fbpx

„ДИЕТАЛНИТЕ“ пијалаци може да имаат СПРОТИВЕН ефект – го зголемуваат апетитот!

tonus

Прекумерната телесна тежина е сè почест проблем, карактеристичен за денешницата. Се смета дека постојат повеќе различни фактори кои допринесуваат за ваквата распространетост, а решението за ваквиот проблем не е воопшто едноставно. Но, неоспорно е дека прекумерната телесна тежина е сериозен и загрижувачки феномен. Поради тоа, голем број на кампањи и маркетиншки стратегии се фокусираат на намален внес на шеќерите, а уште во дваесеттиот век се појавуваат и првите „диетални“ или напитоци без шеќер, често наречени и „зеро“ напитоци. Ваквите производи брзо добиле на популарност, бидејќи на хартија звучат далеку подобро од пијалаците со шеќер. Но, без да навлегуваме премногу детално во карактеристиките на овие типови напитоци, денес издвојуваме едно интересно ново истражување поврзано токму со телесната тежина и популарните „зеро“ пијалаци.

 

Што се всушност „зеро“ пијалаците?

Да започнеме од најважното и најочигледното – ваквите напитоци немаат калории, односно не содржат воопшто шеќер. Ова може да изгледа примамливо за луѓето кои сакаат да изгубат неколку вишок килограми, но и за луѓето кои едноставно сакаат да внимаваат на својата тежина. Во тој поглед, ваквите пијалаци имаат одредена предност, наспроти традиционалните кои содржат големи количества на додаден шеќер.

Со цел ваквите „зеро“ пијалаци да имаат благ и посакуван вкус, произведувачите користат различни соединенија наречени засладувачи. Овие соединенија може да имаат различни хемиски структури, но воглавно нивната употреба се должи на фактот дека ваквите засладувачи не се разградуваат од страна на нашиот дигестивен систем, па на тој начин немаат калориска вредност. Некои од нив се всушност десетици, па и стотици пати поблаги од обичниот бел шеќер, па затоа ваквите засладувачи се користат во значително помали дози. Ваквите засладувачи се достапни и за домашна употреба и може да се прилично корисни за лицата со дијабет.

"“Online”/

Постои и група на соединенија наречени полиоли или шеќерни алкохоли кои се природно присутни во голем број растенија, но може да бидат и вештачки создадени. Тие не се значително поблаги од шеќерот, а имаат и одредена калориска вредност, која сепак е помала од онаа на белиот шеќер. Ваквите соединенија се исто така доста популарни и често употребувани.

Репутацијата на сите типови засладувачи е доста мешана и околу нив постои одредена стигма и несигурност. Но, сепак научните истражувања и студии ги класифицираат ваквите засладувачи како безбедни, секако доколку се користат во умерени и точно пропишани количини.

 

Истражување – „диеталните“ пијалаци може да ја нагаласат и зголемат желбата за храна

Иако целта на ваквите напитоци е да се намали внесот на шеќери, а со тоа и полесно да се регулира телесната тежина, едно ново истражување покажува дека тие може да имаат и спротивен ефект. Потребата од вакво истражување доаѓа поради големата популарност која ја имаат ваквите пијалаци. Имено, во САД се проценува дека дури 40% од возрасната популација ги користи овие напитоци.

Претходни истражувања и студии имаат покажано и утврдено дека ваквите пијалаци не нудат значителни придобивки во поглед на слабеењето.

Научниците од ова истражување согледале дека пијалаците што го содржат засладувачот сукралоза, може дури да ја зголемат желбата за храна кај луѓето.

Истражувањето опфатило 74 испитаници кои имале стабилна телесна тежина. Тие биле на возраст од 18-35 години, а 58% биле жени. Покрај овие испитаници, биле вклучени и луѓе со прекумерна и сериозно прекумерна телесна тежина. Тие подлежеле на три различни експерименти. Во една сесија, испитаниците добивале: 300ml пијалак со засладувачот сукралоза или пијалак со додаден шеќер или како контролен напиток – вода. По пиење на пијалакот, на испитаниците им биле покажани слики од високо калорична храна, а со помош на магнетна резонанца бил сниман нивниот мозок, односно областа поврзана со апетит и желба за храна.

Покрај тоа, било мерено и нивото на шеќер во крвта, инсулин и метаболни хормони кај испитаниците. На крајот тие имале достапност кон храна и нивниот избор и количество на внесена храна бил забележан.

 

Што покажале резултатите?

Скенирањето на мозокот на испитаниците, како и крвната слика покажала три значајни ефекти кои пијалаците со засладувач ги имале врз телото.

1 . Резултатите од магнетната резонанца покажале дека жените и луѓето со прекумерна телесна тежина, кои консумирале пијалак со засладувач, имале зголемена активност во пределот од мозокот поврзан со апетитот и желбата за храна.

2 . Се јавил пад кај метаболните хормони кои сигнализираат чувство на заситеност, по консумирањето на пијалаците со засладувач, во споредба со пиење на пијалак со додаден шеќер.

3 .  По консумирање на пијалакот со засладувач, претежно кај жените, се јавило поголема желба за храна и тие консумирале повеќе на крајот од експериментот.

Ваквите резултати соодвестуваат и со некои претходни студии и покажуваат дека ваквиот тип на пијалаци не е значително подобра опција, иако на прв поглед делува така. Нивната ниска, односно непостоечка калориска вредност не може лесно да го залаже нашиот мозок и на крајот тој повторно ќе јави потреба за храна која има калории. Ваквите пијалаци може да се добра алтернатива за оние кои содржат огромни количества на додадени шеќери, но само доколку се консумираат ретко и умерено. Тие не може да бидат замена за калориска храна, ниту пак треба да се користат како алатка за слабеење.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор