fbpx

На кој начин МЕНОАКТИВ ги ублажува симптомите на МЕНОПАУЗА?

tonus

Хормоните играат клучна улога во одржувањето на рамнотежата и правилното функционирање на различните физиолошки процеси во човековото тело. Овие хемиски стимулатори се произведуваат од ендокриниот систем и се ослободуваат во крвта, каде што патуваат до целните органи и ткива за да регулираат и координираат широк опсег на функции. Поради ова, неопходно е нивното ниво да е урамнотежено и константно. Но, сепак постојат периоди во сечиј живот каде доаѓа до природни осцилации и промени во нивото на нашите хормони, а еден таков период кај жените е менопаузата. Поради ваквите промени, жените во менопауза често имаат и непријатни симптоми, а во продолжение ќе зборуваме за една позната, широко употребувана билка која има токму за цел да ги ублажи непријатните симптоми на менопаузата.

 

Зошто се појавуваат топлите бранови во менопаузата?

Според досегашните податоци, се смета дека топлите бранови се јавуваат како резултат на нарушувања во телесниот ,,систем за контрола на температурата”, контролиран од централниот нервен систем (ЦНС), кој пак е во нераскинлива врска со опиоидниот систем.

Така, сосема логично може да се заклучи опијатите можат да делуваат и да ја променат телесната температура, директно или индиректно. 

Интересно, но сосема впечатливи сличности постојат помеѓу непријатните симптоми на откажувањето од опијатите и топлите бранови во периодот на менопаузата.

"“Online”/

[Поврзано: Дали МЕНОПАУЗАТА може да го покачи нивото на ХОЛЕСТЕРОЛ?]

 

Зошто цимицифуга или позната и како „црн кохош“ е една од најупотребуваните билки за ублажување на симптомите на менопауза?

Црниот кохош или цимицифуга е хербален лек кој традиционално се користи за справување со симптомите на менопауза и често се промовира како природна алтернатива на терапијата со хормони. 

Цимицифугата е всушност екстракт од коренот на растението Actaea racemosa, и е често проучуван за неговите потенцијални ефекти врз симптомите на менопауза. Некои студии сугерираат дека одредени соединенија во оваа билка може да комуницираат со естрогенските рецептори, покажувајќи ефекти слични на естроген и потенцијално ублажувајќи ги симптомите како што се топлите бранови и ноќното потење. Сепак, механизмите и конзистентноста на овие ефекти не се целосно разбрани. Во една студија од 2018 година, 80 жени во менопауза добиле суплемент од оваа билка во период од 8 недели. Тие пријавиле ублажени симптоми на менопауза и подобрена благосостојба. 

Се смета дека црниот кохош содржи соединенија кои можат да имаат ефекти слични на естроген – т.н фитоестрогени. За време на менопаузата, нивото на естроген се намалува, што доведува до различни симптоми како што се топли бранови, ноќно потење и промени во расположението. Некои истражувања покажуваат дека соединенијата во црниот кохош може да се врзат за естрогенските рецептори во телото, обезбедувајќи благ естрогенски ефект и ублажувајќи одредени симптоми.

 

Продуктот МЕНОАКТИВ е целосно природен, стандардизиран екстракт од цимицифуга кој се користи за ублажување на непријатните симптоми на менопауза.

 

Многу повеќе информации, како и опција за нарачување на МЕНОАКТИВ може да најдете ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор