fbpx

Каков е ефектот на АШВАГАНДАТА кај лицата со ХАШИМОТО?

tonus

Нашиот производ ашваганда е присутен на пазарот речиси две години. Навистина оваа билка има интересни ефекти и нејзината популарност во светски рамки постојано расте, а сè повеќе се проучува нејзиното комплетно и комплексно дејство. Во оваа статија ќе се задржиме на можните позитивни ефекти кои ги има ашвагандата, поконкретно во поглед на Хашимото тироидитисот.

 

Ашвагандата е позната по својот „адаптоген“ ефект, но што тоа значи?

Супстанците со адаптогено својство или т.н „древни билки“, во кои спаѓа и ашвагандата, се користат ширум светот за нивното смирувачко и анти-стресно дејство. Покрај справувањето со стрес, тие може да помогнат и при анксиозност, замор и целокупно да ја подобрат нашата благосостојба. Се смета дека тие регулираат одредени реакции во телото со што му помагаат истото да се доближи до некоја форма на рамнотежа и смиреност. Во тој поглед, Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.

За некое растение да се смета за адаптогено, тоа мора да задоволни три различни критериуми:

"“Online”/
  • Да нема токсично дејство кога се користи во препишаните, точно утврдени дози
  • Да му помага на организмот подобро да се справува со стрес
  • Да му овозможи на телото да се врати во одредена рамнотежа (хомеостаза)

Ашвагандата е докажан и потврден адаптоген и како таква може да помогне при секојдневната изложеност на стрес и анксиозност. Секако, таа не е трајно решение и наша задача е да пронајдеме соодветен начин за справување со стресот, особено долгорочно.

Денес, адаптогените билки се користат како додаток на исхраната (суплементи), најчесто како екстракти во форма на капсули или прав.

[Поврзано: Како стресот влијае на плодноста кај мажите и жените?]

 

Може ли ашвагандата да помогне кај лицата со Хашимото?

Екстрактот од ашваганда можно е да има потенцијални ефекти и врз производството на тироидните хормони, особено кај лицата со Хашимото. Студиите кои го истражуваат влијанието на екстрактот од ашваганда врз функцијата на тироидната жлезда откриле ветувачки резултати. Ашвагандата содржи биоактивни соединенија како што се алкалоиди и витанолиди, за кои е откриено дека имаат адаптогени и анти-инфламаторни својства. Кај лицата со Хашимото, екстрактот од ашваганда покажал способност да ги модулира нивоата на тироидните хормони преку влијание на оската: хипоталамо-хипофиза-тироидна жлезда (ХПТ). 

Поточно, истражувањата сугерираат дека ашвагандата може да ја подобри конверзијата на тироксин (Т4) во тријодтиронин (Т3) преку нејзините ефекти врз ензимите вклучени во синтезата и метаболизмот на тироидните хормони, како што се тироидната пероксидаза (TPO) и дејодиназите. Дополнително, имуномодулаторните дејства на ашваганда може да помогнат во ублажувањето на воспалението предизвикано од автоимуниот одговор на телото. Со тоа може да се ублажи и намали штетниот ефект од самиот имун систем и всушнсот да се подобри функцијата на тироидната жлезда.

Сепак, иако прелиминарните студии и истражувања се охрабрувачки, потребни се уште понатамошни добро контролирани клинички испитувања за да се разјаснат прецизните механизми кои се во основата на ефектите на ашваганда врз функцијата на тироидната жлезда кај лицата со Хашимото тироидитис. Ќе биде потребно и да се одреди нејзината ефикасност и како дополнителна терапија заедно со веќе постоечките лекарства.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор