fbpx

Уште еден важен минерал за кој ретко се зборува – БАКАР

tonus

Секојдневно сите ние преку нашата исхрана внесуваме макро и микронутриенти. Макронутриентите или оние застапени во поголеми количини се состојат од добро познатите јаглехидрати, масти и протеини. Тие имаат повеќе функции за човековото тело, но првично тие не снабдуваат со енергија, односно калории.

Микронутриентите од друга страна, немаат калориска вредност, односно не пружаат енергија за организмот, но имаат исклучително важна и незаменлива функција во нашето тело. Без нив животните процесите кои протекуваат во телото постојано не би биле возможни, односно со други зборови, ние не би биле живи.

Во микронутриенти спаѓаат: витамините растворливи во вода (витаминот Ц и групата на витамини В), витамините растворливи во масти (А, Д, Е и К) и минералите кои се поделени како макроминерали (потребни во поголеми количества) и минерали во трагови.

"“Online”/

Токму во овие минерали во трагови спаѓа бакарот, како и железото, цинкот, манганот, флуор, селен, јод и кобалтот.

За дел од овие минерали имаме зборувано претходно, но денес ќе се задржиме на бакарот и ќе ги согледаме неговите многубројни функции во организмот, како и храната во која тој се содржи.

Кои се функциите на бакарот во човековото тело?

 

Бакарот се наоѓа во сите наши ткива и првенствено има улога во правењето на нови црвени крвна зрнца, во одржувањето на здрави нервни клетки, но и во функционирањето на имуниот систем. Тој исто така е вклучен во формирањето на колагенот во телото, како и апсорбцијата на железото.

За адолесценти и возрасни, препорачаниот дневен внес е околу 900 микрограми. За трудници и доилки, препораките се 1 – 1,3 милиграми (1000-1300 микрограми).

Дефицитот на бакар е редок кај луѓето, но доколку се појави може да резултира со здравствени проблеми, особено зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Дел од симптомите кои може да посочуваат кон дефицит на овој минерал се:

 

  • Анемичност
  • Ниска телесна температура
  • Низок број на леукоцити
  • Аритмија (неритмично срцебиење)
  • Проблеми со тироидната жлезда

 

 

Кои се функциите на бакарот во нашиот организам?

 

  1. Кардиоваскуларното здравје

 

Некои студии покажале дека ниски нивоа на бакар доведуваат до покачен холестерол и крвен притисок. Одредени истражувања покажале дека внес на бакарот како суплемент, покажал позитивно влијание врз овие заболувања.

 

2. Нормална функција на имуниот систем

 

Дефицитот на бакар може да доведе до леукоцитопенија, односно намален број на леукоцити во крвта. Ова значи дека луѓето со ваков дефицит се посклони на разни инфекции и нивниот имун систем е ослабнат.

 

3. Создавање на колаген

 

Се смета дека бакарот има важна улога во одржувањето на нивоата колаген и еластин, кои се главни структурни компоненти – протеини во нашето тело. Има одредени истражувања што сугерираат дека бакарот има антиоксидативни својсва и неговиот внес во телото може да доведе до успорено стареење на нашата кожа.

 

Покрај овие функции, бакарот има:

 

  • Антивоспалителен ефект
  • Антиоксидативни својства
  • Улога врз одржувањето на здрави коски
  • Улога во одржувањето на здравјето на мозокот

 

Намирници кои се одличен извор на бакар

 

  • Шитаке печурки – исклучително богати со овој минерал, но и со останатите минерали како: селен, манган и цинк. Исто така тие ги содржат и витамините В1, В5 и В6.
  • Јаткасти плодови и семиња – се смета дека 28g бадеми задоволуваат 33% од препорачаниот дневен внес за бакар, додека истото количество на индиски ореви – дури 67%. Сусамот исто така се смета за добар извор на бакар и само 9g на ова семе задоволува 44% од дневниот внес за бакар.
  • Зелени лиснати зеленчуци – особено спанаќот, го содржи бакарот во значителни количества.

  • Темното чоколадо – особено она кое содржи повеќе какао маса, се смета како одличен извор на антиоксиданти, влакна и минерали. Само 50g на темно чоколадо се доволни за задоволување на дневните потреби од бакар, а покрај тоа внесуваме и 5g растителни влакна и значителни количества на манган и железо.
  • Овес – оваа популарна житарка, често практикувана како состојка на појадоци или вечери, е исто така добаризвор на бакар.

 

Исхрана пред суплементација

 

Бакарот е неопходен минереал во трагови и најчесто како што веќе споменавме, дефицитот на бакар е редок меѓу популацијата. Сепак, неговото значење не треба да се потцени, бидејќи има многубројни клучни функции во нашиот организам. Бакарот се среќава и како суплемент, но препорачливо е неговиот внес да се обидеме да го постигнеме со исхраната. Потребата од внес на бакар преку суплементи е исто така ретка. Како и со сите минерали и витамини, разноликата исхрана ќе ни ги обезбеди дневните потреби и на тој начин не постои ризик од можен дефицит на истите.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор