fbpx

Како КОРТИЗОЛОТ влијае на СПИЕЊЕТО и како ПРИРОДНО да го намалиме?

tonus

Секојдневието и проблемите кои доаѓаат со него можат многу лесно да го нарушат квалитетот на спиење. Речиси секој има изложеност на стрес, кој пак се одразува преку секојдневното функционирање, а еден аспект е секако и спиењето. Причините поради кои стресот делува на нашата благосостојба се многубројни, но денес поконкретно ќе се задржиме на начинот на кој стрес хормонот кортизол делува на квалитетот на спиењето.

 

Како влијае стресот врз спиењето?

Стресот, без разлика дали е моментален или хроничен, влијае значително врз квалитетот на спиењето.  Се смета дека стресот влијае врз „внатрешниот часовник“ и го нарушува циклусот на спиење. Поради тоа, периодот од денот кога треба веќе да се чувствуваме поспано е нарушен, па така заспивањето е отежнато. Дополнително, фазите на спиење (особено РЕМ фазата) исто така имаат намалено времетраење и квалитет.

Најчесто стресот се асоцира и со прекумерно размислување, грижи и анксиозност. Овие фактори значително го отежнуваат заспивањето, но и самиот квалитет на спиење, а резултатите се недоволен и неквалитетен сон, па некогаш дури и несоница. Интересно е што недостатокот од сон самото тело го доживува како своевиден стрес, па така се засилува и активира одговорот на телото, односно создавањето на стрес хормонот кортизол, што пак дополнително го нагласува и влошува ваквкиот циклус. Со други зборови, стресот го попречува спиењето, а недоволното спиење го зголемува стресот.

"“Online”/

Од друга страна, квалитетниот сон може исклучително позитивно да делува врз стресот и нивото на кортизол. Но, за да имаме квалитетен сон, прво мора да се ослободиме од стресот и мислите, а тоа може да го постигнеме на повеќе начини:

  • Избегнувајте ги целосно или обидете се да ги намалите изворите на стрес
  • Практикувајте здрава и балансирана исхрана
  • Бидете редовно физички активни
  • Побарајте поддршка од најблиските
  • Уживајте во своето слободно време и искористете го за релаксација
  • Побарајте помош од стручно лице

 

Каква улога има кортизолот во квалитетот на спиење?

Кортизолот, кој често се нарекува „хормон на стрес“, игра клучна улога во регулирањето на различните физиолошки процеси во телото, вклучувајќи го и спиењето. Неговата секреција ги следи дневните ритами, а неговите највисоки нивоа се во раните утрински часови, со цел да се иницира будењето, а потоа неговите нивоа постепено се намалуваат во текот на денот, бидејќи така се зголемува потребата од спиење со пристигнување на ноќта.

Сепак, зголемените нивоа на стрес или присуството на т.н хроничен стрес може да го нарушат овој природен циклус на кортизолот, што пак доведува до нарушување и на регулацијата на циклусот на спиење. Зголеменото ниво на кортизол може да го попречи производството на мелатонин, хормонот одговорен за поттикнување на поспаноста, а на тој начин всушност се одложува заспивањето и се намалува севкупниот квалитет на сонот. 

Покрај тоа, кортизолот може да ја зголеми и влоши будноста и вознемиреноста, со што го отежнува опуштањето и заспивањето. Долготрајната изложеност на покачени нивоа на кортизол поради хроничен стрес може да придонесат за развој на несоница и други нарушувања на спиењето. Од друга страна, нарушените навики за спиење може пак да го зголемат нивото на кортизол, создавајќи взаемно зависен циклус. Ова би значело дека управувањето и менаџирањето со стресот може да помогне во регулирањето на нивото на кортизол, а со тоа и да го подобри квалитетот на сонот.

Ашвагандата е најпознатата и користена „адаптогена билка“, која природно му помага на организмот да се справи со стресот. За да прочитате повеќе околу нејзините ефекти, кликнете тука!

 

[Поврзано: Како ПРИРОДНО да се справиме со СТРЕСОТ?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор