fbpx

Најчестата грешка која ја правиме веднаш по БУДЕЊЕТО!

tonus

   Помеѓу првите здрави навики ,,на удар” на модерното живеење е хигиената на сон или добрите навики за спиење. Причините можат да бидат различни, неможност за заспивање поради стрес и физичка неактивност, ментална премореност, неквалитетен сон итн.

Времето пред спиење поминато на било какви електронски уреди дополнително ја компликува ситуацијата. Сината светлина (вклучително и таа од уредите) е знак за будење на телото, односно за зголемување на свесноста и физичка подоготовка за денот што доаѓа. Таа претставува регулатор на нашиот циркадијален ритам или биолошкиот часовник.

[Поврзано: Телото се води од внатрешен часовник – пазете да не го нарушите]

"“Online”/

Сепак, продолжената изложеност на оваа светлина и тоа во доцните часови, кога на телото не му треба кортизол за подигнување на енергијата и свесноста, туку мелатонин за подобар сон, води кон различни проблеми со заспивањето и самото спиење.

[Поврзано: МЕЛАТОНИН – суплемент за спиење – Колку да се зема и кои се несаканите ефекти?]

Што значи соодветно будење според експертите?

       Добрите навики за спиење или т.н. хигиена на сонот подразбира лесно заспивање, квалитетен сон, но и соодветно будење. Што би значело последното? Правилно будење во кратки црти би значело неостанување продолжени периоди буден во кревет после будењето.

Според експертите на оваа тема, несоодветното будење може да води до проблеми со функционалноста во текот на целиот ден. Во смисла на физичка енергија, ментален фокус, мотивираност и слично.

Сите знаеме колку е убаво чувството да се остане во кревет по будењето. Сепак, ако останувањето подразбира продолжени периоди, притоа со затворени завеси и придружено со репетитивно ,,скролање” по телфонот, тогаш имаме проблем.

Важно е подолг период во денот да бидеме исправени на нозе

   Постојат невробиолошки истражувања што укажуваат дека кога сме исправени, всушност го стимулираме делот од мозокот наречен Locus Coeruleus, поврзан со зголемена будност и свесност. Кога лежиме имаме значително намалена будност и фокус. Сличното важи и за седењето особено кога седиме неправилно, односно ,,згрбавено”. Значи, намалената свесност и фокус се уште еден ризик помеѓу останатите од прекумерното седењето, што всушност е и еден од типичните ,,синоними” за модерното време. Во денешно време толку е типично да поминуваме време во седење, што практично се чувствуваме чудно кога сме исправени.

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? И веројатно е лошо колку и пушењето!]

Кои би биле советите за ,,правилно будење”?

Најпрво, важно е да воспоставиме рутина на редовно легнување во отприлика исто време (во интервал +/- од еден час). На тој начин ќе си обезбедиме и будење во слично време.

Многу е важно да се будиме со природна светлина, што би значело во периодот кога се будиме просторијата да биде доволно осветлена, односно да нема спуштени завеси и ролетни. Ова е важно заради соодветното лачење на кортизолот, кој ни помага да се разбудиме побрзо.

На крајот, најдобро е да станеме веднаш или неколку минути по будењето. Скролањето на социјалните мрежи после будењето, особено ако е долго, не’ прави значително помалку функционални и фокусирани во текот на денот, а оневозможува и доволна изложеност на светлина, што го прави будењето уште потешко.


[Поврзано: Се будите неколку минути пред да заѕвони алармот? Како е можно?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор