fbpx

Како да си го направиме ПЕШАЧЕЊЕТО поинтересно и попривлечно?

tonus

Во низа претходни статии зборувавме околу корисните ефекти на наједноставното раздвижување – пешачењето. Од подобрено здравје на срцето, па сè до подобро расположение и слика за себеси.

[Поврзано: 5 изненадувачки придобивки од пешачењето!]

Зборувавме дека буквално секоја активност може да биде ,,најдобрата” за вас, но ние обрнуваме највеќе внимание на пешачењето поради 2 главни причини:

"“Online”/
  • Секој може да практикува пешачење, без разлика на годините и нивото на физичка подготвеност
  • Се работи за најлесната умерена физичка активност

Следствено на ова, лесно може да заклучиме дека пешачењето најлесно може да премине во навика. А ТРАЈНОСТА е од клучна важност.

[Поврзано: Пешачење за слабеење – Како и колку?]

Како да си го направиме пешачењето поинтересно и ,,поефективно”?

Како и кај секоја друга активност, така и кај пешачењето, постои опасност да стане на еден начин монотоно и помалку здодевно. Заради овие причини, во продолжение 10 едноставни работи кои можете да ги превземете за поинтересен ,,тренинг” и зацврстување на навиките за пешачење што веќе ги имате или постепено ги создавате.

[Поврзано: Придобивки од физичката активност!]

  1. Имајте подинамично загревање

Загревањето е важно за секој вид вежби, па така и за пешачењето. Пред да почнете со активност, направете ги наједноставните вежби за истегнување на секој дел од телото. По нив, можете да вклучите и вежби со сопствена тежина, како склекови и стомачни.

На самиот почеток од прошетката, имајте неколку интервали на брзо одење. Наместо тоа, можете да практикувате и неколку брзи искачувања по скалила, нагоре-надолу.

[Поврзано: 5 главни предности на вежбите со сопствена тежина?]

  1. Менувајте локации

Ако имате можност, барем еднаш во неделата менувајте ја локацијата за активност. На пример, еднаш неделно имајте прошетка во природа доколку постојано пешачењата ви се во градска средина.

  1. Пешачете со пријател или со најмалите

Пешачењето со блиска личност може да направи од активноста одлична забава и дружење. Во услови на пандемија, сите преферираме дружење надвор, па прошетката можеби е идеален избор кога сакаме да се  дружиме со најблиските што поретко ги гледаме.

[Поврзано: Физичка активност – 5 предности на вежбањето со партнер!]

Прошетките со дечињата пак, сигурно ќе ви бидат поинтересни, а дефитивно ќе потрошите и некоја калорија плус!

  1. ,,Играјте си” со интензитетот на движење

За поинтересна прошетка, но и доколку сакате да напредувате со физичката подготвеност, вклучете интервали со брзо одење или џогирање при самата активност. На почетокот нека бидат пократки, па постепено зголемувајте го времето посветено за нив.

Доколку примарната цел со пешачењето ви е губење килограми, зголемувањето на должината и на интензитетот на прошетките дефинитивно треба да ви биде помеѓу приоритетите. Овде важи правилото: Повеќе е подобро!

[Поврзано: Кој начин на ПЕШАЧЕЊЕ најбрзо ги СОГОРУВА мастите?]

  1. Слушајте некој подкаст, аудио книга или музика

Денес е време на подкасти со најразличните теми во кои може да се пронајде буквално секој. Ако сакате да бидете дополнително продуктивни, можете да слушате некој подкаст или аудио книга додека пешачите.

Пријатната музика секогаш може да ни биде мотив плус за подолга, па и поинтензивна прошетка. Сè што ви треба се слушалки.

  1. Активирајте ги и вашите раце

Движењето на рацете додека пешачите може да ви помогне во забрзувањето на одењето, а вежбите за истегнување на рацете се исто така одличен избор – и за трошење на повеќе калории, но и за справување со болките кои често се јавуваат во грбот, дури и кај помладите лица.

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да ВИ помогне!]

  1. Пешачете по нагорнини

Одењето на планина е одличен начин да се има различен вид на прошетка. Дополнително, ваквиот тип на тренинг додатно ги активира и зацврстува мускулите и секако троши повеќе калории.

  1. Поставувајте си цели и секако, наградувајте се по нивното остварување

На пример целта може да биде 10 000 чекори или 5 километри. Пред почетокот на неделата направете си план за дестинациите што сакате да ги поминете, нивната должина, па дури и времето на движење. Секоја наредна недела ,,надминувајте” се себеси барем за 1%.

  1. Симнете си апликација за пешачење

Апликацијата внимателно ќе го следи секој ваш чекор, по што ќе имате уредна статистика. Тоа може да ве мотивира да бидете поактивни, особено ако се земе предвид дека на самите апликации луѓето меѓусебно се поддржуваат и охрабруваат.

Претходно споменатите планирања можете да ги правите и на ваквите апликации.

  1. Набавете си миленик!

Дополнителната обврска што ќе ја имате да го шетате миленикот барем еднаш до двапати дневно, има потенцијал навистина да ви ја зацврсти навиката за пешачење.

Имено, постојат истражувања што велат дека сопствениците на миленик имаат поздраво срце токму заради тоа што се поактивни од просечноста!

[Поврзано: Сопствениците на куче имаат поздраво срце!]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор