fbpx

Топла есенска СУПА за ладното време кое ни дојде одеднаш :)

tonus

Есента веќе е тука, а со неа доаѓаат и сите нејзини вкусни и здрави сезонски овошја и зеленчуци. Бидејќи есента е, меѓу другото,  и сезона на тиквата, тоа значи дека треба да ја користиме во нашата кујна што е можно почесто. Поради нејзината ниска калоричност, а висока хранлива вредност, тиквата се смета за особено нутритивно сконцентрирана храна.

Таа е богат извор на витамини, посебно на витамин А, но и на Ц, Е и витаимините од Б групата, потоа на минерали, како бакар, железо, фосфор, цинк и особено значајниот калиум.

[Поврзано: Семки од тиква – грицкање без грижа на совест!]

"“Online”/

Покрај ова, тиквите се одличен антиоксидативен извор, пред сè на флавоноидните антиоксиданти. Заради исклучителната хранлива вредност, овој зеленчук се вбројува во редот на најздравите зеленчуци присутни на пазарите, особено на есен. Искористете ја максимално сезоната на вкусната тиква на почетокот на есента приготвувајќи ги најпознатите рецепти со неа.

Во продолжение, предлог-рецепт за топла супа/чорба од тиква со зачини. Извонреден здрав избор за стоплување на ладното време кое ни дојде некако одеднаш.

Супа од тиква

Ова е класична, лесна супа направена со свежа мускатна тиква која изобилува со здрави состојки и се готви за кратко време.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • една мускатна тиква од околу 1 килограм, излупена, исчистена и исечена на коцки од околу 4cm
  • 1 среден кромид, крупно исецкан
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • многу мало парче ѓумбир (околу 3см), ситно исецкан или изрендан
  • 750ml растителен бујон
  • 250ml вода
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер
  • ½ кафена лажичка куркума
  • свеж магдонос, ситно исецкан (за служење)

Начин на подготовка:

  • Исечете ја тиквата на големи резанки дебели околу 3 см. Секоја резанка излупете ја, извадете ги семките со лажица и исете парчиња од околу 4см.
  • Ставете ги тиквата, кромидот, лукот, ѓумбирот, бујонот, водата и зачините во тенџере – течноста треба да биде малку над нивото на тиквата. Оставете да зоврие, откриено, а потоа намалете ја топлината и оставете ја чорбата брзо да крчка додека не омекне тиквата (проверете со нож или вилушка) – околу 10 минути.
  • Тргнете го тенџерето од оган и користете рачен блендер за да изблендирате додека не добиете кремаста структура. Може да користите и блендер или процесор за храна, но мора да почекате супата добро да се излади за да не го оштетите блендерот.
  • Зачинете по вкус со морска сол и бибер.
  • Супата служете ја додека е топла во мали, длабоки садчиња, а одозгора наросете свеж магдонос.
  • Овој рецепт прави 4 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории:
125 Јаглехидрати: 31g од кои растителни влакна: 8.5g и шеќери: 7g;  Протеини: 3.5g; Масти: 0.4g од кои заситени масти: 0.1g; Витамин Б6: 0.4mg; Витамин A: 28 282 IU; Манган: 0.5mg; Калиум: 795mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор