fbpx

Како ДИСЛИПИДЕМИЈАТА се „вклопува“ во МЕТАБОЛНИОТ СИНДРОМ?

tonus

Покачениот холестерол или триглицериди неретко се покачени кај голем дел од популацијата – состојба која може да се нарече и дислипидемија. Самиот термин дислипидемија означува состојба каде липидите – како што се холестеролот и триглицеридите, не се во рамнотежа и се надвор од оптималните граници. Тие се често и дел од т.н метаболен синдром, за што ќе зборуваме повеќе во продолжение. 

 

Што претставува холестеролот и зошто е опасно доколку е покачен?

Холестеролот претставува восочна супстанца, која припаѓа на групата на липиди. Тој природно е присутен во нашиот организам и се создава во црниот дроб. Има незаменлива улога во градењето на здравите клетки, нивните мембрани и сл. Постојат два вида на холестерол:

  • LDL – или често наречен и „лош“ холестерол, претставува липопротеин со помала густина кој е заслужен за транспортирање на холестеролот низ телото и крвотокот. Овој тип на холестерол се таложи во внатрешноста на крвните садови и доведува до нивно стеснување.
  • HDL – или т.н „добар“ холестерол, го собира вишокот холестерол и го транспортира до црниот дроб.

Покаченото ниво на холестерол во крвта може да биде проблематично за здравјето, особено за кардиоваскуларното. Покачувањето на холестеролот може да доведе до таложење на еден вид масни наслаги или депозити во внатрешноста на крвните садови. Ваквото таложење со текот на времето може да стане значително и со тоа да го отежни протокот на крвта низ крвните садови. Ова секако значи дека со текот на времето овие наслаги може целосно да го попречат дотокот на крв, а тоа може да има сериозни последици по здравјето, а во некои случаи да предизвика и смрт.

"“Online”/

Покрај наталожувањето, овие наслаги може неочекувано да се одвојат и да формираат еден вид на тромб која ќе запуши потесен дел од крвниот сад.

 

Што претставуваат триглицеридите?

Пред да ги издвоиме дел од природните начини преку кои може да се контролираат триглицеридите, мораме да објасниме што всушност тие претставуваат.

Триглицеридите се тип на липиди – масти кои се природно присутни во крвта. При внес на храна, телото ги конвертира калориите, односно енергијата која не му е потребна веднаш, во триглицериди. Ваквите триглицериди се складираат во клетките од масното ткиво. Кога телото има недостаток од енергија и се насочува кон трошење на сопствените резерви, одредени хормони ги искористуваат триглицеридите како извор на енергија. Доколку редовно внесуваме повеќе калории од она што трошиме, особено од храна која е богата со јаглехидрати, може да дојде до покачени нивоа на триглецириди во крвта.

 

Како дислипидемијата се вклопува во т.н метаболен синдром?

Дислипидемијата се карактеризира со абнормални нивоа на липиди, како што се: високи нивоа на т.н „лош“ (LDL) холестерол, ниски нивоа на „добар“ (HDL) холестерол, покачен вкупен холестерол и покачени триглицериди. Оваа состојба е често тесно поврзана и е дел од т.н метаболен синдром. Метаболниот или наречен и метаболички синдром е кластер на состојби, вклучувајќи ги: покачената тежина, инсулинската резистенција, хипертензијата и дислипидемијата. 

Дислипидемијата е честа карактеристика и дел од метаболниот синдром и таа често се манифестира преку покачените триглицериди и намалени нивоа на HDL. Инсулинската резистенција, белег на метаболичкиот синдром, игра клучна улога во дислипидемијата преку промовирање на зголемена синтеза на триглицериди во црниот дроб и намалување на активноста на липопротеинските ензими, што доведува до нарушен баланс и контрола на триглицеридите. 

Дополнително, дислипидемијата при метаболичкиот синдром често се одликува и со присуство на мали, густи LDL молекули, кои се поризични и склони за формирање на наслаги во артериите од поголемите LDL честички. Ваквата состојба на дислипидемија придонесува за зголемен кардиоваскуларен ризик, особено кај лица со веќе присутен метаболички синдром. Исто така, дислипидемијата се смета дека ги влошува и влијае и на другите состојби на метаболичкиот синдром, формирајќи зависен  круг каде што нерегулираниот липиден метаболизам придонесува за инсулиснка резистенција и обратно. Поради тоа, контролирањето на дислипидемијата е клучен аспект од третирањето на метаболниот синдром и намалување на ризикот од кардиоваскуларни компликации, како и низа на други здравствени состојби.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор