fbpx

Вкусни ЛАЗАЊИ во ,,Чорба верзија”

tonus

Голем број луѓе го сакаат класичниот вкус на лазањата, но таа знае да биде навистина висококалорична и премногу заситувачка, а обилната количина сирење и месо, воопшто не ја прават некаков здрав избор за било кој оброк. Затоа, овој рецепт користи слични состојки како и лазањата, но во форма на чорба, што го прави одличен предлог за ручек за студените денови.

Секако, рецептот е и далеку понутритивен од оној за лазања кој често содржи високи количества на заситени масти и натриум, додека вредностите за разни микронутриенти се доста ниски.

Тестенините треба да бидат здрава храна. Дали и вие ги јадете погрешно?

1.Начинот на подготвување

Што подолго се подготвуваат макароните или шпагетите, толку скробот е пожелатинизиран, односно полесно ќе се апсорбира во нашата дигестија – крвниот шеќер полесно ќе се покачи. Дополнително, тоа ќе нè остави и гладни за кратко време, што ќе стимулира гојазност на подолг рок.

"“Online”/

Што е важно да знаеме?

Традиционалниот начин на варење на пастата, подразбира нејзино ,,ал денте” подготвување, односно кратко варење, пред да се интензивира омекнувањето. Значи, подготовката би траела далеку под 10 минути. Едноставно кажано, извадете ги макароните од водата пред да почнат да омекнуваат. Ал денте тестенините се ниту претврди, ниту меки.

Зошто е ова важно?

Телото многу лесно и брзо може да ја дигестира храната која е богата со  прости шеќери или има желатинизиран скроб. Целосно сварените тестенини се храна со речиси потполно желатинизиран скроб.

Редовното консумирање ваква храна (храна богата со рафинирани јаглехидрати, преварена паста и слично), особено во поголеми количества, има потенцијал да го зголеми ризикот од гојазност и дијабет. Кај лицата со веќе дијагностициран дијабет, таа може да направи сериозни проблеми со контролирањето на шеќерот, па дури и ако редовно и правилно се користи инсулин и други медикаменти за контролирање на дијабетот.

Колку што е помала вредноста на гликемискиот индекс, толку консумираната храна има помал импакт врз нивоата на шеќер во крвта.

  • 55 или помалку – низок или добар гликемиски индекс
  • 56-69 – среден
  • 70 или повеќе – висок гликемиски индекс,,Ал денте” подготвените тестенини според оваа табела, имаат низок гликемиски индекс – околу 50. Тоа е понизок ГИ дури и од овесната каша, на пример.

2.Внимавајте на комбинациите!

За многумина тестенините се омилена храна, но во своите лоши комбинации. На пример: макарони со многу сирење и кечап, со мајонез или со многу месо!

[Поврзано: Зошто доматен сос пред кечап?]

Италијанците традиционално, во своето секојдневние, тестенините ги јадат многу едноставно – само со неколку зачини, маслиново масло и можеби доматен сос.

[Поврзано: МАСЛИНОВО МАСЛО ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ!]

Во посебни прилики подготвуваат и специјалитети од паста со повеќе висококалорични додатоци, но и во тој случај, ваквите додатоци се користат како еден вид гарнир- на пример многу малку пармезан.

Додатоците кои често пати се додаваат на тестенините, имаат потенцијал дури и неколкукратно да ја зголемат калориската вредност на самиот оброк, па затоа бидете особено внимателни со што ги комбинирате вашите макарони/шпагети. Во продолжение, имате еден навистина здрав и корисен рецепт за болоњезе: БОЛОЊЕЗЕ тестенини, но со леќа! – РЕЦЕПТ

3.Внимавајте на порциите и јадете ,,свесно”!

Ниту со една храна не е добро да се претерува, а особено не со храна која има доста висок енергетски потенцијал (калории), како што се тестенините. Во само 100g паста (несварена) има над 360 калории. Toa e еднакво на нешто повеќе од 230g сварени макарони или нешто повеќе од една чинија. Тоа значи дека 2 чинии паста (без додатоците!) сигуно би ,,ве чинеле” повеќе од 500 калории.

За многумина, особено помеѓу најмалите, макароните/шпагетите се омилен оброк, па со ваквата храна неретко се претерува и се јаде доста често. Тоа е особено голем проблем доколку оброците се ,,надополнети” и со висококалорични додатоци.

Затоа, јадете свесно и со мерка, а на вашите деца ограничете им го внесот и зачестеноста на пастата.

Корисни совети во оваа насока: подготвувајте помалку, сервирајте помалку и во помали чинии, јадете свесно, немојте да дозволувате нешто да ви прави дистракција додека јадете…
Повеќе совети на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии: Едноставни и многу корисни совети за успешна контрола над порциите!

Чорба со лазања!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 супена лажица ладно цедено маслиново масло
  • 1 голем жолт или црвен кромид, ситно исецкан
  • 3 големи чешниња лук, ситно исецкани
  • 2 супени лажици доматна паста/сос
  • 1 кафена лажичка сушен босилек
  • 1 кафена лажичка сушено оригано
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн пипер
  • 1 конзерва сецкани домати (може да користите и 3-4 средни свежи домати, кои ќе ги исецкате ситно)
  • 6 шољи растителен бујон (околу 1,2 литри)
  • ⅓ чаша црвена леќа (50g), добро измиена и исплакната
  • 6-8 интегрални кори за лазања, издробени на крупни коцки
  • 3 шољи спанаќ (околу 150г)
  • неколку ливчиња свеж босилек (за служење)

Начин на подготовка:

  • Во големо тенџере, загрејте го маслиновото масло на средна топлина. Откако маслото ќе се загрее доволно, додајте го кромидот и мешајте 3-4 минути, додека не пушти арома и стане проѕирен.
  • Додадете ги лукот, пастата од домати, босилекот, ориганото, солта и биберот и сето тоа гответе го уште 2-3 минути. Потоа додадете ги сецканите домати, растителниот бујон и леќата и добро промешајте за убаво да се соединат состојките.
  • Додадете ги мелените домати, супата од зеленчук и црвената леќа и почекајте да зоврие, па зголемете ја топлината на средно висока и варете 10 минути, или додека леќата не омекне малку.
  • Искршете ги корите за лазања на парчиња од околу 5 см и додадете ги во тенџерето. Оставете ја супата да се готви уште 10-15 минути, или додека тестенините не станат „ал денте“, а леќата целосно омекне.
  • Во тенџерето на крај додадете го и спанаќот и оставете да овене, а потоа тргнете го тенџерето од оган, почекајте ја чорбата да се излади, па послужете со свеж босилек.
  • Овој рецепт прави 6 порции.

Нутритивна вредност
(на 1 порција):

Калории: 235 Јаглехидрати: 32g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 7g;  Протеини: 9g; Масти: 3g од кои заситени масти: 0.4g; Манган: 1.2 mg; Селен: 27µg; Железо: 2.5mg;

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор