fbpx

Квалитетен СОН после ВЕЖБАЊЕ – клучно за градба на МУСКУЛИТЕ!

tonus

На нашиот блог ќе најдете огромен број на статии кои ја опишуваат важноста од редовен, квалитетен сон и како истиот се одразува врз нашето целокупно здравје. Денес, ќе зборуваме за една конкретна функција на сонот, односно за неговата неопходност при градење на мускулно ткиво, особено после вежбање. 

 

Како спиењето влијае врз вежбањето?

Улогата што ја има сонот врз физичката активност сè уште се истражува и воглавно истражувањата се фокусираат на споредба на зачестеноста на вежбање кај лицата со нарушувања на сонот и кај луѓе со здрави навики за спиење. Но, поголемиот број од овие истражувања покажале дека оние кои спијат помалце или кои имаат лош квалитет на сон, се и претежно помалку физички активни. Личните преференци имаат исто така делумен удел. Па така, луѓето кои порано се будат наутро е поверојатно да вежбаат во текот на денот, отколку луѓето кои спијат до подоцна или кои се активни повеќе во ноќните часови. Дополнително, некои студии покажуваат дека физичката активност може дури и да влијае на овие преференци и со текот на времето да влијае и да го промени нашиот циркаден ритам.

Се смета дека дури една ноќ со лош и недоволен сон, може да нè натера да го прескокнеме вежбањето. Тоа е и логично и очекувано, бидејќи недоволниот и неквалитетен сон значи и умор, поспаност и недостаток на енергија. Добрата хигиена на спиење брзо и очигледно се воочува и влијае  врз квалитетот и зачестеноста на физичката активност.

"“Online”/

 

Зошто е спиењето неопходно за градење на ново мускулно ткиво, особено после вежбање?

Спиењето игра клучна улога во градењето на ново мускулно ткиво, особено по напорни вежби. За време на спиењето, телото минува низ клучни процеси на поправка или репарација, кои се неопходни за обновување и раст на мускулите. Еден од клучните механизми преку кои спиењето го промовира растот на мускулите е ослободувањето на хормонот за раст (GH) за време на т.н „длабок сон“,. Длабокиот сон е фаза од спиењето која е клучна за обновувањето на ткивата, растот и функционирањето и зајакуванњето на имуниот систем. Хормонот за раст е од клучно значење за стимулирање на синтезата на мускулните протеини, процес со кој мускулното ткиво ги „поправа“ или „санира“ оштетувањата настанати при самото вежбање. Ваквиот принцип на „оштетување“ и санирање на штетата е всушност основниот принцип на создавање на ново и посилно мускулно ткиво. Овој процес на репарација е најизразен при спиењето и е од клучно значење. 

Со квалитетен и доволен сон, доаѓа и до зголемено надополнување на резервите на мускулниот гликоген (резервна форма на шеќер), обезбедувајќи доволно енергија за следните тренинзи и оптимално закрепнување на мускулите. 

Од друга страна, недостатокот од сон може да ја наруши хормоналната рамнотежа на телото, што доведува до намалени нивоа на тестостерон и хормонот за раст, два хормони кои се суштински за развој и поправка на мускулите. Недостатокот од сон, исто така, може да го зголеми нивото на кортизол, хормонот на стрес, кој може да го инхибира растот на мускулите. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор