fbpx

ОСАМЕНОСТА може да биде и КОРИСНА – Кога е по сопствен избор!

tonus

Една интересна нова студија од Универзитетот Рединг, Шкотска се занимава со истражување на комплексната врска помеѓу осаменоста или времето поминато во осаменост и менталното здравје.

Истражувањето објавено во Scientific Reports ни открива дека времето поминато сами има свои предности, но и цена во однос на општата ментална благосостојба.

Научниците следеле 178 лица на возраст над 35 години во Британија и САД, во текот на 21 ден. Користејќи секојдневно водење дневници, тие одблизу го следеле времето поминато сам, во споредба со времето минато со други луѓе. Испитаниците секојдневно пополнувале и прашалници во врска со нивото на стрес, осаменост, чувството на автономност и општото задоволство од живеењето.

"“Online”/

Што велат добиените резултати?

Резултатите покажале дека не може да се каже дека постои оптимален баланс помеѓу осаменоста и времето минато во дружба. Во превод, не постои број на часови што треба да ги минеме сами или во дружба во целта да имаме оптимално ментално здравје. Сепак, утврдена била конекција помеѓу поминувањето на подолого време во осаменост и намалениот стрес, што сугерира дека осаменоста поседува смирувачки ефект.

Поминувањето повеќе часови во денот во осаменост научниците го поврзуваат и со повеќе слобода на избор. Од друга страна, луѓето што минувале поголем дел од денот сами, пријавиле зголемено чувство на осаменост и помало задоволство од живеењето.

Од истражувањето можеме да заклучиме дека осаменоста може да има и корисни, но истовремено и штетни ефекти врз нашата општа ментална благосостојба.

[Поврзано: Што претставува ментална благосостојба и зошто е важно да се одржува?]

Помалку стрес

Она што е важно да се нагласи е дека негативните ефекти на осаменоста биле значајно намалени или сосем надминати кај испитаниците што биле мотивирани да останат сами по свој избор. Кај нив не биле забележани зголемени чувства на осаменост и незадоволство од животот, а бенефитите на намален стрес останале.

Сите сме свесни како негативно се одразија присилените изолации во текот на пандемијата на секој од нас. Потребата од дружење со блиските, но и општо со луѓето од средината. Сепак, споменатата студија укажува дека осаменоста може да има и свои позитивни страни, односно дека осаменоста може да го намали стресот и да ни овозможи продолжени периоди во кои ќе се чувствуваме слободни да бидеме ,,свои”.

Студијата подвлекува дека минувањето време сами по свој избор, може да биде корисно и дека не постои некое универзално ниво на дружење или социјализација (време минато во дружење)  кое треба да се трудиме да го оствариме со цел подобро ментално здрајве, ако самите не чувствуваме потреба за тоа.

Извор:Balance between solitude and socializing: everyday solitude time both benefits and harms well-being” by Netta Weinstein et al. Scientific Reports

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор