fbpx

ЃУМБИР – долга листа на придобивки за здравјето

tonus

Ѓумбирот се смета за еден од најздравите зачини на планетата. Исполнет е со хранливи и биоактивни компоненти кои имаат моќно позитивно дејство за телото и за мозокот.

Ѓумбирот како билка потекнува од Кина. За консумирање, односно за правење на зачин се употребува т.н. ризом или долниот дел од коренот на растението. Тој низ историјата се користел во традиционалната медицина за подобрување на варењето, за борба со настинките и грипот и за многу други болести.

Може да се употребува свеж, сушен, во вид на прав или како сок, но наоѓа примена и во процесираната храна и некои козметички продукти

"“Online”/

1) Ѓумбирот содржи соединение наречено гингерол кое поседува моќни лековити својства и може да делува потткнувачки во борбата со вирусни и бактериски инфекции

Гингеролот е главната биоактивна компонента на ѓумбирот. Тој е одговорен за повеќето лековити својства на ѓумбирот. Има моќно антиоксидативни и антивоспалитени својства.

Гингеролот може да го намали ризикот од развој на поголеми инфекции. Тој се смета за одговорен и за инхибирачкото дејство на ѓумбирот врз развојот на многу бактерии од различни видови.

Исто така, една студија покажува дека ѓумбирот може да делува ефективно против RSV вирусот, еден од најчестите предизвикувачи на респираторните инфекции. Моментално актуелен е корона вирусот. За дејството на ѓумбирот врз него не постојат податоци, студиите во иднина ќе го покажат тоа.

Засега, дефинитивно вреди да се консумира ѓумбир и тоа на дневна основа. И не само заради ова дејство, туку и заради низата кои ќе ги наведеме во продолжение.

2) Ѓумбирот може да помогне при гадењето и нагонот за повраќање

Традиционално се употребувал при мачнини и гадење, особено при оние нагони за повраќање кои се појавуваат наутро. Во модерната медицина постојат некои студии кои го потврдуваат ваквото дејство, па сè уште се препорачува за оваа цел, особено по тешки операции.

Според некои научни истражувања се покажал и како корисен за нагоните за повраќање кои се чести кај трудиниците.

3) Помага за намалување на болките во мускулите

Една студија покажува дека консумирањето на 2g ѓумбир на ден во текот на 11 дена, значително ја намалува болката во мускулите. Ваквото дејство не се случува веднаш туку е потребно конзистентно консумирање. Ова дејство се смета дека се случува токму поради антивоспалителните својства на ѓумбирот.

4) Антивоспалителните својства на ѓумбирот можат да помогнат кај остеоартритисот

Остеоартритисот е многу чест здравствен проблем, особено кај постарите лица. Оваа болест подразбира дегенерација на зглобовите во телото, што води до хронични болки и вкочанетост во нив.

Во спроведените студии на пациенти со остеоартритис, консумирањето на екстракт од ѓумбир на одреден период се покажало како олеснувачки во однос на болките на пациентите. Тие ја намалиле и консумација на лекови за болки. Според друга студија, ваквото дејство може да биде засилено ако ѓумбирот се консумира во комбинација со цимет и сусамово масло.

5) Ѓумбирот може драстично да влијае на намалување на шеќерот во крвта и да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Ова е најновото откриено корисно дејство на ѓумбирот. Освен што студиите покажуваат дека кај пациентите со дијабет тип 2, кои редовно консумираат 2g ѓумбир дневно, имаат намалено ниво на шеќер во крвта, тие покажуваат и друго интересно корисно дејство. Имено, последните студии покажуваат и значајно подобрени вредности за АpoB/ApoA односот и 23% намалување на маркерите за оксидација на липопротеини. Сето ова води кон намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

6) Ѓумбирот може значително да ги намали менструалните болки

Ваквото дејство е препознаено од традиционалната медицина, но една нова студија го потврдува. Имено, испитаничките (150 на број) кои земале само 1g ѓумбир во прав дневно, првите три дена од менструалниот период, имале значително намалени болки. Намалувањето на болките било еднакво како по пиењето на некои лекови за таа намена (ибупрофен на пример).

7) Ѓумбирот може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол во крвта

Високото ниво на LDL липопротеинот или ,,лошиот” холестерол во крвта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Храната која ја консумираме силно влијае на нивоата на овој холестерол.

Повеќе нови студии покажуваат дека пациентите со високи нивоа на холестерол во крвта кои консумирале ѓумбир поредовно, имале намалени вредности за нивото на вкупен холестерол, но и триглицериди во крвта. Ваквото дејство се смета дека најверојатно се должи на антиоксидативното дејство на ѓумбирот.

8) Може да помогне во правилната функција на мозокот и да делува превентивно кај Алцхајмеровата болест

Ваквата состојба е доста честа појава кај постарите лица. Правените студии на животни, но и на луѓе даваат резултати кои велат дека консумирањето на ѓумбир може да ја подобри меморијата кај повозрасните лица. Освен тоа, покажано е и превентивно дејство на ѓумбирот од развој на нарушувања на функцијата на мозокот, кои доаѓаат со процесот на стареење.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор