fbpx

4-ти МАРТ – Ден на обезноста – 1/3 од нашите деца се гојазни!

tonus

На 4-ти март секоја година го одбележуваме денот на обезноста. Научната јавност, но и здравствените институции заедно со сите засегнати и загрижени луѓе, на овој ден се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста околу различните аспекти од проблемот со обезноста. Станува збор за проблем кој е веројатно  најголемиот здравствен предизвик на модерното време.

Покрај здравствените проблеми што произлегуваат од обезноста, таа има низа свои негативни влијанија врз општеството. За почеток оптеретување на здравствениот систем, негативен импакт врз економијата, потоа проблеми со социјалната стигма и дискриминацијата на лицата со гојазност итн.

[Поврзано: Обезноста кај децата може да значи и намалена ПЛОДНОСТ подоцна во животот!]

"“Online”/

Одамна “прогласена” пандемија во светски рамки, па и во Македонија!

Во своето најново објавено истражување, популарниот ,,The Lancet” зборува за над милијарда луѓе во светот кои живеат со гојазноста. Во споредба со 1990-тата година, oбезноста е дупло зголемена, а што е најтрагично кај децата и адолесцентите е четирикратно зголемена!

За жал ситуацијата и кај нас не е нешто поразлична. Според податоците на нашиот Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), обезноста кај возрасните е зголемена за 13,6%, а кај децата за 7,4% во споредба со ситуацијата пред 30 години. Дури една третина од децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години, имаат проблем со зголемена телесна тежина. Проблемот е позастапен во урбаните средини и кај момчињата. Според податоците на ИЈЗ, 13,8% од овие деца живеат со екстремна дебелина. Главните фактори што водат до прекумерна телесната тежина и проблемите кои потоа произлегуваат се намалената физичка активност, лошите навики за исхрана и препроцесираната храна. Овие услови пак главно се детерминирани од низа на социоекономски карактеристики на семејствата.

[Поврзано: Обезноста не е нормална појава ниту кај децата! Што можеме да преземеме да ги заштитиме?]

Потребна е брза реакција!

Во соопштението на ИЈЗ се вели дека трендовите на зголемена тежина и обезност, особено кај децата во Македонија се одржуваат на високо ниво и потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината. Од давање приоритет на факторите од животната средина кои влијаат врз дебелината до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контрола на обезноста како хронично заболување.

Превенција

Превенцијата, па и третирањето на обезноста бара повеќедименционален пристап кој ќе адресира најразлични фактори кои допринесуваат за нејзиното развивање. Почнувајќи од здравите навики за исхрана и физичка активност, па се’ до креирање на средина којашто поддржува здрави избори – институции и јавност со висока свесност.

[Поврзано: Кратки совети за тоа како вашето дете полесно да усови навики за здрава исхрана]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор