fbpx

Редовната физичка активност – еден од НАЈДОБРИТЕ начини да го подобриме КАРДИОВАСКУЛАРНОТО ЗДРАВЈЕ!

tonus

Срцевите (кардиоваскуларни) заболувања се едни од најчестите заболувања на денешницата. Тие се меѓу првите по бројот на смртни случаи, секоја година. Ова се должи на повеќе различни фактори, некои врз кои немаме никаква контрола – генетиката, фамилијарната историја и предиспозиции и сл. Но, огромен дел од вината лежи и во луѓето, односно во нивните секојдневни навики, кои иако делуваат безопасно, може да бидат особено штетни. Тука ги вбројуваме несоодветната исхрана, неквалитетниот сон, преголемата изложеност кон стрес и особено ќе ја издвоиме – физичката неактивност. Како ризик фактор, физичката неактивност е од особена важност кога зборуваме за кардиоваскуларното здравје. Токму поради тоа, денес ќе го погледнеме позитивниот и значаен ефект кој може да го има редовната физичка активност врз здравјето на нашето срце.

Кардиоваскуларните заболувања – реален и чест проблем на денешницата

Во САД статистиката вели дека на секои 36 секунди, еден човек умира од срцево заболување. Тоа се околу 655,000 луѓе годишно, односно 25% од вкупните смртни случаи во САД. Во светски рамки, зачестеноста на кардиоваскуларните заболувања речиси се дуплирала од 1990 до 2019 година. Смртноста исто така пораснала од 12 милиони смртни случаи во 1990 до 18 милиони во 2019. Ваквите алармантни и шокантни бројки чисто укажуваат на фактот дека срцевите заболувања се сериозен и значаен проблем на денешницата. Начинот на живеење е главен фактор кога станува збор за овие состојби. Целта е да се обидеме воопшто да не дојде до овие здравствени проблеми, а не само да ги третираме кога ќе се јават, без никакви дополнителни промени во животните навики. Едно нешто што може сите луѓе почесто да го практикуваат, а е клучно за здравјето на срцето, е редовната физичка активност.

Како би се подобрило кардиоваскуларното здравје доколку редовно се практикува физичката активност?

Срцето е всушност мускул и како сите останати мускули во телото, тоа станува посилно и поефикасно со редовно вежбање. При било која физичка активност, а особено при онаа со поголем интензитет, мускулите во телото помагаат при циркулацијата на крвта во телото. Имено, редовното вежбање ја подобрува способноста на мускулите да го искористуваат кислородот од крвта. На овој начин се ослободува дел од товарот на срцето да пумпа повеќе крв до мускулите, односно неговата работа делумно се олеснува.

"“Online”/

За време на вежбањето, контракциите на срцето се забрзуваат, а со тоа и се зголемува самата циркулација. Со текот на времето, потребата од крв до мускулите се зголемува, па телото за да ги следи ваквите потреби, го забрзува срцебиењето, но и ја зголемува силата со која мускулот на срцето ја врши контракцијата. На тој начин – преку побрз пулс и посилни контракции, срцето ја задоволува зголемената потреба од кислород и крв. Ова го зајакнува мускулот на срцето и постепено ја подобрува неговата функција.

Кои се бенефитите од вежбањето за здравјето на срцето?

Редовното практикување на физички активности дава долгорочни здравствени придобивки. Во контекст на здравјето на срцето тоа се:

  • Намален пулс при мирување
  • Намален и регулиран крвен притисок
  • Намален ризик од појава на одредени срцеви заболувања
  • Регулација на нивоата на холестерол во крвта – зголемување на „добриот“ HDL холестерол, а намалување на LDL холестеролот

Покрај тоа, вежбањето може да ја подобри општата кондиција и физичка подготвеност, да го подобри здравјето на белите дробови и да ја регулира телесната тежина. Сите овие фактори може да имаат позитивно влијание во превенција на разни срцеви заболувања.

Дали возраста треба да ја попречи физичката активност?

Проценките се дека луѓето над 65 години, во просек, поминуваат 10+ часа во денот, во седечка или легната положба. Ваквата неактивност има значаен ефект врз нивното здравје. Ризикот од пад, срцеви заболувања и предвремена смрт се зголемува поради ваквиот начин на живот.

Со самото стареење, евидентно е дека телото мора да се раздвижува доколку сакаме квалитетен  живот. Најобичните секојдневни активности, како прошетки, пазарење или дружење со пријателите може да бидат отежнати или спречени поради недоволната активност. Можно е да се јават болки во делови од телото што претходно не ни претставувале проблем.

Истражувањата се неоспорни и навистина бројни се придобивките од физичката активност, како за старите лица, така и за сета останата популација.

Колку често треба да практикуваме некаква физичка активност?

Како најдобра комбинација од вежби за оптимално срцево здравје се смета комбинацијата од аеробични (трчање, џогирање, пливање, возење велосипед) и вежби со тежина. Никогаш и за никого не е доцна да започне со било какво раздвижување. Пешачењето е еден од наједоставните примери за активност која е блага и нежна кон телото и речиси сите може да ја практикуваат. Како добар почеток се смета пешачење од 30 минути, 5 пати во неделата. Со редовна физичка активност, срцето станува поефикасно и посилно, а тоа може лесно да се забележи преку пулсот. На пример, доколку побавно пешачење го покачувало пулсот до 120, со текот на времето, истото темпо на пешачење може да го покачи пулсот само до 100 срцебиења во минута. Тоа значи дека срцето работи поефикасно, односно дека сме ја подобриле неговата функција.

Секако, вежбањето треба да е со доза на умереност и знаците кои ги дава телото секогаш треба да се почитуваат. Уморот е позитивна последица од вежбањето, но дозволете му на телото да одмори бидејќи и одморот е клучен дел од процесот на вежбање.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор