fbpx

Што се МУСКУЛНИТЕ ГРЧЕВИ и како да ги ПРЕВЕНИРАМЕ?

tonus

Секој од нас добро знае колку се непријатни мускулните грчеви кога ќе се појават. Тие најчесто настануваат без никакво предупредување, одеднаш, а може да бидат доста болни и непријатни. Често се застапени кај лицата кои се физички активни, но сепак може да се јават кај секого. Денес ќе позборуваме зошто истите се јавуваат и како може да го намалиме ризикот.

 

Што ги предизвикува мускулните грчеви?

Мускулен грч може да се случи по поголем напор или истегнување на мускулот, губење на телесни течности преку пот или едноставно задржување на положбата на мускулот подолго време. Но, може да се јават и без точно позната причина.

Повеќето мускулни грчеви се безопасни, но некогаш може да бидат сигнал за нешто посериозно:

"“Online”/
  • Недоволен проток на крв. Стеснувањето на артериите кои носат крв до нозете може да предизвика грч во нозете и стапалата, особено при физичка активност. Овие грчеви обично исчезнуваат веднаш по прекинот на вежбањето.
  • Компресија/пристикање на нервите. Притисокот врз нервите во ‘рбетот, исто така, може да предизвика грчеви во нозете. Болката обично се влошува при пешачење. Одење со благо наведнување нанапред, како на пример кога туркате количка, може да го олесни одењето и намали ризикот од појава на грч.
  • Недостиг на некои минерали. Недоволно калиум, калциум или магнезиум во исхраната може да предизвика грчеви во нозете. Лековите кои често се препишуваат за висок крвен притисок може да предизвикаат зголемено мокрење, што може да доведе до дефицит од овие минерали.

 

Магнезиумот е инаку еден од минералите со најголемо дејство врз работата на мускулите. Тој често се дава како превенција на грчеви, но и кај лица кои имаат сериозен физички напор или физички напорна работа. За многу повеќе на оваа тема, но и за нарачување на МАГНЕЗИУМ КОМПЛЕКС, КЛИКНЕТЕ ТУКА!

 

Фактори кои може да го зголемат ризикот од грчеви во мускулите се:

  • Возраста – постарите луѓе имаат помалку мускулна маса. Тоа значи дека мускулите се послаби и кај нив и помал напор може да резултира со грчеви
  • Слаба кондиција – лошата кондиција значи и поголем ризик од грчеви при помали и полесни физички активности
  • Екстремно потење – обилното потење и губењето на минерали често резултира со грчеви во мускулите. Ова е особено нагласено доколку потењето е поради интензивна физичка активност.
  • Бременост – мускулните грчеви се вообичаени за време на бременоста.
  • Одредени здравствени состојби – дијабетес или други заболувања кои може да влијаат на нервите, црниот дроб или тироидната жлезда може да го зголемат ризикот од грчеви во мускулите.
  • Тежината – прекумерната тежина може да го зголеми ризикот од грчеви во мускулите.

 

Како да се намали ризикот од појава на мускулни грчеви?

Најлесниот начин за превенција од мускулни грчеви е внес на доволно течности, доволно време за одмор и истегнување на мускулите. Пиењето на доволно течности го намалува ризикот бидејќи го снабдува организмот со потребните минерали, но и спречува дехидрираност, што е реален ризик во летниот период, особено при практикување на некаква физичка активност.

Одморот е неопходен, особено за лицата кои се физички активни. Спиењето и одмарањето на мускулите спречува нивно прекумерно оптоварување, што може да предизвика грчеви. Истегнувањето се препорачува пред и по секоја физичка активност и истото се смета за еден од најлесните начини за превенција од мускулни грчеви.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор