fbpx

Интересен РЕЦЕПТ за MEДИТЕРАНСКА паста со МИСИРКИНО месо и БРОКУЛА!

tonus

Мисиркиното месо ќе ви овозможи внес на повеќе квалитетни протеини (добар извор на сите есенцијални аминокиселини), без притоа да внесете многу маснотии, особено не заситени масти.

Подетално за предностите на мисиркиното месо пред останатите типови месо, прочитајте во една од нашите претходни статии – линк: Зошто мисиркиното е веројатно најздравото месо?

Извонредна хранливост

Иако мисиркиното месо не е толку популарно во нашата средина, тоа може да се најде низ маркетите во најразлични облици, како смрзнато или свежо. Доста често овој тип на месо се користи и за подготвување на готови сендивичи, салати итн. Токму на овие процесирани продукти треба да се внимава, бидејќи тие не можат да се сметаат за здрава храна само поради присуството на мисиркино месо. Во нив најчесто се содржат додадени маснотии и многу сол, а неретко и нездрави конзерванси.

"“Online”/

Ако воопшто немате навика за користење на ова месо, а често во исхраната користите месни производи, најдобро е да почнете да го користите намето црвеното месо.

Особено е значајно конзервираните месни продукти да ги исклучите комплетно од исхраната (разни паштети, виршли, колбаси итн.). Ова не го вели било кој, туку релевантни светски здравствени институции.

Мисиркиното месо не само што има разновидна и силна нутритивност (видете нутритивна табела подолу), туку има и специфични, богати вкусови карактеристики.

Има мала концентрација на маснотии и заситени маснотии и следствено – мала калориска вредност, особено ако се споредува со црвените меса, на пример. Од друга страна, мисиркиното месо е исклучително добар извор на квалитетни протеини, но и други микронутриенти, како селен, фосфор, рибофлавин и други витамини од Б групата, потоа железо, цинк, калиум итн.

Брокулата – исклучително нутритивна со сосем малку калории

Една од најголемите предности на брокулата се состои во нејзиниот нутритивен состав. Таа е составена од широк спектар на витамини, минерали, растителни влакна и биоактивни компоненти:

Bо 91g свежа брокула се содржат:

  • 31 калорија
  • јаглехидрати 6g
  • протеини 2,6g
  • масти 0,3g

Микронутриенти во истата количина:

  • витамин C 135% од Дневниот Препорачан Внес
  • витамин А 11% од ДПВ
  • витамин К 116% од ДПВ
  • витамин B9 14% од ДПВ

Очигледно е дека брокулата е исклучително ниско калорична, а е притоа нутритивна. Инаку, таа може да се консумира свежа или обработена, а и двата начина на подготовка се здрави, но обезбедуваат различни хранливи профили. Различните начини да обработка на брокулата, како што се варење, пржење, варење на пареа, подготовка во микробранова печка, го менуваат составот на хранливите материи. Ова особено ја намалува содржината на витаминот C, како и на протеините кои можат да се растворат во вода. Истото важи и за шеќерите. Но, во секој случај, свежата или приготвена брокула, претставува богат извор на витаминот C. Во само 80g варена брокула има 84% од дневниот препорачан внес на витамин C.

[Поврзано: Пастата е здрава храна – Проверете дали ја јадете правилно!]

 

Паста со брокула и мисиркино месо!

Потребни состојки:

  •       150g несварени, интегрални тестенини
  •       Малку маслиново масло
  •       150g мисиркино месо
  •       1 мала главица кромид, исецкана ситно
  •       2 чешниња лук, ситно исецкани
  •       Малку суво оригано, сол и мелен црн бибер, мелен црвен пипер
  •       300g брокула (може и смрзната, но претходно оставена добро да се одмрзне
  •       1/3 конзерва цели парчиња домати
  •       Малку свеж магдонос
  •       Малку рендан пармезан, по желба

Начин на подготовка

  1. Додека ги варите тестенините (ал денте), испечете го месото, а потоа исечкајте го на ситни парченца.
  2. Во големо тавче, загрејте малку маслиново масло, а потоа додајте го кромидот и динстајте го околу 2 минути. Потоа додајте го лукот, а додајте и малку оригано и мелен црвен пипер. Посолете и додајте бибер.
  3. Потоа додајте ја брокулата и гответе дополнителни 4-5 минути, редовно мешајќи. Додајте го и доматот од конзерва и зачинете и посолете по желба. Гответе околу 5 минути.
  4. Кон ова, додајте ја зготвената паста и месото.  Кон тавчето додајте и малку исецкан свеж магдонос и малку рендан пармезан. Промешајте и гответе додека не испари дел од присутната течност.
  5. Послужете со дополнително количество рендан пармезан.

– Овој рецепт прави до 2 порции.

 

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
1000 150g (13g фибер)69g20g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата (пред се’ витамин Б6, Б12, Б9 и Б3), витамините Е и К, потоа селен, цинк, железо, калиум, бакар.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор