fbpx

Како влијае НЕДОСТАТОКОТ ОД СОН на ХОРМОНИТЕ?

tonus

Една од главните теми на нашиот блог е спиењето – основна човекова потреба која всушност влијае на секој можен аспект од здравјето. Денес, ќе се задржиме на комплексната поврзаност меѓу сонот и хормоните.

[Поврзано: Зошто е СПИЕЊЕТО особено важно во ТИНЕЈЏЕРСКИТЕ ГОДИНИ?]

 

Зошто е важен сонот за нашето здравје?

Проценките се дека приближно една третина од нашиот живот ќе го поминеме спиејќи. Тоа значи дека сонот е значителен, незаменлив дел од нашиот живот, а тоа е така со причина. Во нашето тело постои внатрешен биолошки часовник или т.н циркадичен или циркаден ритам. Ваквиот ритам претставува збир на физички и ментални промени, како и промени во однесувањето, кои го следат 24 – часовниот циклус на денот. Овие природни промени во телото главно се придвижувани од светлината, односно од денот и ноќта. При крајот на денот и почетокот на ноќта, телото започнува со лачење на хормонот мелатонин кој нè прави да се чувствуваме поспано и помага при одржување на ваквата поспаност низ целата ноќ. Спиењето е инаку период во кој се одвиваат огромен број на различни регенеративни процеси во организмот. Ткивата заздравуваат, мозокот ги обработува и складира новите информации, а се исфрлаат и сите штетнни, непосакувани продукти. Невроните комуницираат и се реорганизираат, со што се одржува здрава и оптимална функција на мозокот. За време на спиењето се репарираат и нашите мускулни ткива, се создаваат хормони и се обновува нивото на енергија.

"“Online”/

Квалитетниот сон во текот на ноќта ни овозможува нормално функционирање наредниот ден, контрола на нашиот метаболизам и телесна тежина, добро расположение, го намалува ризикот за појава на разни заболувања и сл.

 

Како влијае спиењето на хормоните?

Врската помеѓу спиењето и хормоналната рамнотежа е сложена и клучна за целокупното здравје. Спиењето игра фундаментална улога во регулирањето на нивото на хормоните низ телото, влијаејќи на процесите како што се: регулирањето на апетитот, метаболизмот, одговорот кон стрес, растот и репродуктивните функции. Еден клучен хормон кој е под влијание на спиењето е кортизолот, кој често се нарекува хормон на стрес. Соодветниот сон помага во одржување на здрави нивоа на кортизол, спречувајќи го прекумерното производство поврзано со хроничен стрес, што може да доведе до разни здравствени проблеми како што се зголемување на телесната тежина, нарушена функција на имуниот систем и влошено ментално здравје. Дополнително, недостатокот од сон го нарушува балансот на хормоните лептин и грелин, хормони одговорни за регулирање на ситоста и апетитот. Нивниот привремен дисбаланс може да доведе до прекумерен внес на храна, прејадување и покачување на тежината. 

Исто така, недоволното спиење може да го наруши и производството на хормонот за раст, кој е клучен за поправка на ткивата, раст на мускулите и целокупниот развој. Лошите навики на спиење, исто така, може да го попречат создавањето на хормоните како: тестостерон, естроген и прогестерон. Ова ќе влијае негативно и на либидото, плодноста и менструалните циклуси. Може да наброиме уште многу типови на зависност меѓу спиењето и хормоните. Евидентно е дека тие се силно зависни од нашите навики на спиење, па затоа од особена важност е да даваме приоритет и важност на квалитетен и редовен сон.

[Поврзано: Зошто ПОВОЗРАСНИТЕ често се жалат на ВЛОШЕНО СПИЕЊЕ?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор