fbpx

Која храна со ЈАГЛЕХИДРАТИ е ПРЕПОРАЧЛИВА за лицата со ДИЈАБЕТ?

tonus

Постои одреден „мит“, односно заблуда дека јаглехидратите се целосно забранети, односно треба да се избегнуваат од лицата со дијабет. Но, факт е дека разновидната и балансирана исхрана не може да се замисли без јаглехидратите. Многу поважен е типот на јаглехидрати кои ги внесуваме и во кои намирници ќе ги најдеме здравите и корисни јаглехидрати. Во оваа статија ќе се задржиме на оваа тема – кој тип јаглехидрати се препорачливи за лицата со дијабет и во кои намирници ќе ги најдеме истите.

 

Дали се сите јаглехидрати исти?

Јаглехидратите се голема група на соединенија кои вклучуваат повеќе типови: прости (шеќери), сложени или комплексни (скроб) и растителни влакна.

Да започнеме од простите јаглехидрати – накратко кажано, прости јаглехидрати се шеќерите. Тие се делат на моносахариди (глукоза, фруктоза и галактоза) и дисахариди (белиот шеќер – сахароза, млечниот шеќер-лактоза и малтоза)

"“Online”/

Тие во храната може да бидат природно присутни или додадени. Како природно присутни тие се најдени во разни овошја, млеко и млечни производи, мед, одредени зеленчуци и сл. Кога се додадени во храната, ги среќаваме во слатките, колачите, торти, безалкохолни пијалоци, газираните сокови, сладоледот, кондиторските производи и сл. Токму ова се всушност најпроблематичните намирници и тип на храна за дијабетичарите.

 

Зошто се сложените јаглехидрати поздрави?

Сложените јаглехидрати, познати уште и како полисахариди, се комплексни молекули со сложени структури, изградени од бројни моносахиридни единици. Покрај полисахаридите, постојат и олигосахаридите кои се пократки и помалку сложени.

Ваквата посложена структура ги прави овие јаглехидрати помалку подложни на брза разградба во телото. Подолгата дигестија значи и континуиран, стабилен раст на шеќерот во крвта. Ова пак значи стабилно лачење на хормонот инсулин кој е одговорен за одржување на нивоата на шеќер во крвта. Се смета дека сложените јаглехидрати се бавен и континуиран извор на енергија, без нагли падови во нивоата на шеќер. Ваквата особина исто така ни дава и подолго чувство на ситост и помала потреба од повторно јадење.

Сепак и кај сложените јаглехидрати постојат разлики и некои се поздрави од останатите. Како најздрави се сметаат оние кои не се процесирани, односно  не се рафинирани. Полнозрнестите брашна (брашна добиени со мелење на цели зрна житарки) се одличен извор на вакви здрави јаглехидрати.

Растителните влакна или фибер исто така припаѓаат на групата на јаглехидрати. Сепак, иако припаѓаат во оваа група, растителните влакна се недигестибилни или несварливи за нашиот дигестивен систем, поради отсуството на соодветни ензими. Тие сепак се сметаат за нутриенти кои имаат низа на позитивни влијанија во организмот. Многу повеќе за нив може да прочитате во некоја од нашите претходни статии.

 

Која храна богата со јаглехидрати е препорачлива за лицата со дијабет?

Митот дека јаглехидратите се забранети за лицата со дијабет е целосно погрешен и дури штетен. Тие се неопходен дел од балансиранта исхрана и не треба во никој случај да се избегнуваат и целосно исклучуваат. Она што треба да се избегнува се простите шеќери и намирниците кои се богати со нив. Како такви ги сметаме: рафинираните житарки и брашна (пр. бел леб), брзата храна, кондиторските производи, слатките, сладоледот, соковите итн.

Наместо нив, фокусирајте се на употребата на: полнозрнестите житарки, зеленчуците, овошјето, мешунките, јаткастите плодови и во умерени количини – интегралниот леб и тестенини. Важно е да напоменеме дека постојат одредени зеленчуци и овошја кои може да бидат делумно проблематични. Имено, зеленчуците богати со скроб, како компирот, пченката и слаткиот компир треба да се консумираат умерено и поретко. Исто така, зрелите банани, сувото овошје, ананасот, лубеницата се примери за овошја кои имаат висок гликемиски индекс и треба да се консумираат во помали количини. Доколку сакате да прочитате повеќе на темата гликемиски индекс, кликнете тука.

[Поврзано: Зготвен, па изладен компир… СЕ ЈАДЕ ЛИ?]

За дијабетичарите, комбинацијата од растителни влакна, комплексни јаглехидрати, протеини и здрави масти се смета за идеална. Тоа би значело комбинирање на некој тип на полнозрнеста житарка или 100% интегрален леб, со некаков тип на мешунка, свеж зеленчук (најдобро како салата) и парче помалку масно месопилешко, мисиркино или риба.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор