fbpx

Зошто РАСТИТЕЛНАТА ХРАНА дава најдобри резултати за СЛАБЕЕЊЕ?

tonus

Добро знаеме дека зголемената телесна тежина е еден сериозен и доста чест проблем на денешницата. Навидум можеби делува на проблем со едноставно решение, но сепак неговата појава и зачестеност претставува повеќе компонентен проблем со низа на различни фактори: социо-економски, генетски, разни фактори од средината, наши навики и сл. Меѓутоа, фактот дека исхраната е број еден виновник, но и лек за оваа состојба останува. Речиси сè започнува со навиките за исхрана, а кај лицата со прекумерна тежина, најголем дел од решението исто така лежи тука. Во тој контекст, денес ќе позборуваме за еден конкретен дел од исхраната – растителните намирници и како тие може да помогнат при регулирање на тежината.

 

Зошто треба да се фокусираме на зголемена употреба на растителните намирници?

Речиси нема здравствена препорака за здрава исхрана која не ги вклучува зеленчуците и овошјата, како и житарките и мешунките. Тие претставуваат одличен извор на бројни макро и микронутриенти, се релативно ниско калорични, содржат задоволително количество на растителни влакна и се богати со разни антиоксиданти и други фитохемикалии. Бидејќи постојат огромен број на опции за внесување на овошје и зеленчук, нивното често мешање и испробување нови комбинации доведува до внес на уште повеќе различни корисни нутриенти одеднаш. Разновидното внесување на овошје и зеленчук може да го снабди телото со сите потребни витамини и минерали, а може да допринесе и за значително задоволување на потребите за растителни влакна, јаглехидрати, понекогаш и протеини и сл.

Покрај овошјето и зеленчукот, останатите растителни намирници (мешунки, јатки, полнозрнести житарки, семиња) треба да се исто така, што почесто застапени во нашата исхрана. Јатките и семињата се особено добар извор на здрави маснотии, додека мешунките и житарките се богати со комплексни јаглехидрати, протеини и растителни влакна.

"“Online”/

 

Како растителната храна помага при слабеењето?

Веќе споменавме дека растителната храна и исхраната базирана на што повеќе растителни намирници нуди низа на придобивки, нешто што е далеку повеќе важно од фактот дека таа е корисна и при слабеењето. Но, доколку ја анализираме ваквата исхрана исклучиво преку нејзината способност и практичност при процесот на слабеење ќе увидиме веднаш дека таа е најлогичниот и најздрав избор за оваа намена. 

Ова се должи на повеќе различни фактори. Прво, растителните намирници се генерално ниско калорични, особено споредувајќи ги со месото, млечните производи, процесираната храна и сл. Секако, има растителни намирници кои се калорични, но сепак тие не се консумираат во толку големи количества. Тука спаѓаат семињата и нивните масла (пр. маслиновото и сончогледовото масло), како и јатките и нивните преработки – лешници, ореви, кикирики, бадеми и сл. 

Покрај нивната ниска калоричност, растителната храна е иделана за процесот на слабеење бидејќи е заситувачка. Доколку е подготвена во здрава форма, растителната храна е исклучително ниско калорична и нутритивна. Најверојатно секој од нас ја знае споредбата меѓу 100g чипс и 100g варен компир. Чипсот содржи над 500 калории, додека варениот компир има околу 100. Ова ја нагласува и важноста од правилно подготвување и одбирање на растителната храна, бидејќи не секој тип на растителна храна е здрав и корисен при слабеењето. 

Кога растителните намирници се користат како свежи, варени или печени тие претставуваат исклучително ниско калорични, а здрави опции. Поради нивниот богат состав со растителни влакна, сложени јаглехидрати и протеини тие допринесуваат кон ситост, за сметка на мал број калории. Како иделани намирници во овој поглед би ги издвоиле мешунките – леќата, гравот, боранијата, грашокот. Исто така житарките и зеленчуците богати со скроб се одлични опции. Но, секако се препорачува секој тип на растителна храна и клучот лежи во разновидноста. 

 

Сечиј пристап кон слабеењето треба да е индивидуален

Без разлика кој тип на исхрана ќе го употребите за намалување на телесната тежина, резултатите и искуството ќе бидат индивидуални. Ова би значело дека сечие искуство со намалување на телесната тежина е засебно и не постои следење на точно определни насоки. Но, научните докази се јасни и едногласни – растителната храна е најдобриот избор за намалување на вишокот килограми. Покрај тежината, таа влијае позитивно на речиси секој друг здравствен аспект – повеќе на оваа тема може да прочитате тука.

[Поврзано: ТРИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЗДРАВОТО СЛАБЕЕЊЕ!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор