fbpx

Зошто некои луѓе ЈАДАТ ПОВЕЌЕ кога се под СТРЕС?

tonus

Стресот е неизбежен дел од сечие секојдневие, а истиот директно влијае и врз нашето ментално и физичко здравје. Дополнително, стресот се смета за важен и значаен фактор и при покачување на телесната тежина. Еден од механизмите преку кои стресот може да доведе до зголемена тежина е преку т.н „емоционално“ или јадење под стрес. Токму на овие теми – зошто некои луѓе јадат кога се под стрес и зошто е истото непосакувано и штетно, ќе зборуваме во оваа денешна статија. 

 

Што претставува стресот и кои се неговите најчести симптоми?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото. Тој може сериозно да го наруши здравјето и да го зголеми ризикот за бројни заболувања.

"“Online”/

Стресот го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани. Хроничниот стрес може да доведе и до одредени промени во организмот, како: промен во централниот нервен систем, промени во ендокриниот систем (лачење на стрес хормони), промени во респираторниот и кардиоваскуларен систем (забрзано срцебиење и дишење), стегнатост во мускулите, проблеми со дигестијата, ослабнување на имуниот систем и сл.

Многу повеќе за ефектите на стресот, особено на хроничниот стрес – може да прочитате тука.

 

Зошто некои луѓе јадат повеќе кога се под стрес?

„Емотивното“ јадење е честа појава и не секогаш е директно поврзана само со стресот. Таа може да се јави како резултат на низа од негативни емоции – лутина, страв, досада, тага, осаменост, нервоза и сл. Причините може да бидат разни, а и самата реакција кон таквите ситуации зависи од човек до човек. Најчесто, овие емоции доведуваат и до промена во нивоата на одредени хормони, меѓу кои  кортизолот и грелинот – хормонот на гладта. Одредени истражувања покажале дека стресот предизвикува желба за покалорична храна и намирници богати со шеќери, масти или сол. Некои луѓе пак, воопшто не можат да јадат кога се под стрес. Истражувањата исто така покажуваат дека жените почесто јадат ваква храна кога се под стрес, а мажите пак, почесто консумираат алкохол или пушат цигари кога се под стрес.

Но, факт е дека голем број луѓе ги поврзуваат своите емоции со своите навики за исхрана. Храната може да послужи како еден вид на утеха, дистракција, награда и сл. Но, овие позитивни емоции кои храната ги предизвикува се краткорочни. Таа не е правилниот начин и алатка за решавање на проблемите. Поради тоа, голем број луѓе го загрозуваат и влошуваат своето здравје преку навиките за исхрана во стресни и тешки ситуации. Еден аспект кој веднаш се забележува е покачување на телесната тежина, но и зголемување на ризикот од дијабет, покачен холестерол, хипертензија и сл. 

Поради тоа, науката препорачува поинакви, поефикасни и поздрави начини за справување и минимизирање на ефектите од стресот. Иако стресот е природна и нормална реакција на телото кон надворешни ситуации, хроничниот стрес е опасен по здравјето. Промени и здрави навики кои може да ви помогнат да го намалите или целосно елиминирате стресот се:

  • Избегнувајте ги целосно или обидете се да ги намалите изворите на стрес
  • Здрава и балансирана исхрана
  • Честа физичка активност
  • Поддршка и разговор со најблиските
  • Уживање и искористување на слободното време за релаксација и 
  • Помош и разговор со стручно лице
  • Добра хигиена на спиење
  • Суплементирање со т.н адаптогени билки кои имаат докажан ефект во намалување на стрес хормонот – кортизол. Пример за ваква билка е ашвагандата

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор