fbpx

Зошто ПРОСТИТЕ ШЕЌЕРИ се асоцираат со неизбежно ЗГОЛЕМУВАЊЕ на ТЕЖИНАТА?

tonus

Можеби најмногу од се, денешната, модерна исхрана содржи значително поголемо количество на јаглехидрати (шеќери) и масти, споредено со онаа до пред само 50 години. Особено простите шеќери се насекаде присутни и тие често одат рака под рака со процесираната храна. Сладоледи, слатки, кондиторски производи, сокови – се само дел од процесираните намирници каде ќе најдеме загрижувачко количество на додаден шеќер. Ваквиот тренд е впрочем и голем двигател на „пандемијата“ на обезност. Шеќерите се сметаат за сериозен виновник во покачување на телесната тежина, тренд кој нажалост станува само полош. Истражување на оваа тема има навистина многу, а денес ќе се задржиме на едно неодамнешно, кое покажува дека преминот од слатки кон овошје и житарки може да спречи покачување на тежината кај средновечната популација.

 

Што се случува во телото по внесување на храна богата со шеќер?

Уште на самиот почеток треба да се напомене дека под изразот шеќер подразбираме бел, рафиниран шеќер – сахароза. Иако изразот шеќери погрешно се асоцира и со некои останати соединенија, пр. скробот, тоа се всушност сложени јаглехидрати и во телото имаат различен ефект од оној на белиот шеќер. Просто кажано, сите шеќери се јаглехидрати, но не сите јаглехидратите се шеќери.

Сахарозата претставува шеќер, дисахарид, изграден од моносахаридите глукоза и фруктоза. На нашето тело му е потребна глукозата како извор на енергија, па така таа е корисна и неопходна за нас. Јаглехидратите и шеќерите внесени во телото се доведуваат до молекули на глукоза и таа потоа со помош на хормонот инсулин, навлегува во нашите клетки. Доколку е внесено умерено количество на шеќери, еден здрав организам може да произведе доволно инсулин и на тој начин да се транспортира шеќерот до клетките. Но, консумирањето на голема количина шеќери (особено доколку се прости шеќери како сахарозата) доведува до нагло и големо количество на создаден инсулин. Ова постепено ќе доведе до проблеми во создадената количина, но и ефикасноста на овој хормон.

"“Online”/

Исто така, со создавање и транспортирање на повеќе инсулин во крвта, нивото на шеќер побрзо се стабилизира и повторно се јавува чувство на глад. Ова е дел од причината зошто шеќерите се асоцираат со зголемување на телесната тежина. Тие не нудат долго чувство на ситост, какво што нудат протеините, влакната и сложените јаглехидрати. Од друга страна, шеќерите брзо се искористуваат од организмот и се претвораат во енергија, која ако моментално не е потребна, ќе се складира како масти во организмот.

 

Наместо прости шеќери и процесирана храна – полнозрнести житарки и овошје

Едно ново истражување анализирало податоци од над 130.000 мажи и жени на возраст под 65 години. При започнување на следењето, испитаниците немале здравствен проблем, а преку прашалници била одредена нивната исхрана, начин на живот и сл. Периодот на следење бил од 24 до 28 години, а на секои 2 или 4 години биле собирани нови податоци. Во просек, испитаниците на секои 4 години имале за 1,5kg поголема тежина, а по истекот на целиот период на следење нивната тежина, во просек била покачена за речиси 9 килограми.

Истражувањето покажало дека ваквото покачување било силно зависно од промени во исхраната, особено од гликемискиот индекс – мерка која покачува како одредена храна делува и со која брзина го покачува шеќерот во крвта. Шеќерите се асоцирале со поголемо покачување на тежината кај жените и кај оние со веќе покачена телесна тежина, бидејќи се смета дека тие влијаат и врз хормонскиот баланс.

Ваквите резултати ја нагласуваат важноста од внес на квалитетна храна, наспроти традиционалното броење на калории. Во случајов, самиот тип на храна бил клучен за покачување на тежината, без броење и анализирање на калориите. Едноставно кажано, простите шеќери и редовен внес на храна која е богата со нив доведува до лесно и речиси  загарантирано покачување на телесната тежина.

Замената на оваа храна со полнозрнести житарки, овошје и зеленчук кој не е богат со скроб, било утврдено дека најдобро ја одржува телесната тежина. Интересно е што скробниот зеленчук – како пченка и компир исто така се асоцира со умерено покачување на тежината доколку често се внесува, а особено во високо процесирана форма.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор