fbpx

ЕНДОМЕТРИОЗА – Честа како дијабетот – Постои надеж за лек!

tonus

Ендометриоза е нарушување при коешто ткивата слични на оние кои ја ,,прекриваат” матката (ендометриум) ќе почнат да растат надвор од површината на матката.

Ваквите ткива можат да се ,,најдат” во јајниците, цревата и ткивата кои го покриваат регионот на карлицата. Иако е невообичаено, ендометриозата може да се појави дури и на други делови од телото.

Хормонските промени кои се случуваат при менструалните циклуси влијаат на ендометријалните ткива, предизвикувајќи нивно воспалување и болки. Ова значи дека ваквите ткива ќе растат, ќе се разиваат и потоа ќе се распаѓаат. Со текот на времето, распаднатото ткиво нема простор каде да ,,оди”, па на еден начин се заглавува во пределот на карлицата каде што се наоѓало и здравото ткиво.

"“Online”/

Вака заробеното ткиво ги предизвикува типичните симптоми на ова заболување:

  • Иритација
  • Формирање на рани
  • Адхезија, односно состојба при која сите органи од пределот на карлицата се спојуваат
  • Екстремно остри болки за време на периодите
  • Хроничен замор

    Ендометриозата е чест проблем 

Ендометриозата е здравствен проблем кој значитечно го отежнува секојдневниот живот на голем број на жени ширум светот, па и кај нас во Македонија. Според статистиките од САД, околу 11% од жените помеѓу 15 и 44 години, ја имаат оваа дијагноза. За слични броеви зборува и Светската Здравствена Организација (СЗО) – 10% од жените се афектирани од овој проблем. Станува збор за процент сличен како оној на зачестеноста на дијабетот помеѓу популацијата. Овие податоци ја нагласуваат важноста на овој здравствен проблем за јавното здравје. За разлика од состојбата со дијабетот, кадешто во голема мера се јасни причините, но и правилните пристапи за третирање, кај ендометриозата ситуацијата е поинаква. Научната јавност ,,признава” недостаток на систематично биолошко разбирање на ова заболување.

Ендометриозата се смета за неизлечива гинеколошка состојба, но таа може доста успешно да се менаџира, односно соодветно да се контролира. За среќа, во последно време работите почнуваат да се придвижуваат во позитивна насока. Повеќе околу тоа, во продолжение.

Надеж за лек

Ветувачки резултати покажува едно ново истражување од 2023-тата година, спроведено во Шкотска. Имено, се работи за клиничка студија за првиот нехормонски, нехируршки третман за ендометриоза.

Истражувачите преку земање на примероци од пациентите со дијагностицирана перитонеална ендометриоза, доаѓаат до интересни резултати и заклучоци. Станува збор за тип на ендометриоза кој е најчест, односно се јавува кај 80% од пациентките. Ваквата состојба се карактеризира со развој на ендометријално ткиво долж површината на карличната празнина. Истражувачите утврдуваат дека овие пациентки имаат значително повисоки нивоа на супстанца наречена лактат во нивните карлици, во однос на тие без дијагнозата.

Прв потенцијален кандидат за лек после 40 години!

Лактатот е супстанца којашто се создава во телото со разградување на глукозата. Нејзиното зголемено присуство, според истражувачите може да биде индикатор за развивање на ендометриозата, на сличен начин како што допринесува и за пролиферацијата на малигните клетки. Затоа, анализиран бил лек којшто веќе бил тестира на пациенти со канцер – DCA или дихлороацетат. Ваквиот лек се користи и за лекување на ретки типови на метаболни нарушувања кај децата кај коишто се јавуваат вишоци и таложење на лактат во крвта.

Споменатиот лек веќе е тестиран на помала група на пациентки, којшто пријавиле значително намалени болки, а утврдено било и општо подобрување во квалитетот на животот. Следен чекор е испитување на поголема група и двојно-слепи, клинички студии. Ако и по нив лекот се потврди како ефективен, што би можело да се очекува во наредните неколку години, DCA ќе биде првиот нов лек за ендометриоза откриен во последниве 40 години!

Потешкотии во дијагностицирањето

Недостатокот на знаење поврзано со оваа состојба не само што создава проблеми во лекувањето, туку прави проблеми и со самото дијагностицирање. Според достапните податоци и искуства од праксата, дијагностицирањето неретко доаѓа и после повеќе години по првичните симптоми. 

Лекарите често ги препишуваат симптомите на ендометриозата на нормалните болки во текот на периодот, што се физиолошка последица или резултат на лајфстајл фактори, како проблемот со тежината. Друг проблем со дијагностицирањето е фактот што за конечната дијагноза речиси и неопходна е хируршка интервенција – ткивата можат да се видат (потврдат) само преку соодветно внесување на камера.

За среќа, постои и напредок во делот на дијагностиката. Интензивно се работи на утврдување на одредени ,,биомаркери” (постојат повеќе кандидати, создадени од повеќе различни фармаколошки компании) којшто би укажувале на оваа состојба (соодветни протеини или метаболити од процеси којшто се поврзани со заболувањето), но во моментов такво нешто не е достапно (барем не во широка примена).

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор