fbpx

Како влијае СТРЕСОТ врз функцијата на ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

tonus

Нажалост, голем дел од популацијата, особено жените, имаат проблем со функцијата на тироидната жлезда. Постојат повеќе фактори за појава на оваа состојба, а дел од нив се: возраста, полот, генетиката, други автоимуни заболувања и сл. Меѓутоа и начинот на живот секако ќе влијае како дополнителен фактор, а еден значаен дел е и стресот. Тој е неизбежен дел од секојдневието, а често се потценува неговото влијание врз целокупното здравје. Поради тоа, во продолжение ќе зборуваме токму за влијанието на стресот врз здравјето, но и врз функцијата на тироидната жлезда

 

Зошто се јавува стресот?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Стресот го зголемува пулсот, го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани.

Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

"“Online”/

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото.

 

Како стресот влијае врз функцијата на тироидната жлезда?

Едно од најчестите заболувања на тироидната жлезда е Хашимотото. Тоа претставува автоимуно заболување каде телото ги напаѓа и уништува клетките на тироидната жлезда. Ова ја нарушува функцијата на жлездата и како резултат таа не создава доволно од потребните хормони, односно се јавува хипотироидизам. Стресот не се смета за причинител на оваа состојба, но може да ја влоши. Функцијата на тироидната жлезда е силно поврзана со надбубрежните жлезди. Овие жлезди при изложеност на стрес создаваат кортизол – т.н стрес хормон, кој има низа на различни ефекти во организмот. Стресот може дополнително да ја наруши функцијата на тироидната жлезда и метаболизмот уште повеќе да го забави. Ова пак влијае на повеќе други аспекти од здравјето – често доаѓа до покачување на тежината, а инсулинската резистенција и покачените нивоа на шеќер се исто така честа појава. Со други зборови, функцијата на тироидната жлезда зависи од повеќе фактори и хормони, а дел од нив се и стрес хормоните, меѓу кои и кортизолот. Исто така, се смета дека стресот може да ја наруши и конверзијата на тироидните хормони. Особено е лошо доколку стресот е доста изразен и трае долг временски период. Ваквиот хроничен стрес резултира со долгорочно нарушување на нивото на повеќе хормони, што навистина може негативно да влијае и на функцијата на тироидната жлезда. Кога стресот е долго присутен, се јавува и т.н хронична инфламација или хронично воспаление, а тоа е состојба која значително го зголемува ризикот за појава на разни автоимуни заболувања, како што е Хашимотото.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор