fbpx

Истражување: Здравата исхрана го продолжува животот за 10 години!

tonus

Храната и исхраната се исклучително важен фактор во оддржување на здравјето на човекот. Иако сите сме свесни за овој факт, неретко влијанието на изборот на храната врз нашето целокупно здравје, но и врз квалитет на живеењето, е потценето. Имено, истражувањето кое ќе го разгледаме во продолжение уште еднаш ја потврдува ваквата ситуација.

Колку за илустрација, се проценува дека исхраната е водечки или директен ризик фактор за над 11 милиони смртни случаи ширум светот на годишно ниво. Што е веројатно многу поважано, изборот на храната индиректно влијае на појавата на најраспространетите, хронични болести во глобални рамки, како и за нивните бројни несакани последици. Таква е ситуацијата со дијабетот тип 2, на пример.

[Поврзано: Како до оптимална контрола при дијабет?]

"“Online”/

Здравата исхрана значително го продолжува животот?

Истражувачите од Универзитетот Берген, Норвешка, спровеле интересно истражување. Според нивните анализи, младите лица од САД можат да си го зголемат животниот век дури и до над 1 деценија, правејќи ,,едноставни” промени во исхраната – менувајќи ја типичната ,,западна” исхрана со начин на исхрана кој подразбира повеќе мешунки, полнозрнеста храна, јатки и свежа храна, а помалку процесирани производи, како процесирани меса. Таков модел на исхрана е Медитеранскиот!

[Поврзано: Што вели Медитеранската исхрана за месото?]

Кај повозрасните лица, ефектот би бил помал, но сепак далеку од замерлив во однос на продолжениот животен век.

Нешто повеќе околу истражувањето

Станува збор за студија што искористува постоечки, достапни мета анализи и податоци од the Global Burden of Diseases, со цел создавање на модел кој овозможува инстантна проценка на зависноста на животниот век од изборот на храната што го имаат луѓето.

За оние што се интересираат повеќе и ја имаат сменето својата исхрана на подобро: можете самите да ги внесете своите податоци во споменатиот модел, на следниот линк: food for healthy life.

Со овој модел, можеме да си ги пресметаме добиените ,,дополнителни очекувани години живот” заради променетите навики во однос на исхраната.

Кои резултати биле добиени за младите од САД?

Добиените резултати се навистина интересни. За младите лица од САД, моделот пресметува дека одржливите промени во исхраната, во идеален случај започнувајќи од својата 20-та година, ќе доведе до продолжување на животниот век за (во просек) 10,7 години кај жените и 13 години кај мажите.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

Храна со најголемо влијание на овие броеви кај мажите и кај жените е: мешункасти плодови, полнозрнести житарки и јаткасти плодови. Тука важно е да се нагласи и значењето на намалувањето на црвените меса и процесираните месни продукти.

Кај повозрасните, ефектот што овој модел го предвидува во однос на животниот век, исто така е значителен. Добрите промени во начинот на исхрана, кај лицата од 6-тата деценија, имаат потенцијал да им го продолжат животот за околу 8 години, додека за лицата во 8-мата декада од животот – 3-4 години.

Експертите од областа проценуваат дека овој модел може да биде исклучително корисна алатка за лекарите, но и за креирање на политики во однос на јавното здравје од страна на надлежните власти, односно на здравствениот систем.

Извор:

,,Estimating impact of food choices on life expectancy: A modeling study”, 8.02.2022, PLOS MEDICINE

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор