fbpx

Дали нивото на ХОЛЕСТЕРОЛ природно се зголемува со ВОЗРАСТА?

tonus

Како дел од неделните теми на нашиот блог, холестеролот и неговото влијание на кардиоваскуларно здравје е нешто за што редовно зборуваме. Денес, ќе се задржиме на едно конкретно прашање, односно ќе погледнеме дали природно се очекува холестеролот да се покачи со возраста?

 

Како најдобро да го контролираме нивото на холестерол?

Првиот и основен чекор кон подобрување на нивоата на холестерол е воведување на промени во исхраната. За луѓето со покачен холестерол се препорачува балансирана и разновидна исхрана која ќе се заснова на употребата на – овошје и зеленчук, полнозрнести житарки, здрави извори на протеин, риба, јатки и сл. Важно е да се лимитира или целосно елиминира внесот на транс мастите, а значително да се намали внесот на заситените масти. Исто така, препорачливо е да се избегнува и храната која содржи големи количества на додаден рафиниран шеќер или сол. Хрната која е богата со растителни влакна – овес, житарки, зеленчук, може да има особено позитивен ефект во поглед на холестеролот.

Одржувањето на здрава телесна тежина е вториот чекор. Здравата и оптимална телесна тежина значи и подобра регулација на нивото на холестерол, но и на другите параметри кои го зголемуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања – крвен притисок и триглицериди.

"“Online”/

Физичката активност е уште една алатка која може да биде особено корисна за подобрување на кардиоваскуларното здравје. Редовното движење се смета дека му овозможува на телото полесно и поефикасно да го отстрани вишокот холестерол од крвта. Препораките велат да се практикуваат вежби со умерен интензитет во времетраење од барем 150 минути неделно.

Доколку и покрај ваквите промени во начинот на живеење, нивото на холестерол е високо, можно е да има потреба од одредена терапија. Статините се една опција и тие се еден од најбрзите начини за намалување на нивото на холестеролот. Во одредени случаи, тие може да го доведат холестеролот во граници на нормала и по само 6-8 недели.

 

Дали нивото на холестерол природно се зголемува со возраста?

Како што старееме, вообичаено и очекувано е нивото на холестерол да претрпи промени поради различни физиолошки процеси. Една забележлива промена е природниот пораст на нивоата на вкупниот холестерол и т.н „лош“ ЛДЛ холестерол. Истражувањата покажуваат дека ова зголемување на нивото на холестерол со возраста може да резултира од повеќе фактори. 

Прво, стареењето е поврзано со промени во липидниот метаболизам, вклучително и намаленo „филтрирање“ на холестеролот од крвотокот и намалено хепатално (во црниот дроб) навлегување на LDL честичките. Дополнително, промените поврзани со возраста во хормоналниот профил, како што се намалувањето на нивото на естроген и тестостерон, може да влијаат на липидниот метаболизам и да придонесат за дислипидемија. Понатаму, факторите на животниот стил, вклучувајќи го намаленото ниво на физичка активност, промени во навиките во исхраната и доколку е присутна, покачената тежина – може да ја влошат дислипидемијата и да придонесат за покачени нивоа на холестерол.

Возраста често носи и хронични состојби како хипертензија, дијабетес и метаболички синдром, кои се всушност директно поврзани со липидниот профил, односно може да влијаат негативно на нивото на холестерол. Затоа, согледувањето на сложената интеракција на физиолошките промени поврзани со стареењето, хормоналните промени, факторите на животниот стил и присуството на други здравствени состојби е од клучно значење за сеопфатно справување со природниот пораст на нивото на холестерол. Важно е да напоменеме дека зголемување на холестеролот со возраста нема да се јави кај секој, истото е зависно од голем број фактори – дел од нив ги набројавме во оваа статија, а голем дел е и генетиката. Но, со здрави навики, односно здрав начин на живот, го минимизираме ризикот за покачување на холестеролот и го чуваме нашето кардиоваскуларно здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор