fbpx

Два интересни и уникатни сосови за паста, ориз или сварени/печени зеленчуци!

tonus

Слатко-лут сос од кикирики

Потребни намирници:

  • 1 чашка несолени печени кикирики
  • ⅓ чаша вода
  • 2 чешниња лук, пасирани
  • 2 лажици соја сос
  • 2 лажички ладно цедено маслиново масло
  • 2 лажици јаворов сируп (или мед)
  • 2 лажички сок од лимон или лимета
  • 1 лажичка лут сос по избор
  • ½ чаша незасладено погусто кокосово млеко

Начин на подготовка:

  1. Комбинирајте ги сите намирници во блендер и блендирајте додека не добиете соодветна, кремаста смеса.
  2. Вака добиениот сос можете да го загреете пред сервирање, а може да се чува во фрижидер и нешто повеќе од една недела.

Кремаст сос од босилок и индиски ореви

Потребни намирници:

"“Online”/
  • 1 чашка непечени индиски ореви
  • 2 лажици ладно цедено маслиново масло
  • Половина главица црвен кромид, најситно исецкано
  • 1 чешне лук, добро испасирано
  • 1 чашка со свеж босилок
  • 1 лажичка брашно
  • 2 чашки растително млеко (од соја, бадем или ориз)
  • 2 лажички нутритивен квасец (можете да користите и рендано козјо сирење или пармезан)
  • ½ лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Потопете ги индиските ореви во доволно вода и оставете ги барем 2 часа да киснат. Најдобро е да ги оставите да киснат преку една ноќ.
  2. Загрејте една лажица од ладно цеденото маслиново масло во една помала тава, на средно висока температура. Потпржете го кромидот, заедно со лукот (некоја минута подоцна), неколку минути, додека не заруменат.
  3. Пропржената содржина оставете ја на страна, префрлајќи ја во подлабок сад.
  4. Употребувајќи го истиот сад за потпржување, во другата лажица маслиново масло пропржете го брашното околу 1 минута, а потоа постепено додавајте од растителното млеко. Постојано мешајте додека не добиете густа смеса (околу 5 минути).
  5. Помешајте ја добиената содржина со босилокот, индиските ореви, нутритивниот квасец и солта во блендер и блендирајте се’ додека не се добие кремаста смеса. Вратете ја изблендираната смеса во тавата и загрејте до средно-висока температура.

Овие сосови одлично може да се искомбинираат со различни типови на Ал денте интегрална паста, со различни типови потпечен или обарен зеленчук, сварен интегрален ориз или било кој тип на полнозрнести житарки…

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор