fbpx

Рецепти со цвекло – препознатлива боја која значи здравје!

tonus

Колоритно, вкусно и здраво – цвеклото претставува една од најдобрите намирници за зимскиот период. Тоа е навистина достапно и евтино, а е одлично за подготовка на разни супи, свежи салати, па дури може да се додаде и кон готвени јадења. Има одличен нутритивен состав, а е исклучително ниско калорично, па за тоа во продолжение ќе издвоиме два брзи и едноставни рецепти кои можете да ги подготвите за вашиот следен оброк.

Цвекло – боја која значи здравје

Цвеклото е двегодишно растениe со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови и спаѓа во категоријата на најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Многу често се користи како туршија во зимскиот период. Ова растение изобилува со есенцијални хранливи материи како голем број на разни микронутриенти но и некои фитохемикалии кои нудат повеќе различни здравствени придобивки.

Цвеклото е ниско калорично, а од друга страна има висок процент на витамини и минерали. Практично, ги содржи речиси сите потребни витамини и минерали за човекот, секако во различни количества.

"“Online”/

100g приготвено цвекло има само 44kcal, а ни обезбедува и:

  • 10g jaглехидрати
  • 1,7g протеини
  • 0,2g маснотии
  • 2g растителни влакна
  • 6% од Дневниот Препорачан Внес за витамин Ц
  • 20% од ДПВ за витамин Б9
  • 16% од ДПВ за манган

Застапени се и други елементи во помали колични, но и неоргански нитрати и пигменти, кои имаат низа на корисни дејства по здравјето на човекот.

Цвеклото поради присутните нитрати може да има особено корисно дејство во поглед на крвните садови и кардиоваскуларното здравје. Некои спортисти дури го употребуваат сокот од цвекло за подобрување на нивниот перформанс.

 

Цвекло на медитерански начин

За овој рецепт потребни ви се околу 30 минути, а истиот е доволен за 3-4 порции.

Потребни намирници:

–       2 домати, исечени на поситни парчиња

–       2 чешниња лук, ситно исецкани

–       Малку свеж магдонос

–       Сол, бибер и сушено оригано

–       Малку балсамико оцет

–       Неколку маслинки

–       3-4 парчиња цвекло, тенко исечкани

–       Една мала главица кромид, ситно и тенко исецкана

–       Фета сирење (околу 100-150g)

–       2 моркови, исецкани на кругчиња

–       Маслиново масло

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200°C. Во големо тавче за печење ставете ги доматите, лукот, фета сирењето, цвеклото, кромидот и морковите. Фета сирењето нека биде централно позиционирано, а зеленчуците распоредете ги околу и врз него. Пропрскајте со малку маслиново масло.
  2. Покријте го тавчето со алуминиумска фолија и ставете го да се пече, околу 20 минути. Зготвениот зеленчук посолете го и зачинете го по желба. Пропрскајте со капка маслиново масло и додајте балсамико оцет по желба. Фино промешајте и сервирајте со малку свеж магдонос и свежи, исецкани маслинки.
  3. Послужете како прилог или како топла салата.

 

Салата од цвекло и наут

За подготовка на овој рецепт потребни ви се 15 минути, а истиот е доволен за околу 3-4 лица.

Потребни намирници:

  • 600g зготвено цвекло (сварено и исецкано на коцкички)
  • 1-2 млади кромидчиња, ситно исецкани
  • 1-2 моркови, исецкани на кругови
  • 200g фета сирење (може и ниско-маслена урда)
  • Околу 250g или една конзерва подготвен наут
  • Малку свеж магдонос

За преливот:

  • Малку маслиново масло
  • Неколку капки балсамико оцет
  • Малку сок од лимот
  • Сол и малку мелен црн бибер

Подготовка:

  1. Подготвеното цвекло ставете го во сад за салата заедно со младиот кромид, морковот и наутот.
  2. Кон зеленчуците додајте го преливот и фино промешајте. Врз нив потоа додајте го фета сирењето и магдоносот.
  3. Послужете како прилог на главното јадење или искористете ја салатата како одличен рецепт за вечера.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор