fbpx

Се мешаат ли МЛЕЧНИ и МЕСНИ продукти, ОВОШЈЕ и JOГУРТ, МЛЕКО и ЖИТАРКИ…?

tonus

Три или четери часа по оброкот, телото мора да најде начин да ги апсорбира милионите молекули ,,една по една”. За оваа цел, во организмот организиран е специјализиран систем, наречен апсорптивен систем.

Најголемиот дел од апсорпцијата се одвива во тенкото црево. Тенкото црево има цевчеста форма, должина од oколу 3 метри и дијаметар од околу 2,5cm, но обезбедува површина за апсорпција што е еквивалентна на просторот на едно тениско игралиште. Кога молекулите, односно хранливите материи ќе остварат контакт со оваа површина, тие се апсорбираат и преку крвотокот се носат до црниот дроб и другите делови од телото.

Ресички и микроресички

Како тенкото црево успева да обезбеди толку голем простор за апсорпција? Површинскиот слој на цревото изгледа сосем мазен, но ако се гледа под микроскоп, лесно можат да се забележат испакнати творби, во вид на ресички.
Бројот на овие ресички е огромен, а доколку уште повеќе ,,зумираме”, на самите ресички се забележуваат и творби наречени микровили или микроресички (самите клетки).

Ресичките се во постојано движење. Секоја хранлива материја, којашто е доволно мала за да биде апсорбирана, се заробува од микроресичките и се внесува во клетката. 

"“Online”/

Важно е да се спомене и дека различни нутриенти се апсорбираат во различни делови од тенкото црево. Клетките на тенкото црево се специјализирани да апсорбираат различни нутриенти. Оние хранливи материи што најлесно се апсорбираат, се апсорбирани уште на самиот почеток на цревото. Останатите молекули се апсорбирани во понатамошните делови на тенкото црево, соодветно. Брзината со која храната минува низ цревото е фино балансирана, со цел максимизирање на нејзината достапност, односно оптимално задржување во соодветниот сегмент за апсорпција. Се работи за еден од најпрефинето дизајнираните органски системи во човековото тело.

Митот за ,,комбинирање на храни”

Некои диети препорачуваат да не се внесуваат одредени различни типови на храна заедно, бидејќи дигестивниот систем не може да се справи во исто време со нивните хранливи материи. Голем дел од ваквите диети дури сугерираат дека тоа може да ни го наруши и здравјето. На пример, дека не се комбинираат месо и овошки во ист оброк, или пак млечни и месни продукти. Промоторите на ,,комбинирачките диети’’ веруваат дека неправилните комбинации на храна можат да водат до дигестивен стрес, зголемено ниво на токсини, па и до некои поопасни заболувања. Спротивно, со ,,правилните” комбинации на храна, можат да се надминат овие проблеми и да се промовира здрав живот.

Идејата за комбинирање на храните се базира токму на овие тврдења. Станува збор за нелогичен пристап, кој силно ги потценува капацитетите на нашиот организам. Всушност, обратното е вистина: јадењето различна храна заедно, може да допринесе за полесна апсорпција на хранливите компоненти. На пример, храната богата со витамин Ц (овошјето и зеленчукот), значително ја зголемува апсорпцијата на железото (месото). 

Впрочем, секој тип на храна е самиот составен од најразлични компоненти и молекули, како протеини, јаглехидрати и масти. Иако значително помалку, во свежата храна, како овошје и зеленчук, покрај главните јаглехидрати, застапени се и протеините, па во одредени случаи и мастите. Гравот е богат со протеини, но и со сложени јаглехидрати. Месото со протеини и маснотии итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор