fbpx

Хроничен ЗАМОР – некогаш не е лесно да се препознае

tonus

Секојдневните обврски и стресни ситуации често се причинителни за заморот и недостатокот на енергија кој го чувствуваме. Брзото темпо и недостатокот од време за себе може навистина да допринесат кон редовно чувство на замор и потреба од одмор. Но, хроничното чувство на замор може да биде и индикатор за нешто друго, односно за состојба која се нарекува синдром на хроничен замор. Тоа е состојба која често тешко се воочува, па поради тоа во продолжение ќе продискутираме за неа и за тоа како да ја препознаеме.

 

Што претставува заморот?

 

Кога се чувствуваме уморно и исцрпено, најчесто добриот сон го решава ваквиот проблем и по будењето сме повторно енергични и одморени. Заморот претставува состојба на продолжено и долго чувство на умор и недостаток од енергија, кој не се решава со спиење. Ваквата состојба се јавува кај дури 50% од луѓето во некој момент од нивниот живот. Заморот се јавува често после подолг период на недостаток од сон, долги стресни пероди и зачестена физичка активност. Меѓутоа, заморот може да биде и симптом на некои други здравствени состојби.

Според одредени експрерти, заморот е класифициран во три категории:

"“Online”/

 

  • Акутен замор – трае помалку од еден месец
  • Продолжен замор – трае подолго од еден месец, но помалку од 6 месеци
  • Хроничен замор – трае подолго од 6 месеци

 

Што претставува синдромот на хроничен замор?

 

Синдромот на хроничен замор претставува потенцијално сериозна, онеспособувачка, долгорочна состојба. Луѓето кои чувстуваат замор подолго од 6 месеци, се смета дека ја имаат ваквата состојба. Тие се оневозможени да ги извршуваат сите неопходни дневни активности и имаат нарушено функционирање. Се смета дека ваквиот замор е почесто присутен кај жените. Најчесто се јавува во возрасната група од 40 до 60 години, но може да се јави кај сите возрасни групи, вклучително и кај деца и адолесценти. Се смета дека дури 90% од луѓето со оваа состојба, не се свесни дека ја имаат и кај нив таа не е правилно дијагностицирана. Некои нови истражувања ја поврзуваат оваа здравствена состојба и со КОВИД-19. Се смета дека хроничниот замор е една од главните, најчести и најдолго присутни симптоми на прележување на корона вирусот.

 

Кои се главните симптоми на хроничниот замор?

 

Главните и најчести симптоми на оваа состојба се екстремнниот умор и недостатокот од енергија.

Дел од другите почести симптоми се:

 

  • Проблеми со спиењето
  • Болки во мускулите или зглобовите
  • Главоболки
  • Болки во грлото
  • Симптоми слични на настинка или грип
  • Вртоглавица
  • Проблеми со меморијата и когнитивните функции
  • Намалена концентрација
  • Нерегуларности во срцебиењето (забрзано или неритмично срцебиење)

 

Главната одлика на оваа состојба е тоа што ваквите симптоми не исчезнуваат по редовен и квалитетен сон. Најчесто луѓето со оваа состојба пријавуваат дека прекумерната физичка активност им ги влошува ваквите исмптоми. Исто така, интезитетот на симптомите може да варира од ден за ден, па дури и да бележи промени во текот на еден ист ден. Ваквите симптоми се слични со оние на други здравствени состојби (особено со депресијата), па затоа е потребна правилна дијагноза од медицинско лице.

 

Кои се најчестите причини за појавата на оваа состојба?

 

Главната причина за појава на хроничниот замор е сè уште непозната за науката. Се смета дека некои луѓе може да имаат генетски предиспозиции кои дополнително се активираат поради комбинација од различни фактори од средината. Вакви фактори може да бидат:

 

  • Вирусни инфекции – некои луѓе ја пројавуваат оваа состојба веднаш по вирусна инфекција
  • Проблеми со имуниот систем – луѓето кои страдаат од хроничен замор се смета дека имаат благо нарушување во функцијата на нивниот имун систем, но не е познато дали ваквото нарушување е директната причина за појавата на хроничен замор
  • Хормонски дисбаланс – лицата со хроничен замор често имаат нарушувања во нормалните хормонски нивоа
  • Физичка или емоционална траума или замор – некои лица ја поврзуваат оваа состојба со претходна повреда, операција или значаен емоционален стрес
  • Проблеми со менталното здравје

 

Како ризик фактори за појава на хроничен замор се смета дека се возраста и полот. Како што споменавме, жените имаат поголеми шанси да страдаат од хроничен замор. Што се однесува до возраста, оваа состојба може да се јави кај сите возрасни групи, но е најчеста кај средновечната популација.

Нажалост, во моментов не постојат конкретни начини или лекарства за третирање на хроничниот замор. Секое лице има различни симптоми и поради тоа би имало и потреба од различен третман и пристап. Се смета дека позитивни и пожелни промени се оние кои може да се направат со цел да се подобри квалитетот на спиењето. Дополнително, може да се препорачаат и: когнитивно-бихевиоралната терапија; специфични препораки за физичка активност; одредени лекарства за справување со болки или проблеми со спиењето; методи за справување и намалување на стресот ( медитација, масажи и сл.)

Ваквата состојба прогресира различно кај секого, па затоа е потребна точна дијагноза, а потоа и редовно следење.

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор