fbpx

Заменете го секојдневниот пилешки стек со два интересни рецепти со мисиркино месо

tonus

Мисиркиното месо се смета за едно од поздравите меса, особено споредено со некои други доста популарни и користени типови месо. Иако тоа не е толку популарно во нашата средина, тоа може да се најде низ маркетите во најразлични облици, како смрзнато или свежо. Па така, неговата примена е доста широка и со него може да се подготват безброј рецепти, бидејќи има доста неутрален, умерен и пријатен вкус. Оди одлично со свежи салати, но и со печени и динстани зеленчуци и паста.

Денес, издвојуваме два рецепти со мисиркино месо кои се здрави и релативно брзи и лесни за подготовка.

Нутритивен профил на мисиркиното месо

 

Овој тип месо има мала концентрација на маснотии и заситени маснотии и следствено – мала калориска вредност, особено ако се споредува со црвените меса, на пример. Од друга страна, мисиркиното месо е исклучително добар извор на квалитетни протеини, но и други микронутриенти, како селен, фосфор, рибофлавин и други витамини од Б групата, потоа железо, цинк, калиум итн.

"“Online”/

Во 100g печено мисиркино месо (гради) се содржат:

  • 115kcal

  • 24g протеини

  • 2g масти (70mg холестерол)

  • ~0g јаглехидрати

Евидентно е дека мисиркиното месо е ниско калорично, не содржи многу масти, а е одличен извор на протеини. Како што споменавме, во комбинација со свеж или подготвен зеленчук, мисиркиното месо дава комплетен и нутритивен оброк.

Доколку не го наоѓате мисиркиното месо во маркетите и месарниците, може да го замените со пилешкото месо за подготовка на рецептите.

Тава од мисиркино месо со зеленчуци

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 80 минути (околу 50 за печење) и истиот е доволен за 4 порции.

Потребни состојки:

  • 400-500g мелено мисиркино месо

  • 3-4 чешниња лук, ситно исецкани

  • Свежо или сушено оригано и рузмарин

  • Маслиново масло

  • Сол и мелен црн бибер

  • 1-2 главици кромид, исецкани на поголеми кругови

  • 1-2 свежи домати, исецкани

  • 1-2 тиквичи, исецкани

  • Малку фета сирење или урда

Начин на подготовка:

1 . На тавче со маслиново масло, пропржете го мисиркиното месо, околу 3-5 минути. Од тавчето извадете го мисиркиното месо и префрлете го во чинија.

2 . Во истото тавче каде беше динстано мисиркиното месо, додадете повторно маслиново масло и кога истото ќе се загрее додадете ги тиквичките и кромидот. Динстајте ги околу 3-4 минути, а потоа додадете го и мисиркиното месо и исецканите домати. Додадете и половина чаша вода, исецканиот лук и свежото оригано и рузмарин. Посолете и додадете бибер по желба. Доведете ја до вриење ваквата смеса.

3 . Потоа пропрскајте го фета сирењето или урдата врз смесата. Ставете го тавчето во рерна и печете околу 8-10 минути, на околу 200 степени. Сирењето треба да е растопено и да има кафеавкаста боја.

4 . Послужете дур е врело, со парче интегрален леб и свеж зеленчук по избор.

Кремаво мисиркино месо со паста

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни само околу 20 минути и истиот е доволен за 4 порции.

Потребни намирници:

  • Половина килограм мисиркини гради, исечени на средно крупни парчиња

  • Маслиново масло

  • Сол и мелен црн бибер

  • 1 главица кромид, ситно исецкана

  • 4 чешниња лук, исецкани ситно

  • 300-400g испечени црвени пиперки, ситно исецкани

  • 100g крем сирење

  • 500-600ml растителен или пилешки бујон

  • 100-150g спанаќ

  • 400g претходно сварени тестенини

Начин на подготовка:

  1. Во тавче со маслиново масло, ставете го мисиркиното месо. Зачинете со сол и бибер и динстајте го околу 3-4 минути на секоја страна. Префрлете го во друга чинија.

  2. Во истото тавче, додадете уште малку маслиново масло доколку е потребно, а потоа додадете го кромидот. Динстајте го неколку минути, а потоа додадете го лукот и печените пиперки. Зачинете и гответе околу 3-4 минути, а потоа додадете го крем сирењето и бујонот.

  3. Мешајте и гответе го сосот околу 10 минути, додека дел од течноста не испари.

  4. Потоа додадете го спанаќот во сосот и гответе додека истиот не омекне (околу 1-2 минути).

  5. Врз зготвените тестенини, ставете од подготвеното месо и прелијте со добра количина од сосот.

  6. Послужете со малку рендан пармезан.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор