fbpx

ЦИГАРИТЕ го зголемуваат РИЗИКОТ за премин на ПРЕДИЈАБЕТОТ во ДИЈАБЕТ!

tonus

Предијабетот е еден вид на „жолт картон“ кој наговестува дека шеќерот не е во оптималните рамки и доколку не превземеме ништо, истиот може многу брзо да премине во дијабет. Кога ќе се утврди предијабетот, првите препораки се секогаш околу промени во начинот на живот – подобра исхрана, почесто движење и физичка активност, намалување на стресот, поздрави навики за спиење и секако, откажување на цигарите. Денес ќе зборуваме за ефектите кои пушењето ги има кај лицата со предијабет, односно како цигарите го зголемуваат ризикот за предијабет, но и за негова транзиција во дијабет.

 

Никотинот се наоѓа во петте најзависни супстанци во светот

Со пушењето на цигарата – никотинот директно и многу брзо стигнува до мозокот. Привремено ни дава чувство на зголемена енергија, но со ослабнување на тој ефект, се осеќаме уморно и имаме потреба од повеќе никотин. Тој екстремно лесно преминува во „навика“, односно прави зависност кај пушачот, па затоа на луѓето им е толку тешко со откажувањето. Според некои рангирања, никотинот е на третото место во светот како најзависна супстанца.

Кај нас, во Центарот за јавно здравје, постои одделение за помош при одвикнување од пушењето, но информираноста кај луѓето за ваквото одделение е нажалост мала. Но, зошто пушењето продолжува да е главниот здравствен проблем во државата? Тој е сериозен здравствен проблем бидејќи засега огромен број од популацијата, а неговите штетни последици по здравјето се докажано многубројни. Пушењето доведува до низа на сериозни здравствени проблеми. Во прилог ќе одвоиме само дел од нив.

"“Online”/

 

Како цигарите го зголемуваат ризикот за дијабет и зошто лицата со предијабет треба веднаш да ги откажат?

Пушењето претставува значителен ризик за лицата со предијабет, влошувајќи ја нивната веќе зголемена подложност за развој на дијабет тип 2. Научните докази покажуваат дека пушењето ја зголемува и влошува инсулинската резистенција, клучна карактеристика на предијабетот и дијабетот, која ги нарушува  метаболизмот на глукозата и другите механизми за сигнализација. Ова го прави инсулинот помалку ефективен, односно тој не успева да го премести шеќерот од крвта во клетките, па така доаѓа до зголемено ниво на глукоза во крвта.

Исто така, пушењето се асоцира и со системско, хронично воспаление и зголемен оксидативен стрес, фактои кои дополнително придонесуваат за инсулинска резистенција. Истражувањата покажуваат дека пушачите со предијабет имаат значително зголемен ризик од прогресија во дијабет тип 2, во споредба со непушачите со предијабет. 

Покрај тоа, пушењето ги влошува и кардиоваскуларните ризик фактори кои вообичаено се поврзуваат со предијабетот, како што се хипертензијата и дислипидемијата, со што се зголемува ризикот од кардиоваскуларни компликации. Впрочем, кардиоваскуларните заболувања влијаат негативно на предијабетот, но и предијабетот влијае негативно на кардиоваскуларното здравје. Ова опишува една меѓусебно зависна состојба каде мора сеопфатно да се делува, односно преку промена во начинот на живот да се намали ризикот од влошување на двете состојби заедно. Откажување на цигарите е еден значаен и приоритетен чекор кој ќе доведе до подобрување на овие две состојби, но и на низа на други здравствени параметри.

 

Никогаш не е доцна за откажување, а истото веднаш носи здравствени придобивки

За луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, откажувањето на цигарите може да доведе до низа на корисни бенефити:

  • Моменталните – актуни ефекти од пушењето се повлекуваат
  • Се подобрува функцијата на бубрезите кај луѓето кои страдаат од некакво бубрежно заболување, но и од дијабет
  • Се намалува ризикот од појава на рак на бубрезите
  • Се намалува ризикот и прогресијата на бројни други бубрежни заболувања

Покрај тоа:

  • По 20 минути од гасењето на цигарата, вашиот пулс и притисок се враќаат во нормала
  • По 12 часа, нивоата на јаглероден моноксид во крвта се нормализираат, овозможувајќи повеќе кислород да се пренесе до виталните органи и срцето
  • По 48 часа, храната е повкусна и сетилото за мирис се подобрува
  • По 72 часа, дишењето станува полесно и нивото на енергија е зголемено
  • По 2-12 недели се подобрува циркулацијата и кожата изгледа подобро и поздраво
  • По 1 година, ризикот за појава на инфаркт или мозочен удар е преполовен, а по 4 години непушење, ризикот за мозочен удар е еднаков како и на непушач.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор