fbpx

За сите љубители на ЛУКОТ – ТОУМ – Макало на ЛИБАНСКИ, медитерански начин!

tonus

Кога е лукот во прашање, луѓето во голема мера имаат поделени мислења – некои не можат да го поднесуваат мирисот и силната арома, други го обожуваат во секоја негова форма и облик

Ако сте во втората група, дефинитивно треба да го пробате либанскиот тоум сос! За првата група, ќе дадеме неколку совети како би можеле да го ,,пригушите” остриот вкус на лукот!

Многу повеќе околу најважните здравствени придобивки од јадењето лук, прочитајте тука.

"“Online”/

Лукот е неизбежна намирница во Медитеранскиот начин на исхрана

Тоумот претставува густ, кремаст сос од лук со потекло од Блискиот Исток. Покрај неизбежниот лук, за негово добивање се користат и масло (добро е маслото да биде што понеутрално, затоа не се користи ладно цедено маслиново масло), сок од лимон и малку сол и вода. Постојат голем број варијации на рецептот, но традиционалниот начин на подготовка на тоум не подразбира додавање мајонез. 

Тоумот можете лесно и брзо да го направите со помош на блендер и една важна техника што ќе ја откриеме подолу.

Додатоците на оброците, како намазите, сосовите, макалата, во огромна мера допринесуваат за извонредните искуства што ги имаме со храната. Но, за жал повеќето вакви сосови се премногу калорични и нездрави.

За среќа пак, медитеранската кујна има да ни понуди широка палета здрави сосови, токму како денешниот наш предлог-рецепт.

Во претходните статии, прочитајте како да направите и хумус, тахини, баба гануш.

Кремастата текстура и полниот вкус овозможуваат тоумот да биде погоден за користење на навистина бројни различни начини. Станува збор за сос кој има огромна популарност и е помеѓу најпродаваните низ Медитеранските ресторани. 

Тоум сос

Потребни намирници:

  • Околу 100g лук (околу 2 главици)
  • 2 лажички сол
  • 1 добро исцеден лимон
  • 1 чаша растително масло, најдобро сончогледово

Начин на подготовка:

  1. Добро излупете ги чешнињата лук, а потоа пресечете ги на половинки. 
  2. Ставете го исечканиот лук во процесор за храна и додајте ја солта. Пулсирајте со блендерот додека не добиете хомогена смеса. Потоа додајте малку од лимоновиот сок и повторно пулсирајте. Повторете ја последната постапка, но не го трошете целиот лимонов сок. Повремено отстранувајте го тоа што се нафатило на страните од блендерот.

  3. Ако има можност, многу внимателно и пополека додавајте од маслото додека работи процесорот. Доколку мора да запрете пред да додадете нешто во блендерот, додавајте по 2-3 лажички масло на секое повторување. Повремено отстранувајте го тоа што се нафатило на страните од блендерот. 
  4.  Кога ќе додадете половина од маслото, почнете да додавате и по 1 лажица од лимоновиот сок на секое застанување со блендерот. Важно е внимателно да го следите упатството поради тоа што текстурата на сосот зависи во огромна мера од успешноста на процесот на емулзификација.
  • Вака подготвениот рецепт можете да го чувате во фрижидер дури и до 4 недели!

Важни совети за подготовката:

  • Користете го најдобриот свеж лук што можете да го најдете.
  • Исечете ги чешнињата лук на половина и внимателно со ноже отстранете ги зеленките никулци што се наоѓаат по средината. Ова е опционо, но е важен потег за да ги отстраните евентуални горчливи вкусови на сосот.
  • Не пропуштајте да додадете од лимоновиот сок пред да почнете со додавањето масло.
  • Никако немојте да ги додавате течностите (лимоновиот сок и маслото) одеднаш. На тој начин ќе го уништите процесот на емулзификација кој е клучен кај овој рецепт!
  • Ако имате можност, користете процесор за храна што може да прима намирници додека работи.

Тоум (тоом) сосот може да се комбинира со најразлични јадења, а најдобро оди со печено пилешко или мисиркино месо, фалафел, со различни типови печена риба, потоа со печени зеленчуци, едноставна паста или пак наједноставно со пита лепчиња и салата!

Како да подготвите здрав фалафел, прочитајте тука.

Совети како да го ,,ублажите” остриот вкус на тоумот:

  •  Оставете го сосот неколку дена во фрижидер.
  • Ставете ги исечканите парценца лук со извадени никулци во студена вода, најмалку 30 минути пред да почнете да го подготвувате сосот. Внимавајте, многу е важно откако ќе го извадите лукот од водата добро да го исушите пред да го ставите во процесорот.
  • Додајте добро сварен компир и/или неколку лажици грчки јогурт во блендерот.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор