fbpx

БЕТА ГЛУКАНИ – Како редовното доручкување овес го намалува холестеролот во крвта?

tonus

Кардиоваскуларните болести се убедливо број еден причинител за смртноста во Македонија, но и во многу пошироки рамки. Оваа група  болести исто така има силен потенцијал да го наруши целокупниот квалитет на живот на  индивидуата.

 

[Поврзано: 4 симптоми што не смеат да бидат игнорирани – Срцев удар]

 

Затоа, покрај развивањето на нови поефикасни третмани на веќе дијагностицираните срцеви заболувања, многу е значајно да се обрне многу поголемо внимание на превенцијата и помошта со природни ,,лекарства”. Кога велиме превенција и природно лекување, пред сè се мисли на превенирање на нарушените параметри за срцево здравје и нивно природно третирање. Параметри како високи маснотии, холестерол, покачен притисок, гојазност итн. Според одредени статистики, дури 80% од сите кардиоваскуларни болести можат да бидат превенирани. Во огромна мера ваквата превенција би се должела на секојдневното практикување здрави навики.

"“Online”/

 

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за да имате здраво СРЦЕ!?]

 

Еден од неколкуте најзначајни елементи од споменатите здрави навики кога станува збор за срцето е начинот на исхрана. Хранејќи се со намирници што се нутритивни, богати со антиоксидативни материи, а во исто време не се со концентрирана калориска вредност, не само што си обезбедуваме подобро кардиоваскуларно, туку ќе се чувствуваме подобро и ќе бидеме комплетно поздрави.

 

[Поврзано: Нутритивно концентрирана храна – што е тоа?]

Во продолжение многу повеќе околу една житарка – овесот, односно околу една нејзина компонента што има потенцијал да го намали холестеролот во крвта – бета глукан.

 

[Поврзано: Зошто овесот се смета за апсолутен крал на доручеците?]

 


Што се всушност бета глуканите?

Постојано се зборува за корисните ефекти што ги имаат растителните влакна врз нашето здравје, а особено врз нашата дигестија. Ваквите влакна ги добиваме исклучиво јадејќи храна од растително потекло. Бета глуканите се всушност еден вид на растителни влакна. Имено, растителните влакна се делат на две групи: растворливи и нерастворливи.

Бета глуканите припаѓаат во групата на  растворливи влакна и се поврзани со низа здравствени бенефити. Растворливите влакна го добиле името бидејќи делумно се раствораат во вода во нашето тело.

Најмногу се застапени во намирници како: овес, јачмен, ‘рж, квасец, но и во и печурките (пр. буковката или шитаке).

Јачменот и овесот се сметаат за најдобрите извори на бета глукани. Бидејќи овесот често се консумира како појадок или се додава во рецепти, дури може и да се користи како брашно, тој е и всушност најдобар извор за овие влакна во нашата исхрана. Во 80g овес има околу 2g бета глукани.

[Поврзано: Едноставна, а извонредна напивка: ЈАЧМЕНОВА ВОДА! Зошто е толку здрава и како да ја направите самите во домашни услови?]

 

Сè повеќе податоци за поврзаноста помеѓу бета глуканите и намалувањето на холестеролот


Истражувачите од Манибота Универзитетот од Канада, извршиле анализирање на бројни студии во врска со ефектите на бета глуканот од овесот врз холестеролните нивоа. Вклучени биле истражувања во кои на редовна основа консумирани биле овесни снегулки, полнозрнест овес или пак нивни продукти, во времетраење од најмалку 2 недели. Станува збор за 22 студии, спроведувани во периодот од 1997 до 2010 година.

 

Најголемиот дел од студиите наоѓаат директна или индиректна поврзаност помеѓу бета глуканите и намалувањето на холестеролот во крвта. Утврдено било дека дневните ,,дози” од најмалку 3 грами, можат да ја намалат количината на LDL холестерол во крвната плазма за дури 5-10%. Споменатите 3 грами можат лесно да бидат внесени со редовното консумирање на овес и негови производи. На пример со еден поголем доручек и потоа крекери на база на овес.

Секако за намалувањето на холестеролот, како и за контролирањето на повеќето лајфстајл ризик-фактори за развој на срцеви болести, целокупниот начин на исхрана е клучен, а не само една определена намирница. Така, ако консумирате овес за доручек, мешунки за ручек и некоја здрава протеинска и храна богата со здрави маснотии, за очекување е подобрување на сите параметри, секако доколку ваквата исхрана ви премине во навика.

 

[Поврзано: Најважни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

 

Можен механизам на дејствување

 

Споменатиот ефект на намалување на холестеролот најверојатно се должи на тоа што бета глуканите во стомакот формираат вискозни, густи слоеви. Ваквата вискозна содржина ја спречува апсорпцијата на внесениот холестерол во крвта, но и реабсорпцијата на жолчната киселина, која претставува прекурсор за синтеза на холестерол во организмот. Како одговор на ваквата ситуација, телото го користи присутниот холестерол што циркулира во крвта за продуцирање на нови жолчни киселини.

 

Логично, намалената содржина на холестерол во дигестијата и поголемото негово искористување од циркулацијата,  води кон намалени вкупни нивоа на холестерол во организмот (крвта). Ваквата состојба лесно се утврдува преку правењето крвна слика.

 

[Поврзано: Што треба да знаете за да ги разберете основните параметри на вашата КРВНА СЛИКА?]

Ефективноста зависи и од начинот на комбинирање

 

Интересно, начинот на кој го комбинираме овесот во доручеците, има влијание во однос на ефективноста на бета глуканите, односно врз нивната способност да го намалат холестеролот.

 

[Поврзано: Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта – Што треба да знаете?]

 

Имено, кога овесот го додаваме во течна фаза, како млеко, растително млеко, вода или пак смути, неговите бета глукани имаат многу посилен ефект врз холестеролот, отколку ако овесот го јадеме во ,,сува варијанта”, како на пример овесни колачи, овесни крекери, сув овес со јатки и суво овошје и слично).

 

[Поврзано: Како да ја подготвите највкусната ЗЛАТНА ОВЕСНА КАША?]

 

Дополнително, ефективноста зависи и од молекуларната тежина и вискозноста на овесниот бета глукан, но тоа е една сосема нова тема.

Како да ги внесеме бета глуканите во нашата исхрана?

Како што веќе споменавме, бета глуканите се особено присутни во јачменот и овесот, како и во некои печурки (шитаке, буковка). Всушност речиси сите житарки, доколку ги употребуваме како цели зрна, ги содржат бета глуканите.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна]

Бидејќи овесот е особено богат со бета глукани, а притоа е евтина и достапна намирница, можеме да го практикуваме и користиме често.

Тој има безброј примени, како состојка во нашите појадоци, но и како состојка во колачи, торти, како брашно од овес и сл. Сепак, ако сакаме да имаме ефект во однос на холестеролот, односно да ги намалиме неговите нивоа, најдобро е овесните оброци да ни бидат течни.

Покрај бета глуканите, овесната каша е богата со бројни нутриенти и е супер нутритивна. Постојат исто така бројни полнозрнести брашна што го содржат јачменот и ‘ржот – исто така одлични извори на бета глукани.

Печрките особено кај нас присутните буковка, како и шитаке печурките се богати со овие влакна. Тие се исто така навистина хранливи, нудат бројни здравствени бенефити и се ниско калорични. Обидете се почесто да ги користите печурките како прилог или како главно јадење.

[Поврзано: Печурката која треба редовно да ја консумирате!]

 

За кои други аспекти од нашето здравје се корисни бета глуканите, прочитајте тука: БЕТА ГЛУКАНИ – 5 ефекти врз здравјето и како секој ден да ги внесувате доволно

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор