fbpx

Зошто ШЕЌЕРИТЕ го зголемуваат ризикот за БУБРЕЖНИ КАМЧИЊА?

tonus

Простите шеќери се неизбежен Како еден од трите главни макронутриенти, јаглехидратите се неизбежен дел од сечија исхрана. Тие главно може да ги поделиме на прости и сложени, а за прости јаглехидрати ги сметаме шеќерите. Во оваа група секако се вбројува и белиот, обичен шеќер, кој секојдневно го користиме. За разлика од сложените јаглехидрати, како што е скробот, простите шеќери, односно најчесто застапениот – бел шеќер, се препорачува да се внесува што е можно помалку бидејќи истиот главно влијае негативно по здравјето. Денес ќе се задржиме на една можеби невообичаена последица од внесот на бел шеќер, а тоа е зголемениот ризик од формирање на бубрежни камчиња.

 

Што се случува во телото по внесување на храна богата со шеќер?

Уште на самиот почеток треба да се напомене дека под изразот шеќер подразбираме бел, рафиниран шеќер – сахароза. Иако изразот шеќери погрешно се асоцира и со некои останати соединенија, пр. скробот, тоа се всушност сложени јаглехидрати и во телото имаат различен ефект од оној на белиот шеќер. Просто кажано, сите шеќери се јаглехидрати, но сите јаглехидрати не се шеќери.

Сахарозата претставува шеќер, дисахарид, изграден од моносахаридите глукоза и фруктоза. Нашето тело има потреба од глукозата како извор на енергија, па така таа е корисна и неопходна за нас. Јаглехидратите и шеќерите внесени во телото се доведуваат до молекули на глукоза и таа потоа со помош на хормонот инсулин, навлегува во нашите клетки. Доколку е внесено умерено количество на шеќери, еден здрав организам може да произведе доволно инсулин и на тој начин да се транспортира шеќерот до клетките. Но, консумирањето на голема количина шеќери (особено доколку се прости шеќери како сахарозата) доведува до нагло и големо количество на создаден инсулин. Ова со текот на времето може да доведе до проблеми во количината која се создава и ефикасноста на овој хормон.

"“Online”/

Колку повеќе инсулин е испуштено во крвта, толку побрзо нивото на шеќер во крвта се стабилизира и ние всушност сме повторно гладни. Со внесот на нов оброк богат со шеќер, ваквиот циклус се повторува. Поради тоа, ваквите шеќери се асоцираат со покачување на тежината и се нутриент кој многу малку нè заситува.

 

Како внесот на прости шеќери го зголемува ризикот за камчиња во бубрезите?

Во едно ново истражување биле вклучени над 28.000 испитаници, на возраст над 20 години кои имале историја на појава на камења во бубрезите. Тие преку прашалници одговарале околу нивните навики за исхрана. Просечната возраст била 48 години. Биле земени предвид разни фактори како: возраст, пол, раса, BMI (body mass index), здравствена историја и сл.

Резултатите покажале дека колку бил поголем процентот на калории внесени преку додадени прости шеќери, толку била поголема и превеленцата на бубрежни камења. Испитаниците кои внесувале над 25% од дневните потреби за калории преку додадени прости шеќери имале за 88% поголем ризик за појава на бубрежни камчиња, наспроти оние испитаници кај кои простите шеќери учествувале со 5% од дневната потреба за калории.

За додадени шеќери ги сметаме оние кои се наоѓаат во кондиторските производи, пијалоци, слатки, сладолед и сл. Тука не ги сметаме простите шеќери кои се наоѓаат во растителните намирници, пример во овошјето.

 

Зошто внесот на прости шеќери треба да е минимален?

Еден механизам преку кои науката ги објаснува овие резултати е фактот дека зголемениот внес на шеќери се поврзува и со зголемено ниво на калциум во урината. Покрај тоа, прекумерен внес на додадени прости шеќери може да доведе до покачување на тежината, а со тоа и покачување на притисокот, како и појава на инсулинска резистенција и дијабет. Сето ова го зголемува ризикот за формирање на бубрежни камчиња. Поради тоа, се препорачува намален, контролиран внес на намирници богати со прости шеќери, па дури и нивно целосно елиминирање. Со покачување на тежината се зголемува ризикот и за покачување на холестеролот, триглицеридите, појава на метаболен синдром, прекумерни масни наслаги и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор