослободат од килограмите, туку збир на здрави продукти кои ако правилно се дозираат и комбинираат, ќе имаме успешен процес на слабеење.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правиме?]

 

4 начини според кои водата ни помага да слабееме

 

  • Водата е природен намалувач на апетитот

Телото не ја користи водата како извор на енергија, па таа има точно 0 калории. На овој начин, водата не допринесува кон калорискиот суфицит, односно неопходниот предуслов за зголемување на телесната тежина.

Кога ќе почувствувате глад, првиот импулс е наоѓањето храна. Но, според истражувањата, тој ,,глад” во повеќе од половината случаи е во суштина жед.

 

Значи, жедот што е причина за лесна дехидратација, многу често од нашиот мозок може да биде протолкуван како глад. Така, пиејќи вода, можеме значително да делуваме на намалувањето на апетитот.

 

[Поврзано: Што најдобро ја гаси жедта – вода или сокови?]

 

Дополнително на тоа, водата поттикнува заситување и преку поттикнувањето на чувство на полн стомак, што праќа сигнал до мозокот за заситеност.

 

[Поврзано: Кој е тој хормон на СИТОСТА и зошто е толку важен?]

 

Постојат податоци според кои пиењето вода непосредно пред оброкот, може да помогне за помал внес на храна. Едно истражување од 2016-тата година, вели дека луѓето што пијат две чаши вода пред оброкот, внесуваат 22% помалку калории, од оние што не го прават тоа. Околу 2 чаши вода е мерката што се смета дека може да му ,,сигнализира” заситеност на мозокот.

 

Но, ни остана да споменеме уште еден, можеби и клучен начин според кој водата може силно да придонесе кон слабеењето – намалената потреба за газирани пијалаци и различни други засладени и незасладени калорични сокови. Која е и колкава е опасноста од навиката за пиење сокови, прочитајте во една од нашите претходни статии, со кликнување тука.

 

[Поврзано: Горката вистина за благите сокови!]

 

Едно истражување покажува дека жените со прекумерна телесна тежина што ги замениле слатките пијалаци со вода, имале далеку поуспешен процес на слабеење. Истото не е утврдено во целост за лицата што пиеле други пијалаци со засладувачи без калории.

 

[Поврзано: 10 најчести адитиви присутни во секојдневните намирници]

 

  • Пиењето вода го забрзува метаболизмот

Постојат податоци што велат дека пиењето вода го стимулира нашиот метаболизам и трошењето енергија, помагајќи го на тој начин слабеењето.

Едно истражување од 2013-та година ни дава интересни податоци. Имено, 50 девојки со вишок килограми, во рок од 8 недели пиеле по 2 чаши вода пред секој од 3-те оброци во денот. Резултатите на крајот покажале губење на телесната тежина, но и подобра телесна композиција, односно пропорција маснотии:мускул.

 

Објаснувањето на овие процеси веројатно лежи во тоа што водата ја стимулира термогенезата или создавањето топлинска енергија во телото, особено кога тоа е изладено. Организмот треба да троши енергија за да ја загрее внесената течност до телесната температура, а што повеќе енергија се троши, тоа ни е побрз метаболизмот (процесите преку кои, меѓуостанатото, телото ја конвертира храната во енергија).

 

  • Водата е есенцијална при физичката активност

Здравото слабеење практично е невозможно без навика за редовна физичка активност.

 

Водата е есенцијална за организмот при вежбањето: Таа ги растворува електролитите, односно минералите, како натриум, калиум и магнезиум и ги дистрибуира низ телото. Овие минерали ги поттикнуваат мускулни контракции, неопходни за било какво движење.

 

[Поврзано: 6 лесни совети за ЕЛЕКТРОЛИТЕН БАЛАНС!]

 

Електролитниот дисбаланс може да води кон грчеви и многу други проблеми поврзани со вежбањето, но и општото здравје. Повеќе на оваа тема, прочитајте во нашите претходни статии.

 

Кога мускулните клетки се дехидрирани, тие почнуваат да ги разградуваат протеините (во суштина мускул) многу побрзо, а мускулното ткиво се гради доста поспоро, па вежбањето е помалку ефективно и ефикасно.

 

Дополнително, телото многу побрзо губи течности во текот на вежбањето, бидејќи создава топлина распределена по површината на телото, а потта е задолжена за нејзино неутрализирање, односно ладење.

 

[Поврзано: Дали повеќе потење значи повеќе слабеење?]

 

Доволното хидрирање овозможува соодветно одржување на волуменот на крвта, што го оптимизира ширењето на крвните садови на површината на кожата. Ваквата ситуација обезбедува поефикасно ослободување на создадената топлина.

 

На крајот, доволното пиење вода е многу значајно и за одржувањето на енергетските нивоа, во текот на самото вежбање, но и во однос на еланот за вежбање. Пиењето вода е од голема помош во борбата со хроничниот замор.

 

[Поврзано: Вежбање на повисоки температури – безбедно и правилно]

 

  • Телото има потреба од вода во процесот на ,,согорување” маснотии

 

Зголемениот внес на вода ја зголемува липолизата, односно процесот во кој организмот ги согорува маснотиите за добивање енергија. Ова се вели во еден труд (базиран на повеќе претходно спроведени анимални студии), објавен во 2016-тата година во Frontiers in Nutrition.

Истражувачите велат дека не се сигурни за механизмот според кој ова е можно, но дури и полесните типови на дехидрираност, ја намалуваат липолизата, што може да биде резултат на одредени хормонски промени.


Корисни совети како подобро да хидрираме и да си ја направиме водата поприфатлива

 

  • Не чекајте да бидете жедни за да пиете вода – кога сте жедни, веќе сте дехидрирани до одреден степен. Затоа направете си навика за пиење вода во одредени делови од денот, најдобар избор е постојано покрај себе да имате шише со вода, особено во летниот период.
  • Урината е добар индикатор за дехидрираност – што е потемна, тоа значи дека имате поголем недостаток од вода. Повеќе на оваа тема прочитајте тука.
  • Јадете повеќе свежа храна – свежата храна најчесто е со над 90% содржина на вода.
  • Внимавајте на внесот на кофеински пијалаци и алкохол – тие се т.н. диуретици, односно придонесуваат за поинтензивно губење на течностите од телото. Доколку имате редовна навика за пиење кафе, зголемете го внесот и на вода.
  • Внимавајте на внесените количества вода преку одредени апликации – особено погодно за помладите
  • Намалете го внесот на високо-протеинска храна (животинска) – оваа храна ,,троши” повеќе вода од организмот.
  • Доколку навистина не ви оди со пиењето вода, обидете се во неа да додадете и лимон – може и некои други билки, кои ќе ви ја направат водата попријатна и освежителна за консумирање.

Teшко дека може да се одреди точното количество на вода која треба да биде консумирана во еден ден, генерално за сите луѓе. Тоа зависи од многу фактори, како: самата индивидуа, тежината, климата, физичката активност и многу други.

Сепак, според повеќето релевантни институции кои се занимаваат со исхраната, најмалото количество вода кое треба да го консумираат мажите е најмалку 2 литри на ден, додека жените нешто помалку од тоа. Овде не е вклучена и водата од другите намирници, во кои скоро редовно е присутна.

Повозрасните лица и децата се во поголем ризик од дехидратација. Исто така, под зголемен ризик се и луѓето кои живеат во многу топли и влажни климатски услови и оние кои се потат повеќе од вообичаено. Затоа, споменатите групи на луѓе треба да бидат особено внимателни.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор