fbpx

ЖЕНШЕН за ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА?

tonus

Еден од најгорливите проблеми кога станува збор за машкото здравје е еректилната дисфункција. Опаѓањето на либидото со текот на време е нормална работа, но еректилната дисфункција на 50 или 60 години не може да се смета за нормална појава. Причините најчесто лежат во начинот на живот. Имено, најчесто станува збор за некаков проблем со кардиоваскуларното здравје, чиј првичен симптом е токму еректилната дисфункција, која оди заедно со нарушена периферна циркулација. Истражувањата постојано наоѓаат релација помеѓу зачестеноста на еректилната дисфункција и проблемите со крвниот притисок, метаболниот синдром, зголемените маснотии во крвта итн.

[Поврзано: Еректилна дисфункција – првиот симптом за проблеми со срцето?]

Еректилна дисфункција – можно прво предупредување за неопходност од промена на навиките

 Суштинското решение на овој проблем е во промените на навиките. Пред се’ тука се мисли на оставање на цигарите, потоа на редовна физичка активност и на усвојување на здрав начин на исхрана.

"“Online”/

Сепак, постојат и дополнителни природни начини да си помогнеме во однос на намаленото либидо и еректилната дисфункција – преку суплементација.

Екстрактот од ашвагандата може значително да допринесе за покачување на тестостеронот и да ја појача сексуалната желба. Подетално на оваа тема во некоја од наредните статии, во продолжение нешто повеќе околу моќта на женшенот да помогне при еректилна дисфункција.

[Поврзано: АШВАГАНДА – Зголемено ниво на тестостерон кај мажите и стимулација на машката сексуалност]

Женшен за еректилна дисфункција – Што вели науката?

Ако имаме предвид дека женшенот значително може да ја подобри циркулацијата и дека уште од дамнешни времиња се користел во традиционалната медицина за подобрување на различни аспекти од машкото сексуално здравје, не треба воопшто да не зачуди силната заинтересираност што ја ужива оваа билка во научната јавност. Постојат бројни истражувања на тема женшен и машко сексуално здравје, но ќе ги издвоиме резултатите од неколку поинтересни.

Интересна двојно-слепа, плацебо контролирана и рандомизирана клиничка студија на тема женшен и еректилна дисфункција е објавена во 2021-вата година во научното списание Australasian Integrative Medicine Association (AIMA)

Во период од 6 недели следени биле 52 испитаници со еректилна дисфункција на возраст од 18 до 60 години. Поделени биле во две групи по 26 – плацебо група и група која примала 107mg женшен, заедно со 100IU витамин Е. Потоа, напредокот во однос на состојбата бил проценуван преку специјализирана мерна скала, соодветно во втората, четвртата и штетата недела. По 6-тата недела, анализите покажале статистички значително подобрување на состојбата со еректилната дисфункција (ЕД) кај групата што примала суплементација во споредба со плацебо групата. Истражувачите нагласуваат дека ова се важни резултати за сите што се засегнати од овој проблем, но особено важни резултати за лицата што не можат заради различни причини да примаат лекарства за ЕД или пак се нереспонзивни на ваквата терапија (лековите не им делуваат).

Слични резултати се добиени и во една мета-студија (анализа на 42 студии поврзани со темата хербални суплементи и ЕД) објавена во Arab Journal of Urology.

Во неа се вели дека екстрактот од женшен, заедно со некои други хербални суплементи, како Tribulus или L-arginine можат значително да ја подобрат состојбата со еректилната дисфункција.

Биолошки механизми зад ефектот

Споменатите истражувања не се занимаваат со биолошките механизми зад ваквиот ефект, но се смета дека главниот механизам се одвива преку зголемувањето на синтезата на азотниот оксид што е поттикнато преку главната активна компонента на женшенот – женшеноидите. Дополнително, постојат и податоци според кои женшенот може да придонесе за зголемување на нивото на машкиот хормон тестостерон

[Поврзано: Азотен оксид – Исклучително важна молекула за СРЦЕТО! Како да го подигнеме нејзиното ниво?]

Ендотелијалната функција и азотниот оксид играат централна улога во физиологијата на еректилната дисфункција. Азотниот оксид е особено важна молекула која се синтетизира во нашето тело и има влијанија врз повеќе различни аспекти од здравјето. Таа помага во дилатацијата (опуштањето) на крвните садови, со што поттикнува подобра циркулација, односно го зголемува приливот на крв во сите важни органи и клетки и го снижува високиот крвен притисок. На тој начин го подобрува кариоваскуларното здравје, здравјето на мускулите, мозокот и сите останати органи и органски системи за чие функционирање е неопходен добар проток на крвта полна со хранливи материи и кислород.

Дознај повеќе за нашиот продукт Гинко-женшен – https://shop.drmitov.mk/p/ginko-zhenshen/

Извори: Vitamin E and ginseng combined supplement for treatment of male erectile dysfunction: A double-blind, placebo-controlled, randomized, clinical trial

Alternative medicine and herbal remedies in the treatment of erectile dysfunction: A systematic review

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор