fbpx

Печурката која треба редовно да ја консумирате!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Буковката (науч. Pleurotus ostreatus) е јадлива, извонредно вкусна печурка која можеме да ја сретнеме во природата, но може и успешно да се одгледува. Во светот, оваа печурка е позната под името шумска острига (поради изгледот кој потсетува на школка). Оваа печурка расте на дрвјата и од нив извлекува многу здрави и хранливи материи кои и се потребни за раст и развој, а нам ни обезбедуваат низа на поволни влијанија.

Многу интересен факт за неа е тоа што освен дрвото, таа како храна може да користи и животинско месо, преку специјален механизам.

Благотворното дејство на буковката први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европејците почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век.

"“Online”/

Дополнително на ова, буковката има специфични вкусови карактеристики и текстура, кои одлично се вклопуваат во најразлични рецепти, од чорби до различни сосови итн.

Во продолжение, 5-те најважни, досега потврдени дејства на оваа печурка.

1) Може да помогне во намалување на нивоата на холестерол во крвта

Холестеролната молекула е липопротеин, односно комплекс од протеини и маснотии. Оваа молекула има есенцијално значење во човековиот организам (градбена единица за важни хормони, за жолчните киселини итн).

Сепак, телото самото си ги создава потребните количества холестерол, па дополнителниот холестерол кој доаѓа од исхраната често може да биде проблематичен. Преголемото количество може да предизвика негово насобирање во крвните садови, создавајќи масни депозити во нив, и на тој начин зголемувајќи го ризикот од најразлични кардиоваскуларни заболувања.

Според некои студии, буковката покажала дејство на намалување на холестеролот во крвта. Една анимална (на лабораториски глувци) студија, објавена во списанието Mycobiology, на пример, вели дека јадењето буковка го намалува нивото на холестерол во крвта за 37%, а додека нивото на триглицеридите, за дури 45%!

Сепак, потребни се повеќе студии на човечки испитаници, за потврдување на ваквото дејство.

2) Ја намалува хроничната инфламација

Хроничната инфламација или воспаление, за разлика од акутната, која ни е суштински потребна, при инфекции со микроорганизми, може да ни предивика најразлична штета по здравјето, односно хроничната инфламација го зголемува ризикот од повеќето хронични заболувања.

Јадењето буковка, според повеќе истражувања има антивоспалителен ефект. Според една студија објавена во Nutrition Journal, буковката значитело ги намалува т.н. воспалителни маркери. Ова води кон намалена хронична инфламација, општо.

Како што веќе кажавме, таа е ризик од повеќето хронични заболувања, што значи дека јадењето храна како печурките, може да помогне при превенција и намалување на симптомите на заболувањата кои се директно поврзани со воспаленија, како ревматидниот артрит и хронични воспаленија на цревата, на пример.

3) Буковката има и антиоксидативно дејство

Оваа печурка е богата со компоненти кои имаат антиоксидативно дејство. Сè повеќе студии го потврдуваат ова.

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн. Оксидативниот стрес од слободните радикали исто така може да предизвика и катаракта, макуларна деградација, Паркинсонова болест и многу други заболувања.

4) Нутритивно-густа храна која е погодна за слабеење

Високиот процент на вода, растителни влакна, протеини, но и ниската калориска вредност, ја прави буковката (но и повеќето печурки) нутритивно-густа храна, односно храна која е особено погодни при процесот на слабеење.

Значењето на растителните влакна за дигестивното здравје, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.
Исто така, преку врзувањето на водата, растителните влакна обезбедуваат продолжено чувство на ситост.

Дополнително, јадењето на храна со висок процент на протеини, овозможува супресирање на лачењето на хормонот грелин, или т.н хормон на гладта.

5) Буковката може да придонесе за здравјето на мозокот

Во последно време, сè повеќе истражувања ни покажуваат дека она што го јадеме, значајно влијае на здравјето на мозокот. Недостатокот од одредени витамини или минерали, може да води до зголемен ризик од некои болести, како што се деменција и невродегенеративни заболувања.

Буковката е богата со хранливи материи, потребни за здравјето на мозокот.

На пример, витаминот Б3, во клиничките студии покажал заштитно дејство во однос на Алцхајмеровото заболување и други когнитивни нарушувања кај повозрасните лица. Друг пример е витаминот Б2, кој исто така има своја важна улога во здравјето на нервниот систем итн.

Нутритивна вредност:


Во 86g буковка се содржат:

• само 37kcal
• 5,6g јаглехидрати
• 2,8g протеини
• 0,4g маснотии
• 2g растителни влакна
4,3mg витамин Б3 (21% од Дневно препорачаниот Внес)
• 0,3
mg витамин Б2 (18% од ДПВ)
• 1,1mg витамин Б5 (11% од ДПВ)
• 103mg фосфор (10% од ДПВ)
• 361mg калиум (10% од ДПВ)
• 0,2mg бакар (10% од ДПВ)
• 0,1mg витамин Б1 (7% од ДПВ)
• 23,2mg витамин Б9 (6% од ДПВ)
• 1,1mg железо (6% од ДПВ)
• 0,1mg манган (5% од ДПВ)
• 0,1mg витамин Б6 (5% од ДПВ)

Дополнително, буковката содржи и помали количества на магнезиум, цинк и селен.

Fibro Gel

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X