fbpx

КАЛЦИУМОТ и витаминот Д заедно го одржуваат здравјето на КОСКИТЕ!

tonus

Денес ќе зборуваме за еден од најважните и најзастепните минерали во нашето тело – калциумот. Поконкретно, ќе зборуваме за поврзаноста меѓу калциумот и витаминот Д, особено во поглед на здравјето на коските.

 

Главните функции на калциумот во организмот

Калциумот игра клучна улога во многу процеси кои се одвиваат во организмот и е неопходен за нормалното функционирање на клетките. Пренесување на нервните сигнали, секреција на хормони, правилна коагулација на крвта, мускулни контракција и релаксација, се само дел од најзначајните функции на овој минерал. Знаeјќи го ова, логично е да се заклучи дека неговиот дефицит и те како може да биде проблематичен во однос на нарушување на споменатите физиолошки процеси и дека не е само остеопорозата она што треба да нé загрижува ако не внесуваме доволно калциум преку исхраната.

Недостатокот од калциум во организмот е дефиниран како хипокалцемија. Доколку не се препознае ваквата состојба, на долг рок таа може да води дури и кон животозагрозувачки состојби. Затоа е многу важно да се препознаат симптомите на хипокалцемијата и да се реагира. Долготрајниот дефицит може да предизвика проблеми со забите, катаракта, ментални нарушувања, остеопороза, односно многу кревки коски подложни на скршеници.

"“Online”/

 

Која е поврзаноста меѓу калциумот и витаминот Д?

Синергетската врска помеѓу калциумот и витаминот Д во здравјето на коските е фундаментална и добро документирана во научната литература. Калциумот служи како клучна структурна компонента на коскеното ткиво, обезбедувајќи јачина и цврстина. Сепак, без соодветни нивоа на витамин Д, апсорпцијата и искористувањето на калциумот се сериозно загрозени. Витаминот Д игра клучна улога во апсорпцијата на калциумот во цревата, преку регулација на експресијата на протеините кои го врзуваат калциумот и транспортерите на калциум во тенкото црево. Со други зборови, без соодветно ниво на витамин Д во организмот, калциумот од храната, недоволно и несоодветно се искористува, а и неговиот пат до коските е отежнат.

Дополнително, витаминот Д ја промовира реапсорпцијата на калциумот во бубрезите, што дополнително го подобрува задржувањето на калциумот во телото. Витаминот Д исто така ја регулира и минерализацијата на коските преку стимулирање на остеобластите – клетките за градење на коските кои произведуваат остеокалцин, протеин вклучен во процесот на минерализација. Покрај тоа, витаминот Д помага во одржување на оптималните нивоа на паратироиден хормон (PTH), кој пак го регулира нивото на калциум во крвта со мобилизирање на калциумот од коските кога внесот на храна е недоволен. 

Може да заклучиме дека комбинираното дејство на калциумот и витаминот Д обезбедува правилна и оптимална минерализација на коските, како и нивно одржување и зајакнување, што на крајот придонесува за целокупното здравје и го намалува ризикот од остеопороза и фрактури.

 

Калциумот е застапен во голем дел во производот Магнезиум Комплекс, за кој може повеќе да прочитате и да го нарачате со клик ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор