fbpx

Истражување – Недоволниот сон кај студентите се поврзува со зголемен стрес и ризик од депресија

tonus

Квалитетниот и долг сон е нешто што е неопходно за одржување на нашето здравје и благосостојба. Нажалост, спиењето често се занемарува и неговата важност се потценува. Тоа редовно се „жртвува“ поради разни други обврски и задачи. Ваквата проблематика е особено позната и за помладата популација. Младите, особено студентите, често имаат недостаток од време за подготовка за некој испит или проект. Поради тоа, тие го жртвуваат спиењето, но таквата жртва си доаѓа и со сопствени ризици – дел од нив се и проблемите со менталното здравје.

Зошто е важен сонот за време на ноќта?

Проценките се дека приближно една третина од нашиот живот ќе го поминеме спиејќи. Тоа значи дека сонот е незаменлив и голем дел од нашиот живот, а тоа е така со причина. Во нашето тело постои внатрешен биолошки часовник или т.н циркадичен ритам. Ваквиот ритам претставува збир на физички и ментални промени, како и промени во однесувањето, кои го следат 24 – часовниот циклус на денот. Овие природни промени во телото главно се придвижувани од светлината, односно од денот и ноќта. При крајот на денот и почетокот на ноќта, телото започнува со лачење на хормонот мелатонин кој нè прави да се чувствуваме поспано и помага при одржување на ваквата поспаност низ целата ноќ.

Квалитетниот сон во текот на ноќта ни овозможува нормално функционирање наредниот ден, контрола на нашиот метаболизам и телесна тежина, добро расположение, го намалува ризикот за појава на разни заболувања и сл.

"“Online”/

Науката постојано потврдува дека голем дел од нашето здравје може да се поврзе со добриот сон. Во претходни статии ја имаме и дискутирано поврзаноста на сонот со нашето целокупно здравје и имуниот систем, телесната тежина, метаболизмот и сл.

Покрај ваквите ефекти, научниците ја истражуваат и поврзаноста меѓу спиењето и менталното здравје. Поточно, се истражува како недостатокот од квалитетен и доволен сон влијае врз менталното здравје. Како што споменавме, можеби и најпогодна група за ваквите истражувања се токму студентите – кои често имаат недоволен сон поради напорниот и стресен распоред кој им е наметнат.

Што покажува истражувањето?

Во ова истражување биле вклучени над 1000 редовни студенти. Целта било да се согледаат ефектите кои ги има лошиот квалитет на спиење особено во поглед на менталното здравје, но и прекумерната поспаност во текот на наредниот ден. Исто така, научниците сакале да утврдат колкав процент од студентите сметаат дека имаат неквалитетен и недоволен сон. Студентите преку прашалници биле замолени да ги оценат нивните нивоа на стрес, квалитет на спиење, состојба на ментално здравје, стрес,  чувство на поспаност и сл.

Резултатите покажале дека лош квалитет на спиење бил пријавен од мнозината студенти (над 65%), како и симптоми на прекумерна поспаност (55%). Интересно е што ваквите резултати биле пријавени повеќе од страна на студентките.

Исто така, прекумерната поспаност била поврзана и со умерено до високо ниво на стрес кое било пријавено од студентите. Силната изложеност на стрес го зголемила ризикот за лош квалитет на сон и прекумерна поспаност за над 3 пати. Инаку, се смета дека прекумерната поспаност во текот на денот е состојба која е присутна кај 10-20% од популацијата и истата може да биде прв индикатор за проблеми како спиечка апнеа или несоница. Повеќе за прекумерната поспаност може да прочитате на линкот подоле.

[Поврзано: Прекумерната поспаност не смее да се потценува!]

Од истражувањето може да заклучиме дека сонот е дел од нашето здравје и бројни фактори како стрес, анксиозност, обврски – може да го нарушат. Ова е особено проблем за студентите, па затоа и целта на истражувањето била да се согледаат ефектите кои ги има студирањето врз квалитетот на спиење, но и на менталното здравје кај нив. Студијата покажува дека ваквиот проблем со спиењето може да се рефлектира и врз појавата на симптоми на депресија кај студентите. Ризикот за депресија дополнително се зголемува кога ќе го земеме и стресот во предвид. Иако студијата била спроведена во Бразил, резултатите биле доста слични со студии кои биле спроведени во САД, Иран, Колумбија и други држави – што укажува дека проблемот е глобален и дека студентите треба повеќе да внимаваат на своето здравје, а најдобар почеток за тоа е преку подобра хигиена на спиење.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор