fbpx

Екстракт од кантарион – признат како антидепресив во Германија уште во 80-тите години

tonus

Кантарионот (Hypericum perforatum) претставува повеќегодишна тревна билка.  Има карактеристични и воочливи жолти цветови, кои се во својот врв во периодот од мај до септември.

Екстрактот од кантарион (хиперицин), инаку главна активна компонента во нашиот нов производ ОПТИМАКС, се смета за потентен хербален лек кој е официјално лиценциран како антидепресив во Германија уште од 1988-та година.

Германските лекари препишуваат повеќе од овој екстракт за потребите на луѓето со депресија, во споредба со било кој друг фармацевтски антидепресив. Зошто е ова случај?

"“Online”/

Докази од истражувањата

Бројни студии се спроведени за утврдување на најактивните компоненти на кантарионот. Најскорешните истражувања укажуваат на најмалку седум типови компоненти што можат да играат значајна улога во неговиот антидепресивен ефект.

На пример, новите истражувања покажуваат дека и одредени други соединенија, покрај хиперицинот, како што се хиперфорин и адхиперфоринот, се заслужни за бенефитите и дејството на екстрактот од кантарион. Се смета дека тие делуваат врз одредени рецептори во мозокот и на тој начин помагаат при регулирање и подобрување на расположението. Исто така, тие допринесуваат кон создавање на невротрансмитерисеротонин, допамин и норадреналин, соединенија заслужни за подобро расположение.

Иако тестирани се повеќе прочистени компоненти, целокупниот екстракт засега се смета за најефективен.

Во 2005 година, една мета-студија на повеќе спроведени студии во однос на кантарионот, утврдува дека неговиот екстракт е значително поефективен во однос на поблагата депресијата во споредба употребениот плацебо супститут.

[Поврзано: Депресијата не е само обична тага!]

 

Минимум несакани ефекти!

 

Истражувањата пак, што прават споредба помеѓу класичните фармацевтски антидепресиви и екстрактот од кантарион, утврдуваат слична ефективност.

Покрај моќната ефективност, од исклучителна важност е да се каже дека кај хиперикумот се утврдени далеку помали несакани ефекти во однос на било кој антидепресив!

Според проценките на СЗО, тешките облици на депресија се втората водечка причина за нарушување на квалитетот на животот во светски рамки.

 

Прв избор за ,,поблагите” облици на депресија

 

За жал, иако постојат позитивни податоци во однос на ефективноста на хиперицинот кај посериозните облици на депресивно нарушување, барем засега ваквата ефективност се смета за недоволна кај овие лица.

Важно е да се каже дека истражувањата спроведени во Германија имаат далеку попозитивни резултати во оваа насока, во спореба со студиите од другите земји. Ова веројатно е резултат на веќе традиционалната употреба на екстрактот од кантарион од страна на германските лекари, односно подобрата запознаеност и пошироката употреба.

Како и да е, слободно може да се заклучи дека хиперикумот треба да биде ,,првата линија на одбрана” при поблаги облици на депресија.

 

Бидете особено внимателни ако сте на некаква друга терапија

 

Кантарионот има навистина малку утврдени несакани ефекти при третирањето на поблаги, па и потешки облици на депресија. Сепак, утврдени се повеќе несакани интеракции помеѓу одредени лекарства и екстрактот од кантарион.

Бидејќи постојано се зголемува листата на лекови што во комбинација со хиперицинот можат да ни создадат различни несакани ефекти, ако користите лекарства пред редовната употреба на кантарионот задолжително консултирајте се со лекарот што ве следи.

Дополнително, ОПТИМАКСОТ не треба да го земаат трудници и жени што дојат.

 

Ефективноста на хиперикумот не е некаква алтернативна медицина

 

Екстрактот од кантарионот треба да ни послужи како пример дека често нарекуваните ,,хербални лекови” можат да бидат извонредна опција за третирање на одредени состојби во дадени услови.

Клинички испитувања со висок степен на квалитет потврдуваат дека едноставните екстракти од одредени билки можат да имаат силна ефективност во дадени ситуации.

Од друга страна, високата ефективност носи и одговорност. Бидејќи во одредена мера екстрактите од билките можат да се сметаат за ,,лекови”, однесувањето наспрема нив мора да биде внимателно и соодветно, особено ако имаме некаква ,,странична” дијагноза и користиме други лекарства.

ОПТИМАКС може да нарачате тука.

[Поврзано: ОПТИМАКС – природна доза оптимизам!]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор