fbpx

Високо-протеинската храна ги оптеретува БУБРЕЗИТЕ! Најдобар избор е РАСТИТЕЛНАТА ХРАНА!

tonus

Сите хронични заболувања, како дијабет, кардиоваскуларни нарушувања, малигни болести, артритис итн., за жал се во постојан раст во светски рамки. Во огромна мера ова се должи на лошиот животен стил или начинот на живот – пред сe’ начинот на исхрана и намалениот обем на физичка активност.

Денес ќе зборуваме за уште едно хронично заболување кое можеби не е толку ,,популаризирано”, а сепак се шири со голема брзина помеѓу популацијата и претставува проблем за огромен број луѓе – хронични нарушувања на бубрезите. Само минатата година во Македонија се регистрирани над 450 нови лица со некаков вид на хронична бубрежна инсуфициенција

Хронична бубрежна болест (ХББ) и начин на живот

ХББ претставува заболување кое настанува како последица на постепено, прогресивно и иреверзибилно намален капацитет на гломеруларна филтрација на бубрезите. Последицата е задржување на уремичните токсини (уреа, креатинин, мочна киселина, фенол, индол).

"“Online”/

ХББ најчесто се јавува како компликација на нарушената гликемија и покачениот крвен притисок. Овие две нарушувања се причината дури за 60 проценти од случаите на ХББ. Овој факт покажува колку начинот на живеење е поврзан со бубрежните заболувања.

Во продолжение повеќе на тема како подиректно исхраната влијае на здравјето на овие наши значајни органи.

Најчесто без симптоми!

Фактот дека многу често почетните фази на ХББ се без симптоми, само ја компликува ситуацијата. Имено, лошите навики продолжуваат, а болеста се развива, многу често без можност за запирање.

Во оваа смисла превенцијата добива уште поголемо, исклучително значење.

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

ХББ и исхрана

Овој тип заболувања можат да бидат превенирани, но и третирани со исхрана на растителна база. 

Истражување од Харвард утврдува 3 значајни ризик-фактори за нарушување на бубрежната функција поврзани со исхраната: животниски протеини, маснотии и холестерол. Маснотиите од животинско потекло имаат потенцијал негативно да ја променат структурата на нашите бубрези.

Особено негативен ефект врз бубрезите има исхраната која изобилува со протеини. Taква е исхраната која секојдневно вклучува месо и месни продукти и останата храна со концентрирана содржина на протеини, како млечните продукти. Ваквата исхрана води кон хиперфилтрација односно до значително зголемен обем на работа на бубрезите. Внесувањето концентрирана протеинска храна, за само 2 до 3 часа значително го зголемува притисокот врз бубрезите.

Така, сосема логично е да се заклучи дека секојдневната исхрана од овој тип на долг рок ги оптеретува бубрезите и води кон нарушување на нивната функција.  

[Поврзано: 10 главни ОПАСНОСТИ од КЕТО диетата]

Растителните протеини не се проблем?

Според претходно споменатото истражување, ако наместо месо, истата количина протеини ја внесеме од растително потекло, негативниот ефект врз бубрезите се избегнува. Зошто?

[Поврзано: 10 совети за здрави БУБРЕЗИ]

Протеините од животинско потекло предизвикуваат инфламаторни реакции во бубрезите. Toa се докажало, бидејќи волонтерите што земале антиинфламаторни лекарства по консумирањето високо-протеинска храна, немале толку зголемен обем на работа на бубрезите.

Високо-протеинската исхрана од животинско потекло поттикнува формирање на киселина во бубрезите, што може да води до тубуларни оштетувања (оштетувања на малите, фрагилни и деликатни урино синтетизирачки тубули на бубрезите).

Растителна исхрана – прва линија на одбрана на бубрезите!

Исхраната базирана на растителна храна долги години се користи за третирање на бубрежните заболувања. Што е можеби и поважно, таа е прв избор за превенција од ваквите здравствени проблеми.

Значи, покрај добро познатиот пристап – помалку сол е подобро – исхраната базирана на растенија е клучна за позитивниот развој на состојбата кај веќе дијагностицираните пациенти со хронични бубрежни проблеми.

[Поврзано: Програма за здрав начин на живот]

Принципи на исхраната што ја препорачува Д-р Митов

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор