fbpx

Кои се најчестите СИМПТОМИ на АЛЕРГИЈА кон одредена ХРАНА?

tonus

Голем дел од популацијата има проблеми со одредена храна, односно намирници. Често луѓето се жалат на послаба и отежнета дигестија кон одредена храна, болки во желудникот или надуеност и сл. Ова може да биде знак на алергија кон таквата храна, па затоа во оваа денешна статија ќе зборуваме накратко за алергиите кон одредени намирници, зошто истите се појавуваат и кои се најчестите симптоми

 

Зошто се јавуваат алергиите кон одредена храна?

Алергијата кон некоја храна е всушност имун одговор на нашето тело кон одредени протеини од таа храна. Доколку сме алергични, нашето тело, односно имун систем се активира и започнува еден вид на „одбрана“ кон конкретни протеини од тој тип на храна. Доколку имуниот систем не е вклучен во ваквиот одговор, туку само имаме дигестивни потешкотии при јадењето на одредена храна, тогаш тоа го класифицираме како интолеранција. Алергиите се далеку поопасни и може да предизвикаат низа на компликации. Како пример може да го земеме млекото. При пиење на кравјо млеко, одредена индивидуа може да има алергија кон протеините во млекото, а може да се јави и интолеранција кон шеќерот лактоза. Едноставно кажано, интолеранциите не поттикнуваат имун одговор, додека алергиите го активираат имуниот систем.  

Во тој имун одговор, се активираат разни антитела кој треба да ја „неутрализираат“ опасноста. Причините за појава на алергии се разни и зависни од многу фактори – генетика и фамилијарни предиспозиции, присуство на други алергии, возраст, астма итн. 

"“Online”/

Како најчести алергии на храна се сметаат:

  • Алергија кон кравјо млеко
  • Кон јајца
  • Соја 
  • Пченица 
  • Кикирики 
  • Јаткасти плодови
  • Риба и морски плодови

 

Кои се најчестите симптоми на алергија на храна?

Симптомите на алергија на храна може да варираат од умерени до силни и изразени, а во некои случаи и животно загрозувачки. Анафилактичка реакција е состојба каде доаѓа до нагласена и сериозна алергиска реакција, често наречена и анафилактичен шок, која може да заврши и фатално. 

За најчести симптоми на алергиска реакција кон одредена храна се сметаат:

  • Повраќање
  • Грчеви и болки во желудникот
  • Кашлање
  • Краток и плиток здив
  • Проблеми со голтањето
  • Отекување на јазикот
  • Отежнато зборување и дишење
  • Слаб пулс
  • Вртоглавица 

Ваквите симптоми, доколку е во прашање алергија, може да се јават 2 часа после јадењето, а најчесто започнуваат после неколку минути. Сепак, важно е да ги разграничиме алергиите од интолеранциите, а тоа ќе го направиме успешно преку едноставни алергиски тестови

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор