fbpx

Уште една студија за тоа колку е важен сонот!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Квалитетниот сон е многу повеќе од едноставно ,,рестартирање” на организмот, односно обновување на енергетските нивоа и степенот на концентрација, на секои 14 часови. Всушност, нашиот мозок менува повеќе состојби додека спиеме, во целта да ги ,,исчисти” токсините и метаболитичките нуспродукти кои ги оставила зад себе нервната активност во текот на денот.

Едно истражување дава навистина изненадувачки податоци

 

Едно неодамна спроведено анимално истражување покажува зачудувачки податоци според кои се гледа дека мозокот кој има хроничен недостаток од сон, искусува екстремно зголемена активност, но со негативни импликации.

Истражувачите откриле дека конзистентно нарушената навика за спиење предизвикува оштетување на значителен број невронски и синаптички конекции, кои за жал веројатно не би можеле да се ,,поправат” или повратат со подобрениот сон.

"“Online”/

Во 2017-тата година, тим невролози од Marche Polytehnic University од Италија, испитувале како мозокот на цицачите реагира на нарушени навики за спиење и откриле помалку бизарна сличност помеѓу добро одморените и глувците кои страдаат од недостаток на сон.

Што треба да знаеме пред да ги видиме резултатите на студијата?


Како сите останати клетки во организмот, така и невроните на мозокот постојано се ,,обновуваат” од два различни типа на т.н. глијални клетки – ќелии со помошна улога кои често се нарекуваат и ,,лепак на нервниот систем”.

Микроглијалните клетки се одговорни за чистењето или отстранувањето на старите и оштетени ќелии, преку процес наречен фагоцитоза – на грчки ,,јадење”.

Работата на астроцитите пак, е да ги пресекуваат непотребните синапси (конекции,врски) во мозокот и на тој начин да ја ,,рефрешираат” добрата вмреженост.

Знаеме дека овие процеси кои се одвиваат додека спиеме се неопходни и позитивни, односно се одговорни за ,,поправање” на невролошките оштетувања кои настануваат во текот на деновите и водат кон она што погоре го дефиниравме како ,,рестартирање” на организмот.

Споменатата студија открива дека ваквите процеси можат да се случуваат и додека сме будни, поточно кога имаме хроничен недостаток од сон!


За жал, тоа има негативни импликации


Тоа што ваквите процеси можат да се случуваат и додека сме будни, наместо да има дополнителен позитивен, се покажува дека напротив, има силно негативен ефект, кој дури може да биде и иреверзибилен (неповратен).

,,Тригерот” за одвивање на овие процеси додека сме будни е хронично нарушениот сон, а во ваков случај процесите водат кон претерано кратење на врските во нервната мрежа, по што доаѓа до значителни оштетувања.

Според водачот на групата истражување од оваа студија, Д-р Микеле Белези, нивниот тим за првпат докажал дека значителни количества синапси се буквално изедени од астроцитите, заради недостатокот од сон.


Како стигнале до овие резлутати?


За да го откријат ова, истражувачите ги снимале мозоците, односно нивната акитвност, кај 4 групи лабораториски глувци:

• прва група – глувчињата биле оставени да спијат 6-8 часови – значи добро одморена група.
• втора група – глувчиња со периодично нарушен сонот – спонтано биле будени.
• трета група – глувчињата биле држени будни уште дополнителни 8 часа – нарушен сон.
• четврта група – глувчињата биле оставени без сон дури 5 дена – хронично, тешко нарушување на сонот.

Koга истражувачите ги споредувале активностите на астроцитите помеѓу сите групи, ги идентификувале во 5,7% од синапсите на добро одморените глувчиња и во 7,3% од оние спонтано будените.

Во последните две групи, или оние со посериозно, хронично нарушен сон, тие забележале нешто поразлично. Имено, астроцитите ја имале зголемено својата активност до степен до кои всушност почнале да јадат дел од синапсите, на начин на кој што микроглијалните клетки го јадат метаболитичкиот отад. Процесот бил наречен астроцитична фагоцитоза.

Кај третата група, астроцитите биле пронајдени низ 8,4% од синапситен и во последната група во дури 13,5% од синапсите покажале астроцитна активност.

Најголемиот дел од синапсите кои биле ,,изедени” во последните две групи се оние најстарите и најголемите синапси. Ваквите синапси се и најкористените, па нивното отстранување би било добра работа, но кога истражувачите ја провериле активноста на микроглијалните клетки низ четирите групи, кај последните две групи утврдиле силно засилена активност.

Ова не е воопшто добро, бидејќи неконтролираната микроглијална активност се поврзува со ментални заболувања, како Алцхајмер и други форми на невродегенерација.

Краток заклучок


Многу прашања на оваа тема остануваа неодговорени, особено имајќи предвид дека споменатата студија и сличните на неа се правени на животни, а не на човекот.

Сепак, фактот дека Алцхајмерот и неговите компликации кои водат кон смртен исход се пораснати за над 50% од 1999-тата година, а во исто време сè поактуелна станува и  ,,борбата” за доволен сон в отекот на ноќта, дава доволни импликации дека можеби има директна конекција помеѓу сонот и низа ментални нарушувања.

Нешто повеќе околу важноста на спиењето, прочитајте во една од нашите претходни статии – Како да го подобрите сонот?

Извори:

https://www.sciencealert.com/

Fibro Gel

https://www.jneurosci.org/content/37/21/5263
 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X