fbpx

Како влијае СТРЕСОТ врз КВАЛИТЕТОТ НА СПИЕЊЕТО?

tonus

Стресот, особено хроничниот, влијае на речиси секој аспект од здравјето. Веќе имаме зборувано за неговиот ефект врз притисокот, дијабетот, холестеролот итн. Денес, ќе зборуваме за неговото влијание врз квалитетот на спиењето.

 

Зошто се јавува стресот?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Стресот го зголемува пулсот, го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани.

Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

"“Online”/

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото.

 

Како влијае стресот врз спиењето?

Стресот, без разлика дали е моментален или хроничен, влијае значително врз квалитетот на спиењето.  Се смета дека стресот влијае врз „внатрешниот часовник“ и го нарушува циклусот на спиење. Поради тоа, периодот од денот кога треба веќе да се чувствуваме поспано е нарушен, па така заспивањето е отежнато. Дополнително, фазите на спиење (особено РЕМ фазата) исто така имаат намалено времетраење и квалитет. 

Најчесто стресот се асоцира и со прекумерно размислување, грижи и анксиозност. Овие фактори значително го отежнуваат заспивањето, но и самиот квалитет на спиење, а резултатите се недоволен и неквалитетен сон, па некогаш дури и несоница. Интересно е што недостатокот од сон самото тело го доживува како своевиден стрес, па така се засилува и активира одговорот на телото, односно создавањето на стрес хормонот кортизол, што пак дополнително го нагласува и влошува ваквкиот циклус. Со други зборови, стресот го попречува спиењето, а недоволното спиење го зголемува стресот. 

Од друга страна, квалитетниот сон може исклучително позитивно да делува врз стресот и нивото на кортизол. Но, за да имаме квалитетен сон, прво мора да се ослободиме од стресот и мислите, а тоа може да го постигнеме на повеќе начини:

  • Избегнувајте ги целосно или обидете се да ги намалите изворите на стрес
  • Практикувајте здрава и балансирана исхрана
  • Бидете редовно физички активни
  • Побарајте поддршка од најблиските
  • Уживајте во своето слободно време и искористете го за релаксација
  • Побарајте помош од стручно лице

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор