fbpx

Често Ве каснуваат комарци? СЛАТКАТА крв е причина?

tonus

Сезоната на летото е веќе започната што за најголемиот дел од нас е радосна вест. Како и да е, летниот период си има и свои маани, а веројатно ,,најдосадната” се комарците.

Знаеме дека каснувањето може да биде и доста опасна работа по нашето здравје, имајќи предвид дека комарците се преносители на различни патогени микроби. Сепак, во продолжение ќе се фокусираме на една тема која е доста интересна и честа –

Зошто комарците ,,преферираат” одредени луѓе пред сите останати?

"“Online”/

,,Слатка крв”

Неретко многумина за себе милуваат да кажат дека имаат слатка крв и дека заради тоа комарците ги преферираат пред другите луѓе. 

Сте размислувале ли дали ова е навистина така? 

Во продолжение повеќе на оваа тема, односно дали лицата со покачен шеќер претставуваат магнет за комарците?

Само женските единки трагаат по крвта

Можеби не сте знаеле, но не е во природата на сите комарци да ,,трагаат” по крвта. Тоа е одлика само на женските единки. Причината се нивните зголемени нутритивни потреби од протеини и маснотии во процесот на развивање на јајцата или новите генерации комарци.

Дали комарците сакаат шеќер?

Шеќерот или глукозата претставува основен нутриент во природата. Така, и комарците сакаат, односно имаат потреба од шеќер.

Овие инсекти имаат потреба од шеќерот за снабдување со енергија за своите телесни потреби. Дури, може да се каже дека тие се попривлечени од шеќерот, отколку од самата крв. Тој претставува неопходност за сите комарци, не само за женските единки.

Но, во исто време важно е да се каже дека комарците не го бараат ,,својот” шеќерот во крвта. За женските едински важни се неопходните нутриенти што претходно ги споменавме – ,,квалитетните” протеини и маснотиите.

Комарците своите потреби за шеќер ги задоволуваат во природата. Тие се во потрага по нектарот од цветовите на различните билки.

Дали комарците ги ,,преферираат” дијабетичарите пред останатите луѓе?

За ваквите тврдења не постојат релевантни научни податоци. Нашето ниво на шеќер во крвта не влијае на привлечноста на комарците кон нас.

Она што најмногу ги ,,интересира” комарците е концентрацијата на CO2, телесната темепература и специфичните мириси што ги создава нашето тело. Значи што поголемо испуштање на јаглероден диоксид и што повисока телесна температура, тоа сме попривлечни за комарците.

Веројатно ситуацијата е сосем обратна?

Не само што лицата со дијабет не ги привлекуваат комарците, туку постојат индикации дека тие се позаштитени од нив во однос на остатокот од населението.

Имено, одредени истражувања покажуваат дека дијабетичарите се побезбедни од комарците, бидејќи имаат тенденција да емитираат помалку CO2 поради пониската апсорпција на кислород и намалената циркулацијата заради заболувањето.

[Поврзано: Како до подобра контрола при дијабет?]

Како и да е, доколку примате инсулин, тоа би можело да делува на зголемена телесна температура, што пак би било фактор за почесто каснување од комарците.

Од друга страна, бремените жени емитираат поголеми количества CO2 и имаат поголема темепратура од вообичаено, па затоа се и поверојатен таргет за комарците.

Комарците се привлечени и од одредени специфични мириси

Одредени компоненти присутни во човековата кожа и потта, даваат специфични мириси кои се привлечни за комарците. Како попознати може да ги издвоиме млечната киселина (лактат) и амонијакот.

Науката се’ уште истражува зошто одредени мириси, за комарците се попривлечни од другите. Факторите што влијаат дефинитивно се нашата генетика, микробиомот на нашата кожата или нивната комбинација.

Како да си помогнете по убодот?

Некои убоди знаат да бидат доста непријатни. Што можете да направите се за го намалите чешањето и отокот?

  • Избегнувајте силно чешање.
  • Ставајте ладни облоги на местото.
  • Користете лосиони и креми за олеснување на чешањето.
  • Ако проблемите се поголеми, консултирајте со доктор за употреба на антихистамини.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор